МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 18 - ЗБУНЕТ

Go down

20100710

Пишување 

АФОРИЗМИ 18 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 18 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Луѓето имаат добар секс се’ додека не почнат да бираат кревет.

Некогаш љубовта беше побитна од сите проблеми, а потоа и најмалиот проблем стана побитен од љубовта.

Ако некој ти го скрши срцето, не се грижи, лесно ќе најдеш друг, плава си.

Кога сум искрен ја гледам горе, кога не сум ја гледам доле.

Проблемите во животот се решаваат на решителен или проблематичен начин.

Имам фобија од фобичари оти знае да те заебе во критичен момент.

Се најадеш грав и легнеш во када. Ете ти ефтино џакузи.

Немам страв ако заминам од овој свет целосно и наеднаш. Имам страв ако заминувам дел по дел и полека.

Да имаш време значи да знаеш да го организираш, а како ќе знаеш кога има толку многу дезорганизацијски појави по патот по кој си тргнал.

Да бидеш папучар значи сурово да и’ ги одземеш сите права и да ја обезличиш.

Предрасуда е кога бираш кого ќе сакаш.

Првиот впечаток при првата поза одлучува дали ќе се впечатувате и понатака.

Карактер е кога го игнорираш нејзиното “ Не “ и навалуваш кога не ни’ место, ни’ време.

За да има долга и квалитетна врска жената треба да свати дека од мажот не може да прави другарка, а и другарките треба да ги пази од него.

Постои безусловна љубов во која што и да ти прави ќе трпиш, и љубов со усул во која ќе добие клоца во газ ако претерува.

Ако немаш со кого, а ти се сака, верувај и’ на својата рака.

Не верува во љубовта оној кој кој ќе падне и замине, верува оној кој ќе стане и остане.

Тажно е да се гледа кога љубовта преоѓа во омраза, но кога од омраза преоѓа во љубов, тоа е чудо.

Растурам по куќи исто како да сум мајстор.
Шифра : Растурикуќа.

Цел живот се плашев да не бидам овој кој сум сега и сега веќе немам од што да се плашам.

Кој учи кука, кој штеди досаден е.

Кога си нревозен те боли глава кога си среќен те боли на друго место.

Кога бев мал имав ваков чатал Y, со ластик, но сега го сакам без ластик.

Предрасуда е кога уште не стигнат до ВЦ ме опоменува да го подигнам капакот од шољата.

Мојата сакана секогаш ме опоменува ако претерам со првиот впечаток.

Кога би ги изгубил сите нагони ќе си останев оној кој го засака.

Колку подолу ме пипа се’ повеќе се смеам, на пример многу ме скокотка на стопалата.

Културен и неприроден сум со оние кои не ги сакам.

Нашата вредност е колку нашата верност.

Ние сме Голијати, а времето е Давид кој не мава со камчиња додека да паднеме.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот