МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 57 - ЗБУНЕТ

Go down

20110822

Пишување 

АФОРИЗМИ 57 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 57 - ЗБУНЕТ




Маските се купуваат евтино, но се скапи за одржување. А без маска е исто како да си гол во сегашно време.

Бељата секогаш доаѓа во пар. Втората направија ја сам, за да не си одбере сама момент кој сигурно нема да ти одговара.

Машка дилема : Дали повеќе боли кога женско ќе ти ја изгребе душата или некој ќе ти ги изгребе автомобилот?

Пред да признаеш дека за нешто си виновен, а не знаеш како да кажеш, напи се чаша вино и тоа ќе каже наместо тебе.

Не е жена само тие горе и таа доле, тие е само почеток.

Што е љубов? Внимание посветено на ситници.

Ако сакаш да му се одмаздиш по шишање собери ги влакната и додај ги во манџата.

Машко си е природно спакувано, не е ништо отварано и затоа жена ако мрдне на страна повеќе боли.

Ако жена се омажи заради пари, целта и’ е да биде богата вдовица за потоа да може да се омажи за тој кој навистина си го сака.

Една вијагра содржела концентрација од две туѓи жени истовремено.

Сложни љубовници долго тераат.

Машкото треба да се ослободи од себичноста и да и’ дозволи да го земе цел.

Многумина од нас сме тоа што мислиме дека не сме.

Ако жена крене рака на тебе значи не те сака, ако крева нога значи те сака.

Внимавај на срцето на саканата и почесто бакнувај го делот од телото каде е сместено.

Не фрлај мерак по некоја која е далеку затоа што можеш да го загубиш.

Некогаш немаше машини за перење со центрифуга и соковници, но сепак тогаш жените немаше нешто не можеа да исцедат до последна капка.

Ако те откачи, не се грижи има и бетер. Тој што ќе ја земе ќе ја мрази, а тебе ќе ти остане во добро сеќавање.

Ако те сакаат и други жени и твојата ќе те сака. Јавното мислење секогаш ќе го надвладува индивидуалното.

Бркаот е како шах затоа што кралица се дава за коњ.

Највесел треба да бидеш кога е безвезе времето и врне. Тогаш најмалку шанси пропушташ.

Да се биде, значи да се има.

Да налутиш некого значи премногу си дозволуваш или премногу си му дозволил.

Често го споредуваме нашиот намештај со на другите иако разликата е во по некоја даска. Ако имаш нешто помалку значи ти фали даска.

Ако те сака, а ти не знаеш затоа што не ти кажува, значи се колеба дали да те сака.

“Бајач лечи од уплав и нагазено“ - Значи нагазил и се уплашил. Па се случува тоа, ништо страшно, ќе си ги забрише кондурите од трева и готово, што има тука да се плаши?

Твојата сакана е компензација за тоа што си бил неуспешен во животот, во спротивно ќе беше успешен, но без неа.

Ако имаш повеќе помалку ќе ја сакаш затоа што ќе се оптеретуваш со тоа кое го имаш.

Кога те боли глава, помислуваш дека тоа кое го имаш внатре служи само за да прави проблеми.

Според теоријата на еволуцијата ние сме вид на мајмуни - значи животни. Па се дава ли власт и се гласа за животно?

Лесно е да влезеш достоинствено во врска, но од неа најчесто како посран ќе излезеш.

Отворен покер асоцира на пријателство, врска си бара блефирање.

Молчењето е злато...да молчиш додека други си го товараат.

Кај нас заплашувањето е често мито кон обичниот човек. Тој е задоволен што не го снашло полошо.

Кој говори кратко и јасно, тој е последен. Кој говори нејасно и многу е прв меѓу будалите.

Богатиот не мора да биде интелигентен и не мора ништо измислува за да му биде полесен животот.

Ќе вртиш, ќе сучиш и на крај ќе сфатиш дека требало прво посмирено да размислиш и ќе си заштедел залуден труд.

Ако имаш моќни непријатели, само прашање на време е кога пријателите ќе ти го свртат грбот.

Во нас постојат добро и лошо и треба да се одржува рамнотежа, но лошото знае да се камуфлира и да се преставува како добро и да ти сугерира дека добрите работи во тебе се штетни за тебе.

Ако спиеш под наводници, значи под тебе има заводничка.

Љубовта има рок на траење втисната со ситни знаци на амбалажата.

Од напред гледај ја достојно, одзади можеш и недостојно.

Дали ќе имаше толку многу муабети за љубовта да беше честа појава?

Каде има љубов почесто се слушаат воздишки и мумлања од колку разговор.

Кога си неодлучен само најблиските ќе трошат време на тебе, но сигурно ќе се сомневаат во твојата бистрина на умот.

Ако е навредливо да се биде стар, тогаш секој нека се спрема да биде навреден.

Кога ќе ја достигнеш целта веќе нема да ти изгледа толку важна од како ќе ја пресметаш цената и утврдиш дека си можел да си купиш и поубави работи.

Нема жена која ќе те остави заради пари затоа што ќе употреби сосем поинакви зборови кога ќе те остава.

Тоа кое нема да те заглупи попаметен ќе те направи.

Љубовта е како струја и вода, а во вас вртат струјомер и водомер.

Нема подарежливо од женско, сака да те фати за да ти даде.

Телото и умот треба да се одржуваат, во спротивно ќе личат на ВЦ кое не се одржува.

Машкото е како мачор кој се плетка помеѓу нозете на женското.

Кога ти се сите врати затворени, почекај некому да се отвори некоја и покрај него протни се.

Светот всушност и не постои затоа што се’ што се случува околу тебе е со намера да те нервира.

Во првата шоља наутро се гледа, во втората не е баш препорачливо.

Ако чекаш многу за да се жениш, туѓи деца - веќе напраени ќе чуваш.

Кој туѓи жени сака, тој и својата си ја сака оти и таа била туѓинка некогаш.

Кога си најнеспремен за одлука баш тогаш ти се нудат најмалку два избора за кои мораш веднаш да решиш.

Ако си паметен и животот си го олеснуваш заради тоа, а околу тебе неписмени и глупи, живеат потешко и ќе те мразат затоа што и тебе не ти е тешко како ним.

Покажи добрина каде треба, култура и дисциплина, но и агресивност за да не мислат дека си слабак заради тоа.

Кога ќе се скарате не и’ давај ништо по дома да работи, се’ сам работи си, да види после она како ќе и’ биде.

Кога си испотен си леплив и лош. Значи лошите не се бањаат.

Често не им е гајле за нашата тага, но затоа им сметаат нашите радости.

Среќата не е во парите, значи ја имам, но сепак пари ми фалат.

Поразите се места и времиња каде остануваш со кратки ракави во зима и со капут во лето.

Живот без љубов е како кога си многу богат и славен, па се разведуваш секоја година и тоа се’ со некои многу помлади, шеташ насекаде низ светот и спиеш во луксузни хотели затоа што дома не те чека никој.

Законите ги смислуваат за контрола на нечесните, но во пракса најчесто служат за ликвидација на чесните.

Посакај и ќе успееш т.е. замисли како си успеал и ќе ти помине меракот.

Со која ќе остариш таа ќе биде виновна затоа што си остарел.

Жената е мрежа од патишта, а стенкањата се аудио сообраќајни знаци.

Не ја обвинувај ако ти избега, и ти би избегал од себе да можеш.

Романтична музика и поезија одат горе, но што оди доле?

Кога ти доаѓа да избрзаш, застани до 10 и замисли дека плаќаш сметки или нешто слично.

За љубов си треба и храброст, кој ја нема нека се обрати до најблиските стројници.

Што е многу битно за успешна врска? Да го насетиш вистинскиот момент и на време да се замиеш.

Долга врска како таква не трае долго, да си збориме реално нема таков квалитет, но затоа се врзуваат чворови таму каде ќе се скине. Е сега може не изгледа убаво и е скратена заради чворовите, но сепак останува доволно долга.

Ако често те лажат и мразат, тогаш мора да си некоја позната личност.

Колку има поголем комплекс на нижа вредност, толку потешко ќе поднесува порази и одбивања.

Оние кои чекаат нешто добро да им се случи, најчесто тој автобус се расипува.

Оние кои се склони на оговарање во минатиот живот најверојатно биле кучиња.

Не постои невозвратена љубов, постои само лоша проценка.

Со рамноправноста помеѓу мажите и жените, владите и газдите добија повеќе робови за исти пари.

Најчесто стравот, лекомисленоста или некој трет одлучува наместо нас. Убаво би било ако можеш да се сетиш кога си одлучувал.

Едни живеат живот, други не се сигурни дека “живот“ му е вистинското име.

Никому не смета што кој знае кој ги допирал претходно парите кои ги има и не ни размислува за тоа, но затоа ако се посомнева во партнерот триста сцени и расправии ќе направи.

Кој сака жени тој се разбира и во апстрактна уметност затоа што во секоја чкртка ќе пронајде еротски набој.

Вистината сега е секому достапна затоа што е немоќна да менува.

Сега џебот е нашиот образ и затоа по него не’ удираат.

Често машки меѓусебно се нарекуваат “брат“ и се чувствува некоја топлина додека го употребуваат...како да се топли браќа.

Кога идевме во војска ми беше чудно како имаше кои се фалеа дека им било убаво, а мене ич не ми беше по ќеф да спијам и да се бањам со машки.

Ако си без пари и на Хаваи ќе се чувствуваш непријатно.

Пријателите се само пријатели, партнерот е само партнер, значи џабе креваш паника.

Ако и’ е втор не значи дека неговиот збор ќе биде и последен.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот