МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 56 - ЗБУНЕТ

Go down

20110808

Пишување 

АФОРИЗМИ 56 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 56 - ЗБУНЕТ




Да се биде злобен, лажлив и арогантен. Тоа е само инвалидитет. За такви ни’ велат дека има и полошо, а не за сиромаси и со телесни мани.

Ако некој те притерува во теснец со знаење кое го злоупотребува, мораш да се послужиш со логика за да возратиш и ќе го занишаш знаењето кое го научил напамет.

Ако е нешто поинакво не значи повредно, но веќе видено сигурно нема никаква вредност.

Да се биде во склоп на друштвените норми е така тажно, да се биде пример за другите е ужасно играјќи цело време иста улога.

Луѓето се минливи љубовта останува.

Колеџ, работа, семејство, старост и умирање. А кој беше ти?

Нема ништо интересно во луѓе за кои си сигурен дека дома се исти какви и на улица.

На бившите се сеќавам како низ магла, значи сум онодел магла.

Кога си тажен и без пари, бар да не бидеш тажен заради пари и да не си без пари затоа што си тажен.

Кога ќе изведеме нешто како треба забораваме да си честитаме, но затоа врескаме кога не е добро.

Глупите се сигурни дека се паметни, а паметните често се несигурни.

Никој нема да признае дека ти завидува, туку само дека си глуп и дека си имал среќа.

Од толку многу што се зборува за љубовта, до толку ми се измеша и сега ја разбирам на следниов начин: Аогхјгххјх еее љубов! Гхфх хгјкхјк хјј кјлкч еееееееехх љубов ! Хјг јхгјхг ооо љубов ! Ооох !

Не постои таков кој не нанел неправда. Финтата е потоа откако ќе се чувствуваш лошо да сфатиш дека има и други чии чувства се важни.

Не е важно колку има поминато, важно да е сочувана.

За да ја исполнуваш треба редовно да ја пополнуваш.

Финска сауна, Јапонско џакузи и Шведска маса се предуслови за да добиеш искрен Француски бакнеж.

Ако некоја те привлекува биди спремен дека може да ти го заврти паметот и на друга страна од која си наумил и потоа ти да бидеш страната која си мислел дека е нејзина.

Мудриот знае и да пцуе и да се тепа, но разликата е тоа што тој знае кога мора да ги употреби.

Кој е заштитен знак на лузерите? Јаже за бесење.

Боже, дај ми сила да ја одмрзнам сликата во која се наоѓам и не ми се криј зад случајности за никогаш да не бидам сигурен дали постоиш.

Само најаден може да брои ѕвезди и да им се восхитува, во спротивно баш му е гајле што има таму горе.

Низ историјата имало многу револуции и превземање на власт, но пак си продолжило по старо. Само доаѓаат нови лопови и перачи на мозоци.

Ништо не е јасно, а ни сигурно, илузијата е нашиот пат низ животот.

Кој жена лаже тој и мајка му ја лаже.

Ако ти е скинат џебот, извалкај ги рацете и побарај од некоја да ти ги извади клучевите од тој џеб.

Растојанијата низ светот по ново сега се мерат во евра.

Луѓето на смртна постела кобојаги се кајат за своите грешки и затоа што лажат умираат.

Жените имаат рани на душите, машките - рогови.

Упорно игнорирај оговарања и ќе добиеш амнестија.

Правилата постојат за да се прекршат ако се појави некоја навистина згодна неправилност која не би требало да се пропушти.

Како ќе и’ докажеш на саканата дека е слатка? Ако често ја гризеш.

Со првиот прдеж пред саканата завршува романтиката.

Каде има една права љубов може и два - три пати.

Не се истрчувај да кажеш, затоа што што и да кажеш најчесто се каеш.

Ако замине, но сепак вели дека те сака значи заминува затоа што премногу те сака и не може ни денар да спечали така.

Со секоја жена разговарај како да си заљубен во неа, замини од неа како да ти раскинала.

Како се познава верна жена? Ако е несреќна.

Ако е љубовта уметност значи треба да имаш и дарба, другите само копираат.

Себичен човек е глупав човек кој мисли дека е и светот е глуп како него.

Ако и’ кажеш на жена дека ја сакаш значи дека во неа имаш доверба повеќе од хирург кој треба да те оперира.

Жената е како строг судија и од страв од казна обвинетиот се случува понекогаш да се повикува и на лажни сведоци.

Ако не гледа добро ќе си земе наочари, ако не слуша добро - апаратче, ако не разбира добро тогаш ќе си земе паметна жена.

Некојси сексолог тврди дека машките кои чистат по дома стануваат гејови. Значи ако видиш женско со штрафцигер веднаш земи и’ го затоа што ќе стане лезбејка.

Кој попушта не е во право. Секако греши.

За да тежнее по љубов треба да е воспитан, културен и да знае за почит. Во спротивно наместо љубов ќе добие клоца во газот.

На мрзливиот дури и полжавот му сече пат.

Љубовта се покажува ако на пример добиеш милион евра на лото и сите да и’ дадеш на твојата сакана. Ако ти избега бар ќе знаеш дека не те сака.

Мажот смета дека ако ги задоволи надворешните потреби на жената сами по себе ќе се задоволат и внатрешните. Жената нема да се сложи и ќе инсистира и на нив, а овој ќе се изнервира обвинувајќи ја дека аздисува, а тој е преуморен и за нив.

Ностардамус напиша дека љубов ќе има дури во 3 000 - та година и џабе ќе крекаат и занесуваат до тогаш затоа што ќе има само љубов кон парите и материјалнита задоволства.

Понекогаш ја губам вербата во тоа што го правам, но што друго би правел?

Има луѓе - да се утепаш од смеење, а има и такви од кои ти иде да се утепаш само да не ги слушаш.

Ние сме многу снаодлив народ, цел живот импровизираме.

Не е важно како изгледаш, не треба да те загрижува тоа што повторно ќе порасне.

Мораш да ги поднесеш боцките на жената ако сакаш да стигнеш до ружата.

Сакај ја како да засекогаш ќе биде со тебе, чувај ја како да утре ќе ти избега.

Парите не дозволуваат љубов затоа што се љубоморни.

Кој се почнува да се фали, не е свесен дека наскоро ќе има причина да се срами затоа што ќе почне да се фали и со срамни работи.

Кога сиромашен станува богат, тогаш се вознемируваат и сиромашните и богатите. Кога богат станува сиромашен, само тој е вознемирен.

Кога има љубов не е важно на кого што му е поголемо од другите.

Тивката вода е длабока, хистеричната е плитка.

Мрдањето со прст на богатиот попрво ќе му го забележат и ракоплескаат, од колку на сиромавиот трикратно салто мортале.

Ако некој ти е пријател и покрај тоа што ти ги знае сите недостатоци и мани, провери во меѓувреме да не се запишал на невропсихијатрија.

Ако е Љутка, разнежни ја за да стане Љупка.

Кој има лоша жена ќе ужива во рајот, кој има добра ќе му биде досадно во рајот.

Каде нема жена таму гејови оро играат.

Успешна спонзоруша и оловни сефови отвара.

Кој судија лопов помилува, па кој знае што прават на само.

Градот се повеќе заличува, да ти е мерак да го шеташ додека бараш работа и затоа што од како ќе ја најдеш нема бел ден да видиш.

Кој рано рани, најмалку за двајца работи.

Ако сакате да одите на вечера, земете си и ужинка да не прегладните додека успееш да паркираш.

Борбата за слободата често е подвлечена со модра боја.

Учењето е светлина, но нема некое фајде меѓу слепци.

Колку повеќе знаеш потешко ќе доаѓаш до соговорници.

Пријателот е спитомен волк, но понекогаш нагоните ќе го надвладеат.

Често вљубениот се однесува како будала, но провери за секој случај да не е роден будала.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот