АФОРИЗМИ 46 - ЗБУНЕТ
Страна 1 of 1
20110406
АФОРИЗМИ 46 - ЗБУНЕТ
(за повеќе кликни на насловот)
Искрената насмевка го бодри срцето , а неискрената боде во ребра.
На одредено време правиме по некој поголем гаф од кој се срамиме, а тоа се само сообраќајни казни заради пречекорување на брзината додека се движиме по нашиот пат.
Никој не те сака тажен, малку им е нивното тажење за ова или она па и твоето да го слушаат.
Ако имаш многу пари, ќе те сака заради парите, ако немаш...бар ќе си знаеш дека не те сака и дека е со тебе од што мора.
Љубов исполнета со уцени и закани е само перверзна игра во која едниот ги ствара правилата, а другиот треба да решава замрсени гатанки.
Денес е нов ден. Шанса за остварување на науменото или за апење газот за пропуштеното
Ако имаш повеќе расходи од приходи значи не ја кажуваш целата вистина.
Кај нас е честа појава интелектуалци да работат како физикалци. Работа ко работа, ќе се навикнат, но не можат да се навикнат на културниот шок при културолошката разлика во работната средина која ги опкружува.
Ако имаш жена која ти е погодена и уживаш со неа, а тек замисли како би ти било со две.
Ако на твојот партнер му мрда газот, можеби си претерал со прстот и можеби и до тебе е вината.
Твојата крутост само драга и љубезна личност може да ја омекне.
Сите почнуваме како серковци, ама ретко кој стигнува до светец.
Не прифаќај од секого покана за вечера, оти може да ти порасне меше.
Некој некого заебал, а ти си пријател со заебаниот и тој тебе ти се истресува затоа што е лут. Кога не би бил лут не би му текнало на тебе.
Судбината најчесто лупа шамари, па иди поверувај и’ кога те вика да те погали.
Среќата треба да ја споделиш со пријателот, но поарно немој, ако добро го знаеш каков е.
Имаме многу спортистки и затоа бараат спонзори.
Во цивилизираниот свет уметноста се смета за нешто возвишено, а кај нас се смета како изговор на некој кој не сака да работи.
Кога се разминуваш со женско гледај ја доле оти не е културно да зјапаш горе.
Се изготвува нов закон каде оние кои се во брак повеќе од 20 год. нема да се прифаќаат во суд како сведоци бидејќи не се повеќе при здрав разум и чиста совест.
Криминал е кога ќе украде од сиромав, а не од тој кој има премногу.
Законите се прават за богатите да се заштитат од сиромавите за да не можат да си го повратат тоа што им е украдено.
Читав дека жените имаат поширок периферен поглед што значи те гледа во очи и уште кој знае каде.
Јосип Броз Тито е доказ дека некои луѓе не треба да умрат, а сегашниве ни’ докажуваат дека не требале ни да се родат.
Жена е како соседна земја и во зависност е од вашите меѓусебни односи дали ќе побара или реагира на мешање во внатрешните работи.
Кој сака грав, сака и гулаби.
Најлошо е кога жена те гледа како Мона Лиза. Не знаеш дали ќе те тепа или ќе ти се џитне.
Сликата за тебе се создава според групен портрет каде најважното е твојот друштвен статус, колку поседуваш и кои ти се пријателите. Колку се повисоко на друштвеното скалило сликата има поживописни бои, колку се пониско е сива или црно бела.
Да бидеш претпоставен значи дека можеш да си дозволиш нервозите од дома да си ги донесеш и на работа и слободно да ги искажуваш во облик на предрасуда кон оние од кои немаш никаква приватна корист.
Приватниот самостоен сектор е далеку повеќе релаксирачки од тимската работа со кретени за некој дибек.
Што е менаџмент? Попречување на работните процеси со празни филозофии.
Љубовта може да се искаже и преку бројки. На пример најмалиот број мора да биде четвороцифрен секој 1 - ви во месецот за да имаш солидни односи исполнети со среќа и радост.
Конфучие прво бил цвеќар, а не знам зошто и Никола гинекологот го викаат Никола цвеќарот.
Ако најдеш пари на улица и не ги пријавиш во полиција никој нема да ти рече дека си алчен гад,туку дека си имал среќа, но ако го направиш спротивното сигурно ќе ти речат дека си глупав.
Мажите се обидуваат да ги навлечат жените за да им створат зависност.
Секоја револуција бара жртви. Никој нема да доживее промена во срцето и да го отстапи престолот кој ионака веќе го усрал.
Проблемот е тој што не можеш да си обезбедиш достојна егзистенција на чесен начин. Така намерно се поставени работите за луѓето криминалот да го третираат како нешто нормално.
За да третираш нешто како глупост треба прво да бидеш сигурен дека не си глуп.
Разговорот со партнерот е како телефонски импулс. Има различна тарифа во текот на денот.
Како гинеколозите користат ехо? Ќе викне и ако брзо се врати ехото значи има нешто внатре.
Како ја слушам владава како се фали се прашувам дали живееме во иста држава, може не живеам тука.
Кога е тажно и досадно, кога немаш никој свој, верувај во себе... дека не си таков кој го избегнуваат.
Не сметам дека се подобри од мене, па зошто тогаш да гласам за полоши од мене?
Кој сака тој и плаќа.
Мажите кои крчат при спиење се меѓу најверните затоа што тешко дека друга ќе го поднесе и мора да си ја чува таа која си ја има.
Ако толку многу ја сакаш, во секоја жена ќе ти се причинува твојата.
Љубовта е тесен ходник низ кој прво оди машкото, а потоа ги заменуваат местата, но разликата е во тоа што таа мора да се врти назад да види дали сеуште ја прати.
Не се плаши ако те чека многу работа. Помисли како ќе ти биде кога ќе свршиш.
Кога бев ученик, по некоја професорка ми беше скриена фантазија, а сега ми е фантазија пак да бидам ученик.
Ова некогаш беше моја математика. Ако се 4 женски на една нема да и’ се допаѓам, друга нема да ми се допаѓа, една ќе биде зафатена, значи една е моја.

Similar topics
» АФОРИЗМИ 61 - ЗБУНЕТ
» АФОРИЗМИ 6 - ЗБУНЕТ
» АФОРИЗМИ 21 - ЗБУНЕТ
» АФОРИЗМИ 33 - ЗБУНЕТ
» АФОРИЗМИ 48 - ЗБУНЕТ
» АФОРИЗМИ 6 - ЗБУНЕТ
» АФОРИЗМИ 21 - ЗБУНЕТ
» АФОРИЗМИ 33 - ЗБУНЕТ
» АФОРИЗМИ 48 - ЗБУНЕТ
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот