МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 61 - ЗБУНЕТ

Go down

20111025

Пишување 

АФОРИЗМИ 61 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 61 - ЗБУНЕТ




Не очекувај добрина и ќе те изненади добрина, очекувај добрина и ќе те изненади колку луѓето умеат да бидат лоши.

Во подрум има влага и на многу им влагало.

Романтична вечера со три свеќи од кои двете се кратки, а едната е подолга и да се правиш дека е случајно додека таа се смешка.

Жените знаат се’ за нас, плус тоа што не го знаеме за нив.

Ако уште веднаш и’ понудиш авантура секоја ќе те одбие, ако уште веднаш и’ се понудиш за сериозно ќе те гледа како ненормален.

За да успее во животот треба да е упорен и самоуверен. Бегај подалеку од такви.

Како ќе знаеш дека добро си ја сочувал саканата? Ако изгледа помлада и луѓе претпоставуваат дека е со тебе заради пари.

Купив безжичен маус и не работи. Е затоа не го поднесувам тој виртуелен секс. Абе кабел си е кабел!

Зошто мажи како стареат се’ послабо гледаат од блиску? Затоа што од блиску се’ помалку нешто им се случува.

Нидено добро дело не остана неказнето затоа што е забрането, а нас не’ привлекува тоа што е забрането.

Ако некој те лула, не значи дека ти мисли добро, туку само да се опуштиш и да те преврти од лулашката кога ќе се опуштиш.

Кој те сака на глава не ти кака.

Кога темнината ќе го обвие твоето срце, кога потонуваш во сечиј заборав тоа значи дека работиш трета смена.

Искрениот пријател е како будилник за да стигнеш на време, а неискрениот ти вели дека можеш да поспиеш уште малку за да закасниш.

Елитните функции ги држат едни исти луѓе на кои се навикнавме до таа мера да им поверувавме дека се незаменливи.

Што е автоматска љубов? Да ти вика дека претеруваш со фаќање, а ти да не се сеќаваш дека штотуку тоа си го направил.

Кај нас во Немачка годишните примања се колку во Имачка месечните.

Поарно кажи нешто безобразно и може нешто ќе направите од колку само да молчите и ништо да не направите.

Не е важно дали си и’ прв, важно е да си и’ во центар.

Колку жени си посакал, а не си ги имал, уште толку пати ќе се реинкарнираш за да ги исполниш светите задачи.

Нема поголема навреда за машко ако женско му рече дека не знае да пере, готви, чисти, дека е неодговорен и неромантичен.

Правите мажи не плачат, се потат преку солзи.

Постојат два начина за стекнување неопходни пари. Да направиш обрт со тие кои ги имаш во ризик кој ќе ти го скрати животот или да се мачиш да исплатиш банковен кредит чија камата сигурно ќе ти го скрати животот.

Колку повеќе знаеш толку помалку зборови можат да те повредат затоа што знаеш повеќе од многумина знаејќи што треба да отфрлиш како глупост.

Толку сум мрзлив што ме мрзи да мрзам некого.

Не постојат добри и лоши луѓе, туку само здрави и нездрави.

Некогаш штркот донесуваше радост у фамилија, после поштарот, а сега трансакциска.

Се’ тече, се’ се менува. Каде ти било лошо ќе ти стане добро, каде ти било добро ќе ти стане лошо...

Кон кого животот многу немал милост, не се надевај многу дека од него ќе ја добиеш.

Ако некого некако имаш кој ти се допаѓа значи го имаш од него само тоа кое ти се допаѓа.

Ако некој е лош со некого, тој можеби нема да може да му врати, но ќе им врати на други замислувајќи го него.

Што е очекување? Грч исполнет со грешки.

Лесните жени носи ги на раце, потешките во срце.

Ако секој ден ти се радува и повторно го истражува твоето тело, можеби има склероза.

Што е виртуелна љубов? Лижење замислен сладолед.

Се говори за вистина, а се практикува лага. Безвредното се прикажува како вредно со богати бои, а вредното е сиво и безвредно. Значи чудата постојат.

Зошто ја викаат кисела вода? Оти често кога ја пијат прават кисели фаци.

Кој се плаши од неверство и е љубоморен? Тој кој е склон на такви работи и мисли дека и другите размислуваат како него.

Ако во автобус некој ти стане за да седнеш значи навистина си стар.

Сите сакаме пари, но не со работа затоа што знаеме колку се заработува со работа.

Штом трае повеќе од 15 минути тоа е веќе љубов.

Ако женско му рече на машко дека сака нешто да му каже нека не бидат тоа баналности затоа што се знае што сака машко да чуе.

Јас се поистоветувам со државата и замислувам дека бруто националниот доход е и мој.

Сега се модерни Кул фаци - намрштени, а Кул на нашки асоцира на К .. Значи фацата треба да личи на К . . за да биде модерна.

Според некои најнови измени во кривичниот законик - Крчење во сон, прдење и смрдливи чорапи ќе биле вброени во семејно насилство.

Можеш да наречеш нешто или некого како сакаш, но штом си кажал најчесто значи дека не си разбрал.

Ако ти е пријател не значи дека можеш да му прднеш или ждригнеш. Жена мора да те трпи, но пријател не мора.

Кого фатиш во лага не треба да му простиш затоа што не е баш паметен штом ти си го фатил.

Грмушката е симбол на љубов, кога е депилирана останува само гол брег на кој волкот завива.

Фали ја нејзината љубов ако не ти е доволна, ќе и’ годи и ќе се труди да ја задржи сликата која ја имаш створено за неа.

Прашај ја што немала и ќе знаеш дали си за неа според тоа кое го имаш.

Која молиш нема да ти се врати затоа што знае дека ќе зажали за тоа што се понижуваш ако се врати.

Ако е лута лигави се, ако е лигава ти пак лигави се, кога ќе замине тогаш биди маж и издржи да не се лигавиш додека дојде.

Ако го извадиш значи дека мораш да го употребиш, дури и кога вежбаш на само.

Често плукаат по комунизмот, но јас се сомневам дека ниеден од нив не го разбира туку повторуваат како папагали.

Аристотел спомена дека демократијата не е за прост народ затоа што...ќе биде ваква каква е сега.

Благослувај ги непријателите затоа што само тие можат од тебе да ги извлечат потенцијалите за кои не си свесен.

Што е за некои свечен ручек? Подготвен на скапа струја.

Атеистите се критички настроени кон лицемерноста на верниците и всушност се поголеми верници.

Во државна болница кај болен па и понижен, а на куче на улица бар ќе му остане гордоста.

Кој го има Господ во срцето не мора да оди во храм и за него свештеното лице само обичен човек необично облечен.

Нема поголем простак од оној кој многу зборови употребува и е често нејасен за нешто што може да се каже кратко и јасно.

Ти, која ми го скрши срцето! Знаеш ли со колку жени морав да спијам за да те преболам?!

Која навистина те цени и почитува, таа и ќе ти даде.

На суди само според задница за да не ти биде судено за брзоплетост.

Играта трае додека не е свршено помеѓу вас.

Ако употребуваш пантомима додека и’ се обраќаш треба да бидеш сигурен дека те разбрала што сакаш од неа.

Грешката кај Ромео беше затоа што не беше Рамбо.

Ако си со некоја пријател, правилно е да си бидете пријатели за мерак.

Ако некој те пофали, веднаш замини со некој итен изговор оти сигурно нешто ќе ти побара.

Ситничар е оној кој е склон на долга предигра.

Љубовта е голема и во тесна куќа не ја собира.

Постојат два типа на жени: Успешни и тие кои ни’ се жени.

Често женските на машките им велеа да не се тепаат и да ги пуштат затоа што се будали и да си идат да се бацуваат и галат...и така згасна револуционерниот дух.

Порано беше лицемерие, а сега бар си го покажавме своето вистинско лице.

За жените мажите се вакцина против осаменост која мораат често да ја примаат.

Добрите моменти постојат за да се сеќаваш и да ти помогнат да издржиш кога ќе те најдат лошите, а лошите моменти постојат за да те потсетат дека секој добар момент се плаќа.

Животот не е подарок и затоа чувај го затоа што татко ти и мајка ти се мачеле за да те направат.

Обично велиме дека има време кога ни’ се чини дека има време, надевајќи се дека проблемот времето ќе го реши, но обично не е така и мораме да ги засукаме ракавите.

После онадење нема каење, но ако нема онадење ќе има каење.

Како да ли се омрсиш, а да држиш диета?

Простувај, затоа што тоа се деца од неуспешни абортуси.

Не очекувај од мене лигавење на муабет, затоа што лигите ги чувам кога ќе те пробам.

Кога би бил диктатор на сите би им спровел тест за интелигенција и тие со помалите - Оп! Во резерват !
П. С. Ни мечката не е крива оти е мечка па си седи у резерват.

Наместо да биде поумен тој се самобендиса.

Најтешко се откриваат Коле и Лидија затоа што се чести имиња.

Кога по пат стомак те сече, тоа значи дека грмушка те влече.

Колку и да му е долг, животот сепак е краток.

Кој е посебен специјалитет спред таен рецепт? Слива со два копана.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот