МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 43 - ЗБУНЕТ

Go down

20110314

Пишување 

АФОРИЗМИ 43 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 43 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)

ANIMA CANDIDA (lat) - Чиста и поштена душа. Значи Kandida добиваат само чесни и поштени.

LUPUS IN FABULA - Волк во приказната. Значи се зборува за политика.

DEUS EX MACHINA - Бог од машина. Значи се зборува за автомобили.

ANCORAS TOLLERE - Да избегаш кога и’ касни.

INTUS EST TROIANUS EQUUS - Внатре е само тројански коњ, а не ја сака.

POST SCRIPTUM (P. S.) - После е ... каење.

RES NON VERBA - Не сери само, направи нешто ако те бива.

MALA HERBA CITO CRESCIT - Што ако паднат на избори, други такви ќе дојдат.

UNA HIRUNDO NON FACIT VER - Од само еден секс, не бива љубов.

COGITO ERGO SUM - Мислам, значи сум без работа.

PRIMUS INTER PARES - Прв ја скинав.

SEDERE DUABUS SELLIS - Има шфалер.

HOMO HOMINI LUPUS EST - Човек на човек - хомосексуалец.

‎1 + 1 = 2
2 x 1 = 2 Се собрале да се множат и терале една партија тие двајцата.

Постојат гневни и злобни старци, тоа се стаорци. Постојат само гневни, сеуште се чувствуваат како лавови.

Вистината е релација од испраќачот до примачот која се менува зависно од должината на патот и условите додека стигне до примателот.

Женското тело е како аладинова лампа. Треба да го трлаш за да ти исполни желби.

Зборови без дела се како духови без тела.

При одбирање на партнер за стално исто така треба да се обрне внимание и колку е стара, колку има поминато, дали е удрена или тумбана, какво гориво троши и колкави се трошоците за одржување.

За да се створи завист треба да имаат приближни интереси во кои едниот е поуспешен.

Жена посакува човек кој е забавен, интелигентен и шармантен за потоа да може да го обвинува дека тие особини ги злоупотребува.

Ако некоја многу се колеба и филозофира додека да има секс, најверојатно не и’ е баш до тоа машко или воопшто не и’ е до машко.

Жените не ги сакаат педерите оти им се нелојална конкуренција.

Ти си факт често претворуван во фикција.

Ако ти дојде пред време, тоа може да значи и дека ќе ти замине пред време.

Културен значи образован, но образован не значи нужно културен.

Зошто жена е малку позаоблена од позади? Природно има оставено простор за тој кој е зад неа да стави раце на колковите и да ја привлече кон себе. А клучеви паѓаат и паѓаат...пријателства се растураат...
И значи самата природа се противи на пријателство помеѓу маж и жена, па кои сме ние да се спротиставуваме на законите на природата?

Цврстина и пропустливост се главни адути за рамнотежа и стабилен однос.

Кој има влакна на градите во душа не е лак мушкарец.

Некои работи не се менуваат. Завидливоста и подлоста секогаш остануваат.

Како за стално да те сака? Секогаш биди спремен да направиш некоја глупост и така ќе одржаваш тензија да нема мир со тебе, а секогаш паметните и стабилните стануваат досадни и ги изневеруваат.

Кога женско се наведнува, машко треба да биде зад неа за да не пати од половина.

Зошто како превентива препорачуваат секс? За кога ќе биде болен да има на што да се сеќава.

Како ќе знаеш дека те сака и внатрешно? Ако носи твоја ренген снимка во џеп.

Не знам зошто во многу филмови откако ќе се земат, филмот завршува?

Вниманието е психичка валута која е под влијание на чести девалвации.

Времето е пари и ќе те паметат додека ги имаш.

Ако се решиш за подобра иднина ќе имаш замерка само од оние кои се дел од твоето лошо минато.

Храбрите ги сака среќата, а среќата е жената.

Галамџиите и тие кои молчат се секогаш предавници и кукавици. Умерените не сакаат да се борат, но мораат.

Ако те заболи може незгодно си прескокнал нешто.

Оној кој го молиш најчесто заслужува да го колиш.

Заканата за разлика од молбата е поуверлива за итноста на твоите потреби.

Не чекај некој да те награди за твојот труд. Награди се сам затоа што тоа ќе умееш најдобро да го цениш.

Во некое дамнешно време кога имало змејови, магии и многу богови. Како исчезнале? Престанале да веруваат во нив.
Во сегашно време има политичари, подмолни влијанија, партиски поделби. Како ќе исчезнат и тие? Кога свеста кај луѓето ќе се издигне и ќе престанат да веруваат во нив исто како во дамнешни времиња.

За во театар или во кино прво ми бараат државјанство ако сакам карта за во прв ред и откако ќе го покажам „ Само 13-ти ред, партер лево можеме да ти дадеме, а партиска книшка имаш?“

Ако не можеш во ништо да водиш, бар води инат.

Како своја рака друга не може така да те почеша. Посебно ако е недостапно место.

Животот е филм спонзориран од твоите примања.

Да имаш смелост кога има вкоренети обичаи е исто како да имаш карактер меѓу безкарактерни.

Планетата земја ја чувствуваме како наша. По неа се гледа како постапуваме со нашите.

Многумина можат да станат многу побогати и позначајни, но малкумина само можат да се откажат од човечноста.

Жената највеќе чувствува сперма тој кој го сака.

Во осаменост се полнат батериите, во врска се празнат.

Жената е како малаксалост која те бутка во кревет.

Одиш во продавница, цените се други од тие кои си мислел, во врска си со со особа која е друга од таа кој си мислел, имаш пријатели кои се други од тие кои си мислел, работиш нешто друго од тоа што си мислел и гледаш колку си бил глуп?

Мораш прво да ги сфатиш другите за да се сфатиш себе оти кога гледаш во себе само слепило добиваш.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот