МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 42 - ЗБУНЕТ

Go down

20110302

Пишување 

АФОРИЗМИ 42 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 42 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Трет си, значи и’ се мешаш во мислите додека е со вториот.

Стравот од непознатото трае додека не ги соблечеш гаќите.

Најблизок до човекот е шимпанзото, значи комшиите ти се шимпанзи.

Времето е растојание од точка А до точка Б. Го заболе дали се движиш или не.

Ако на жената и’ кажеш “Не!“ исто како да си на родео. Можеш слободно да вклучиш штоперица да видиш колку ќе издржиш.

Самопослуги, бутици и кафитерии во склоп на верските храмови ќе го зголеми бројот на верниците.

Кој со шарм напаѓа, сам во дупка упаѓа.

Тоа кое си го пропуштил е твоето минато, тоа кое си го направил сеуште постои на некој начин.

Мажот сака да добие од жената, но сака и таа да добие.

“ Внимавај на својот паричник!“ Од МВР На РМ

За шпијунски агент би требало претходно бар два пати да бил женет, затоа што во случај да го фатат и мачат нема ништо да каже оти е веќе неосетлив на болка.

Кој трпи лош партнер значи е подобар од него самиот.

Ако маж почне да се плетка во домашни работи тоа значи дека сака да ја изненади како знак на внимание или дека не му треба повеќе жена.

Постојат и ТВ содржини кои можат да ја вознемират машката возрасна публика и потребен е надзор од намрштена сопруга стрател.

Кога си тажен работи нешто каде не треба да зборуваш оти види до каде те дотера зборувањето.

Љубовта е пијанство кое може да предизвика тежок маумрлук при трезнење.

Ако сакаш да бидеш спремен за заеднички живот најдобра вежба би била претходно да чуваш куче од оние кои по извесно време го напаѓаат газдата.

И’ касни. Требаше да дојде, а го нема никаде.

Кој има редовна столица значи си обезбедил стабилно и просперитетно место во друштвото.

Преставник на народот - политичарот треба да биде натпросечно убав и интелигентен, а не обратно.

Инатот и одмаздата не се надополнување на интелигенцијата. Само ја поништуваат и таа која ја имаат.

И западните земји имаат идиоти на власт, но тие се богати и можат тоа да си го дозволат.

Ако ја сакаш цела, ќе откриеш каде е неисончана и бела.

За да се појават чувства мора да има предизвик. Обвинување за немање чувства значи сакаш нешто џабе.

Идеална женска фигура е како вазна и затоа е поскапа од бокалот.

Висока штикла асоцира на свечени примања.

Завидливоста е особина на луѓе со ограничени способности.

Среќа е кога сте ти и таа. Третиот носи несреќа. Непарен е.

Скромен човек со малку може да биде среќен и да ја сфати кога има главоболка.

На лагите им се кратки нозете, меѓу долгите е вистината.

Можеш да посакаш да влезеш во нечие срце, но да не испадне после дека било кафез.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот