МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 64 - ЗБУНЕТ

Go down

20120122

Пишување 

АФОРИЗМИ 64 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 64 - ЗБУНЕТ




Кога се нема доверба во љубовта се сведува само на рецка.

Прво беа само тој и таа, но потоа дојдоа обврските и ги разбркаа.

Дали повеќе се молат во црква или на жена да им исполни желба?

Кога бара од тебе нешто што знае дека не можеш, тоа е само будала која си зема за право да те заебава.

Често велат дека им недостасува љубов, а всушност на голем број им треба лечење на психијатар.

Тивок е звукот на јајца кога се спремаат, но кога е со љубов тогаш се камбани.

Не се важни Целзјусови степени, ако одговараат сантими.

Не ни’ е крив никој ако не’ заебава секој. Но секој од нас е крив затоа што секој стана некој.

Од нано технологија ние имаме само чај од нане.

Најжестоки се кавгите околу непостоечки проблем затоа што тогаш е борба на суети.

Знаејќи или не, ти си некому желба кој сака да те исполни или да ја исполниш.

Сеуште жените ги сметаме за светици - маченички и затоа ни’ е чудно кога некоја прави испади.

Во светот на слепите едноокиот е крал, но сепак ќе го повлечат во кал.

Животот цело време ни’ прави смешки, но ние очигледно дека немаме доволно голем смисол за хумор.

Од многу смеење боли стомак што дури можеш и да се помочаш, па затоа е створена грижата за да се менуваат за да не оптоварува само едниот дел од телото т.е. и глава да те заболи малку.

Од многу смеење жените имаат потреба од кревање нозе заради полесен проток на енергија.

Што значи понуда за пријателство од машко кон женско? „ Ај може оваа ќе даде“.

Моето срце е твојот дом, можеби нема луксузен намештај, но бар секогаш сум со тебе.

Пред да се сомневаш посомневај се дали секоја сомнеж е оправдана или е само неоправдан љубовен изостанок.

Ако не си го следиш своето срце и не си го слушаш разумот тоа е затоа што си во затвор или живееш во некоја банана држава.

Не е за женско да се качува на покрив, туку на поправ.

Некогаш филозофираа филозофи, сега повеќе се фолиранти.

Загрижени за иднината, со чувство на вина заради минатото доведува до глупа сегашна состојба.

Повремено ни’ се случува баш тоа што не сакаме. Значи понекогаш ако сакаш нешто да ти се случи, треба да не сакаш да ти се случи.

Ако заедно се лизнете, важно е тогаш и да се подржувате.

Не ми е тешко да поминам и илјада милји затоа што на крајот знам дека ќе свршам во твојата прегратка.

Ако е некој радознал, не значи дека на секој треба да му го правиш тоа што им се прави на радознали.

Ако појдеш од фактот дека секој авторитет лаже, не можеш никогаш да бидеш заведен.

Човекот не е најголемиот цицач, ама е најмераклија.

Тоа кое го чувствуваме за уличните кучиња со кои се разминуваме, тоа го чувствуваат и тие кои имаат кога се разминуваат со тие кои немаат.

Колку сака нека трае, ама еднаш не е два пати.

Вистинска слобода на духот подразбира и слобода на џебот.

Кога ќе те прегрне саканата се чувствуваш посебно, макар и со нозе те прегрнала.

Предрасуда е кога таа мисли дека само на тоа мислиш, а ти можеби мислиш и на нешто друго.

Настојувај да бидеш фин...или бар тоа што подразбираш под “фин“.

Каде има дим од женски парфем, таму има и оган.

Бори се додека не ја обориш.

Ако си слободен биди со слободна, ако си зафатен со зафатена затоа што инаку тешко дека ќе се разберете.

Лагата го изедначува лажгото со лајната.

Најтешко се простува нешто што не си направил, а можеш со мал напор да го направиш. Иди па докажи дека не си како другите кои би биле на твое место.

Дадена душа значи љубов, спонзорство значи продадена.

Зад добар коњ прашина се крева, зад добар човек ни тревка не се свиткува.

Нискиот стандард е резултат на ниската свест кај нас, а пари има.

Некогаш само ти иде да дадеш, но многу зависи кој ќе налета тогаш, во ситуација на намалена способност за проценка.

Колената на жената се капија и тука треба прво да чукне и тоа со нешто дрвено.

Постојат ситуации кога нешто од внатре ни’ вели „ Ти одмарај, а од тука јас ќе превземам“, ама обично не се сеќаваме на гласот и после се чудиме што сме направиле.

Ако се сакате, а не би требало, тогаш не би требало никој друг и да знае.

Кој ждрига на пиење тој и прди на јадење.

Тоа кое не ти се допаѓа тамани, тоа кое ти се допаѓа намами.

Додека го имаш клучот од нејзиното срце каде и да одиш можеш да се вратиш, ама ако отидеш предалеку, ќе ја смени бравата.

Кога женско гледа згодно машко може да си помисли: „ Може да падне секс, ама не мора“. А кога машко гледа згодно женско си вели: „ Ако може тогаш мора“.

Познавањето на основите на кошарката е од корист и во секојдневниот живот. На пример ако се користи чучавец во ВЦ и лесно ќе му биде да постигне табла - кош, затоа што ако го закуца без коски ќе биде прснат како казна за непознавање на правилата на игра.

На што најчесто се сведува нечија фантазија? Ако е нечија и затоа е фантазија.

За добро расположение кај жените многу помага млеко од прав.

Џабе ти е некого ако сакаш, ако тоа го покажуваш на чуден начин.

Ако таа те обвинува дека си лош, а тебе не ти е јасно зошто, тоа е затоа што ти ги калеми и гревовите од твојот претходник.

Си мислела на мене? Сигурно пак ти имам нешто згрешено.

Кога ти требаат тие кои се тука кога не ти требаат, не ги барај затоа што нема да ги најдеш кога ќе ти требаат.

Ако ја мачкаш многу може да се претвори во мачка.

Без тебе сум мал и доле, со тебе сум голем и горе.

Кога врне носи чадор, кога грми конзумирај коприва.

Кога се сликаат група, женските треба да бидат напред, а машките да им бидат од позади за да се обезбеди сигурна насмевка.

Кој знае дека немаш избор, се поставува како единствен избор. Ти се чини си наишол на разбирање се’ додека не почнат уцените.

Ако и’ праќаш пољупче, а таа ти го покаже средниот прст, значи така го фаќа пољупчето.

Жената е како книга од билиотека - имаш рок за враќање од 15 дена и кој рок може да се продолжи само два пати во спротивно ќе ја платиш колку чини во книжара и ќе ти остане во трајна сопственост.

Кога може да се мрси, жените ги спремаат пиците.

Неправедно обвинет, тоа ја одржува твојата чистина, во спротивно ќе бидеш сомнителен.

И валкан образ времето го пере.

Што и’ да направиме простено ќе ни’ биде...ако од тоа спечалиме.

Највалканите секојдневно ги гледаме на ТВ и ни’ изгледаат најчисто.

Кога ќе погледнеш назад станува напред. Кој правец да го фатиш?

Невиноста и наивноста заедно одат, но бргу се разделуваат.

Сега е поважно да имаш добро тело од колку да си јак на дело.

Зошто се нарекува газирана вода? Затоа што се појавуваат меурчиња исто како кога се прди под вода.

Не се однесувај како жаба или глушец по природа затоа што опшетството ги користи за секцирање и експерменти.

Светот нуди неограничено ограничени можности.

Секогаш гледај да оставиш впечаток како да си и’ прв пат.

Избриши ветувања, верувај само на тоа кое го држиш во рака.

Дека ти ѕвони пријател по телефон се познава по тоа што ти ѕвони кога јадеш, спиеш или правиш нешто друго.

Во прво време сака да и’ симнуваш ѕвезди, арно ама после ќе бара и галаксии.

Кој очекува чудо, значи си го бара.

Не знам да цртам, ама знам ...

Од далеку изгледа така, но од блиску може да дознаеш дека било кака.

Слабите ми велат дека сакам крупни, крупните ми велат дека сакам слаби, црните ми велат дека сакам плави, плавите ми велат дека сакам црни. Како и да е, би одговорил дека сите се во право.

Патетика е кога немаш оргинал Адидас патики.

Секое женско се смее кога и’ се збори безобразно. Нерасположено женско само така се расположува затоа што „ Глава горе, бла, бла, на животот ти радуј се, дрн, дрн“ е исто како да и’ ја буткаш главата под вода на некоја што се дави.

Сите во еден глас, за да покриете газ.

Само ситни души знаат ситни проблеми да ги направат големи обидувајќи се да си дадат значај.

Не се труди да те засакаат затоа што тие кои веќе те сакаат ја докажуваат твојата вредност.

Ако веќе на цигарите има слики од мртовци и распаднати органи, зошто не залепат и на чоколадите слики од умрени 300 килаши, залоени срца итн?

Не мислам само на пари и жени, понекогаш мислам на жени и на пари.

Ако си интелигентен со таленти и способности...ти едноставно не си за тука, туку таму каде се вреднува трудот. Не можеш да очекуваш во едне дебилска држава такви како тебе да просперираат и нормално дека ќе форсираат кретени и никаквеци како и тие кои се на врвот. Чиста логика, почиста здравје.

Кога ќе ме цунеш, се чувствувам како да ме акнало цунами.

Ако ја пазиш таа секогаш ќе добива со тебе.

Дека луѓето немаат појма што зборуваат е очигледна во дрндањето дека песимизмот е лоша работа, а го обожаваат Бора Чорба.

Како се станува комичар? Дружи се со намќори и ако успееш да ги насмееш значи имаш талент.

Не постои човек кој не те сака, само секој не е свесен за тоа.

Ако сакаш твојот збор секогаш да вреди, треба да се забележува дека си тврд.

Патот на жената е полн со стопери кои и’ мафтаат за да и’ се качат.

Во маркетите има на страна презентација на поризводи кои можат да се дегустираат или пробаат. Но, што ако презентираат кондоми?

Што е најсоодветно понеделнички за доручек? Кисела зелка со лимун.

Ако се смее на твоите глупи шеги кои обично ја нервираат, значи дека ќе ти шепне нешто, ќе те фати за рака и ќе те одвлечка кон спалната соба.

Еден е херој, секогаш е сам и трагично завршува, а многу се кукавици, во чопори, живеат долг и лигав живот и ним секогаш им теба водач.

Територија, храна и жена, е тоа е светото тројство за кое човештвото се бори и се моли да го добие.

Дека има жени кои не’ сакаат дури и нас, е доказ дека материјализмот не е сеуште секаде метастазиран.

Додека чекаш на среќата, доаѓа несреќата со која мораш да се бориш за да го зачуваш тоа кое го имаш...и потоа пак чекаш.

Жените се поагилни и со многу интереси како компензација за еден дел кој го немаат, но затоа на машките многу од паметот и вољата им оди во делот - повеќе кој го имаат.

Длабоко дишење на увце и ти веќе не си свој.

Исклучок не може да биде заклучок затоа што исклучокот не го почитува правилото.

Ако го земе својот живот во свои раце значи дека ја носи на раце.

Што е шармантност? И кога ќе испадне гомно да биде сладок.

Кога легната жена ќе ги постави нозете потсетувајќи на “ М “ тоа значи дека не и’ се спие.

Да не победеа партизаните немаше да знаеме што е љубов туку веднаш за џеб ќе се фаќавме.

Гледавме американски филмови и мислевме така и ние ќе живееме, но не помисливме дека ќе живееме како црнците.

Границите се отворени, но ние сепак не си одиме.
Гледав еден филм каде еден на шимпанзото му го отвара кафезот за да избега, арно ама тој не сакаше да излезе. Другиот праша зошто, а тој што го отвори кафезот одговори: „ Затоа што ја загубил надежта “

Не може да ти даде надеж некој кој и самиот ја нема и затоа дофатил функција и граба без контрола.

Главата е горе само додека е тврда.

Гледам реклами за болници и изгледаат како хотел со пет ѕвездички. А кога последен пат сте биле во хотел со пет ѕвездички?

Често тоа кое ни’ треба ни’ доаѓа кога веќе не ни’ треба за да ни’ докаже дека било безвезе тоа што сме го чекале.

На “ Офицер и Џентлмен“ тој лошиот претпоставен му викаше на Рики да си оди, а тој викаше дека нема каде да оди.
Хм...па имам лоши претпоставени кои едвај чекаат да си одам.

Светот е поделен на верници и крвници, но често низ историјата, а и сега крвниците се преставуваат како верници така да нема јасна поделба.

Технологијата оди напред во интерес на жената: Ќе направат роботи мажи кои ќе помагаат по дома, нема да пијат и по други жени да одат. Како ли ќе изгледа жената во иднина кога нема да има од што да се пожали?

Љубовта ја поднесува и далечината, само не и космунаути кои се на месечината.

Додека со задните образи џвака на празно, дури жал да ти падне колку се гладни и ти иде да им понудиш парче месо.


mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот