МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 53 - ЗБУНЕТ

Go down

20110710

Пишување 

АФОРИЗМИ 53 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 53 - ЗБУНЕТ




Стакло најдобро се чисти со хартија, може и со ВЦ хартија, ама неупотребена.

Љубовта ја измислија партизаните и укажуваа дека парите се отепувачка, луѓето ги менуваа влакната, но пак си остана по старо.

Не се плаши, не се бој, ако те гризне куче со жолта менѓушка на уво.

Желби се непополнети дупки во нашата фантазија.

Најмалку во фирма се коментира кој колку сработел, а највеќе кој со кого се скарал и кој со кого имал афера.

Жена е како врзана кеса која ако не може да се отвори мораш да запнеш и да ја скинаеш за да ја отвориш.

Не барам чуда и мерцедеси од господ. Бар мал знак ми е доволен, бар еден Матиз.

Тие кои навистина се сакаат, не се пазат.

Често луѓето се засакуваат со тие кои им се блиску, а фантазираат за тие кои им се далеку.

Има многу голи жени на слики, но најчесто како лежат и ништо не работат. Човек ќе помисли дека се болни.

Каде и како сте се запознале таква ќе ви биде и врската оти на пример домаќинка највеќе шанси има на пазар да ја сретнеш.

Ако не те сака среќата тогаш те сака малерот. Значи некој сепак те сака.

Животот е како партија покер. Некој има добри карти и сепак ќе се откаже, некој цело време блефира и секогаш победува.

Пасивноста е како кога свињи мирно гнетат од помијата додека вреска таа која дошла на ред кај касапот.

Додека сеуште владее:“ Да има куќа и пари “, љубовта сеуште ќе биде само теорија. Таа демагогија ни’ е проклетство од старите, а не наследство.

Кој кука и се жали, ќе му се смали.

Баш и не можам да увидам разлика помеѓу платонска љубов и воајерство.

Каква е разликата помеѓу жена и мачка? Мачка ако ја оставиш кај богат пак ќе ти се врати.

Тие кои сеуште живееме значи цело време болестите не’ напуштале, а ние сме мислеле дека се луѓе.

Оној кој е голем често е несфатен и тешко го примаат.

Ако има љубов маката ве поврзува, ако нема тогаш ве одврзува.

Ако има премногу страст си треба и маст.

Се дрзнуваат да ни’ судат за нашите постапки, а немаат ни грам школо, а камоли положено правосуден испит.

Колку е човек на повисока позиција помалку е способен да сака некој друг затоа што сакалото го троши на себе трудејќи се изгледа позначајно.

Има шлем кој ќе ти ја сочува главата, но нема што ќе ти го сочува паметот.

Велат дека љубовта нема граници, но границите велат нешто друго.

Ако ви се приближно исти силите, можеш да се ценкаш и преговараш, но ако си опколен од сите страни, немаш никаква причина да се предадеш.

Кој многу дели совети како да постапуваш, кога би го снашло истото сигурно би го фатила паника.

Додека машкиот и женскиот свет се караа за рамноправност или доминација, завладеа хомосексуалниот.

Кој треба да плати, макар и на рати во умот му се мати додека пати.

Надежта умира последна оти прво ќе го усмрти надевачот.

Лицемерие е како кога ти се прди, а се стискаш и се воздржуваш.

Ако некој те пофали, ти брзо смислувај изговор како да го одбиеш за тоа што последователно ќе ти го побара.

Не е културно сам да јадеш сладолед, треба бар да и’ дадеш да лиже од твојот.

Ништо не е погрешно што доаѓа одозгора.

За добро да слушаш треба прво да успееш да го затнеш внатрешниот дијалог ианку ќе ти биде како двајца да ти зборуваат во исто време.

Ако сакаш да легнеш некоја прво треба да и’ раскажеш добра приказна.

Кога сака, сака, но најчесто не сака.

Ако се најдете помеѓу два стога сено, прво избркај го магарето.

Ако таа потклекне пред порокот може да се навлече.

Слушај го внимателно тој во тебе, затоа што ако му се правиш фраер, ќе те заебе.

Кога жена вели дека ја боли душата обично покажува кон градите. Значи тука треба прво да делуваш за да и’ помогнеш.

Кога треба нешто да се добие, тогаш оди споро и тешко, кога треба да се загуби тогаш оди брзо и лесно.

Твојот успех е како прашина од која многу очи может да засолзат.

Помрачувањето понекогаш умее да биде вистински благослов. Од каде знаеш дека баш тогаш не е тој “понекогаш“?

Вистина е дека сите жени го сакаат супермем. Но сепак е само еден, а тие се многу.

Вети што ќе ти побара кога ќе побараш затоа што убаво е да се слушне додека ти дава.

Кој не чука бар три пати е себичен и невоспитан.

Ја сум магнет за негативна енергија и така ги усреќувам тие околу мене да не ги фати некој малер. Како малеробран сум.

Има болест која се вика Бери - бери и ги фаќа земјоделците летно време и тие што имаат бавчи.

Кога ќе станеш успешен чувствуваш дека ти личи Г - дине. Во спротивно имаш чувство дека ако некој така ти се обрати те заебава и ти иде да го опцуеш.

Кој лета со авион горе, убаво се чувствува и доле.

Кој е исклучок кај него нема заклучок дека е привезок.

Кој ќе ти честита ти кажува дека ќе се гребе од тебе.

Колку повеќе ќе рашириш толку повеќе ќе се знае за тебе.

Деминирачи на бомби прво вежбаат на жени со ПМС оти не знаеш кога може да експлодира.

Има луѓе од акција. Секогаш мора некој проблем да направат.

Ако сакаат да ви се најават гости, гледај да измрдаш и вие да им отидете.

Помеѓу мажите и жените е од секогаш постои напнатост каде едниот сака да го гледа другиот доле.

За да функционира бракот како и на повеќето си треба одредена доза и на страв...од жената.

Тоа што е твое нема да биде твое, може само да било твое.

Долго е да кажеш љубов и пари, пократко е “кревет“ оти креветот се купува за пари, а на креветот се води љубов.

Љубовта за пари не се купува, ама па има гаранција за сите делови.

Кога би бил млад принц би се шетал како најголем клошар и таа која би ме засакала ќе си ја однесев во дворецот. Првиот дел го остварив, за вториот ќе ја тестирам уште едно 20 години.

Комбинација од комбуха со вијагра и Леси веќе нема да се врати дома.

Да мислиш значи да имаш и емоции. Да имаш емоции значи да претеруваш и во добро и во лошо.

Ни’ се чини дека е мало тоа што го имаме затоа што други ни’ го мерат.

Кога те стега не значи секогаш дека треба да се опуштиш.

Во ова време важно е добро да се омажи без разлика дали е машко или женско.

Сведоци сме дека добрите страдаат, а и ние кога сме добри.

Кога ги запрашале човекојадците во Амазонија кои луѓе најтешко се варат и се најневкусни, тие одговориле дека тие кои мислат дека само тие знаат и никој друг и со нив ги хранат кучињата.

Ако знаеш да читаш меѓу редови, никој повеќе нема да може да те стави во ред.

Топлото влегува каде е отворено и затоа има потење.

Парите не можат да обезбедат сигурност затоа што често измислуваат кризи кои ќе им ја намалат вредноста и така обезбедуваат непрекината трка по пари нарекувајќи го обрт на капитал.

Повеќе имам научено од моите непријатели од колку од моите пријатели, но заради самобендисаност тоа не смеам да им го признам.

Среќата не може сама да ти дојде туку треба да си ја бараш. Замисли дека си кинез, а кинезите сите исто личат, како ќе те препознае? И баш и’ е гајле на среќата дали си ти кинез, сите и’ изгледаме исто.

Кој многу му ја мисли, нема да има зошто да се кае и ќе му биде досадно.

Кога нешто долго објаснува за љубовта, почнува да ме мрзи да читам и набрзина заклучувам дека сака да каже дека суштината на љубовта е во нешто долго.

Некој ќе рече дека цел му е да има разбирање, љубов, доволно пари, здраво семејство и бла, бла. Све е това фино, само една работа не разбрал и затоа ќе остане глуп цел живот. Наведените работи се потреба, никако цел.

Не постои лош човек кој има редовен секс со иста личност.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот