МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 59 - ЗБУНЕТ

Go down

20110913

Пишување 

АФОРИЗМИ 59 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 59 - ЗБУНЕТ




Непростливо е ако мажот има шфалерка, но ако му оставила некретниа со готовина, жената би била многу сурова ако не му прости и го остави сам меѓу такви сериозни одговорности.

Ако имаш секс со пријателка и по таа непредвидена случка пак да си останете пријатели би знаело дека тоа е вистинско пријателство кое ништо не може да го разниша.

Ако погрешиш вината сподели ја со друг.

На луѓето им е поважно кој е, а потоа колку знае.

Ако бара да и’ простиш прво нека изеде три поголеми огин лути пиперки за бар малку да почувствува како си се чувствувал.

Која е најголемата тајна над тајните? Да пронајдеш “Не знаеш што е“ и не знаеш каде е.

Телиња само на златни телиња се поклонуваат. До толку само можат да разберат.

Не може животни да станат луѓе, но затоа луѓе лесно можат да станат животни.

Патот до љубовта е поплочен со интелигенција и несебичност, а не со просечност.

Не се за жалење мртвите туку живите без љубов.

Да не дрндаа толку мажите за сите ќе имаше.

Мажот има помал капацитет за искажување љубов и затоа жената треба немилосрдно да го тера да ја искажува за да го зголеми.

Не беше важна величина, но техничарите не се веќе на цена затоа што се неопхоподен минимум т.е. средното образование е задолжително.

Нема помило суштество од жена кога и’ се сака да биде мила.

Најстари зборови се: “Дај ми“ и “Сега ли најде?“.

На шфалерка не смее да и’ заборави роденден и подарок, но ако е сеуште во брак вниманието е поголема за да остане во фамилија.

Добар и слаб човек - го сакаат сожаливо. Силен и добар - го сакаат и почитуваат.

Ако долго живееш во страв, значи си силен штом можеш тоа да го издржиш.

Ако тешко се снаоѓаш како сиромав, си требало да се родиш како богат, но очигледно настанала некоја грешка.

Кога си несреќен те боли срцето, кога си среќан те боли подолу.

Каде има банани таму има и мајмуни.

Суштинската желба не згаснува и ако редовно се исполнува не обраснува.

Пази се, луѓето не сакаат интелигентни мајмуни, а тоа значи дека нема полошо од луѓето кои го негираат своето потекло.

Барајќи пат можеш да налеташ на гад кој ќе ти ствара јад.

Вонземјани се вмешани меѓу нас и тврдат дека заљубувањето е еднаш и засекогаш. Знаев дека нешто не е во ред!

На вистинска жена и’ треба маж, на вистински маж му треба пиво и далечинско.

Треба да бидеш искрен, но не до толку да завршиш во невоља.

Ако зависиш од расположението на тие околу тебе, не си ништо подобар од нив.

Дај му на оној кој заслужува, а не на тој што ти се допаѓа, затоа што најчесто не заслужува.

Среќниот стои затоа што не му се седи, додека другите седат и не им се станува.

Тој немаше кондури и кога виде човек без нозе, помисли дека и тој немал кондури и затоа можеби останал без нозе.

Среќата е во мали работи, но колку е можно подолго да биде долги.

Сомнежот те тера да работиш две, а понекогаш и три смени, а платата е иста.

Жените кои низ мојот живот минаа само кисела вода пиеа, оти се брзаа.

Кога помислувам на утре, помислувам и на тебе и затоа денес ќе биде по мое.

Жените умеат да бидат и мака, но без мака нема наука.

Се’ се може кога се сака...или кога си натеран.

Животот е составен од предизвици во облик на предавници.

Кога си добро расположен, уживај додека трае затоа што немаш појма како дошло и немаш појма до кога ќе трае.

Траумата почесто е изговор, од колку препрека.

Тие кои заби не поправаат не ги боцкаат комарци затоа што таков здив ни тие не можат да поднесат.

Љубена жена е само таа која е разбрана.

Нема политичар кој не е обратен затоа што едно збори, а друго прави.

Некогаш 20 год. ми изгледаа нешто долго, а сега ми изгледа се‘ пократко.

Некој живее аскетски според негов избор, на оној кому е наметнат личи дека живее скотски.

Мораме да веруваме во нешто заради што ќе умреме.

Постои начин да замолкнеш жена, но треба да го прифати.

Биди целосен и на дело и таа ќе те прифати безрезервно.

Пријателството пред се’ е забава и ќе си помогнете кога треба само за да и’ се вратите на забавата.

Кога не веруваат во тебе, тогаш си на раат да си веруваш на себе затоа што ако веруваат ќе те удават со очекувања од тебе.

Ако и’ даваш да те вози често ќе ти ја употребува рачната кочница и оти нема контрола ќе ти ја излиже.

Паметниот пишува и ретко кој го чита, но затоа во будалата сите гледаат и сите го памтат.

Прво и основно не се сите луѓе, само личат и основно имаат завршено само проформа, всушност имаат само прво оделение сфатено донекаде.

И во богати куќи често можеш да наидеш на беда и сиромаштија во нивните меѓусебни односи.

Колку и да сакаме да се сокриеме оставаме нешто зад себе затоа што некој несакајќи ќе го нагази.

Ако си со неа додека има и друг, значи на неа има негови делови од хемија која ќе ја вкусиш и ти.

Ако некоја ти се допаѓа, а таа не знае, не и’ кажувај - нека пати, а нема да знае зошто.

Ако нешто ти виси и те загрижува, не се срами да побараш помош.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот