МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 47 - ЗБУНЕТ

Go down

20110426

Пишување 

АФОРИЗМИ 47 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 47 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Како има многу подлизурковци и давај онаквото ќе има средби низ целата држава со Г - ин Вазелиновски кој ќе го сподели неговото знаење со заинтересираните за подобрување на техниките во услови на се’ поголема конкуренција.

Сите во себе ја имаме најопасната болест, полоша од СИДА и од радијација. Тоа е нарцисоидноста, а таа се активира и преоѓа во патолошка штом седнеш во фотеља и тие околу тебе почнат да ти се улизуваат. Колку глупости да направиш нема да смеат да ти кажат и ете ти чувство на семоќ.

Се пишуваат цитати за љубов, пријателство и политика. НЛО, смртта и паралелни димензии слабо се спомнуваат иако сигурно постојат.

Параноја е кога сенката ќе ти се претвори во магаре и после бегаш.

Ако жена остави цигари, значи не сака да се труе повеќе, но тоа значи дека може и тебе да те остави.

Кој по дома дојадува заштедува и меше му се зголемува.

Обично седнат се врши голема нужда и затоа политичарите повикуваат на седнување и разговор за да не им е досадно.

Не сум видел помутаво суштество од политичар кога ќе го прашаат колку плата зема.

Да сочуваш здрав разум во неразумни околности навистина е тешко. Лесно е да пиеш лекови за смирување или да врескаш за секоја ситница со намрштена фаца.

Луѓето не сакаат со туѓа лажица или вилушка да се служат, а сакаат туѓи жени или мажи.

Лесно се избрзува со глупави коментари и предрасуди, а се повикуваме на интелект.

‎...а ние имаме неписмени и глупи како наше национално богатство.

За да кажуваш за љубов кон саканата прво треба да престанеш да ја сакаш мајка ти.

Ако некого оквалификуваш како песимист, тој може да ти врати дека ти е испран мозокот. И кој е сега во право?

За успешна врска таа треба да сфати дека нема да најде друг таков како него оти е смотана и тој да сфати дека не може воопшто друга да фати оти е смотан.

Оној кој заборава да го затвори дуќанот значи нема што да се земе од таму.

Што е претпоставен? Оној кој многу претпоставува затоа што нема поим каква е ситуацијата.

За да разбереш некого треба прво да пробаш да одиш со неговите чевли. Ако не ти се точни, од каде знаеш дека и нему му се точни или мора да ги носи?

Христијански е да ги сакаш тие кои те ограбуваат.

Треба често да се смееш затоа што животот е виц, но сепак треба да тежнееш да разбереш вицот прво, наместо да се смееш ко блесав.

Не е лоша идејата да бидеш во врска со странкиња чиј јазик воопшто не го познаваш, ниту таа твојот. Не може после да ти вади од нафталин како тогаш нешто погрешно си рекол.

Ако си позитивен треба да се дружиш со негативни за да ги преобратиш. Не е толку интересна реакцијата кога кажуваш виц на оној кој разбира шега од намќорот.

Секој ден е свадба и затоа гледај да не го заборавиш најважното.

Мозокот е како кутре, ако му даваш здрава храна, си играш со него и редовно го чистиш, ќе биде здраво, ќе те сака и слуша.

Ако имаш пад во страста кон својата жена, замисли дека е туѓа.

Безообразен е кај безобразен, па и без образование.

Зошто машките имаат проблем да остварат контакт преку очите со жена? Затоа што женските гради немаат очи.

Кој високо лета женски соколи онади, кој ниско кокошки.

Фетиш е дел кој фетишистот го возбудува повеќе од цел.

Жално, толку млад човек, а веќе има свое мислење.

На некои поважно им е кој те сака од кого сакаш.

Сега главен хит се Нилски Коњи со Мечки и голем број Лешинари ги обожаваат.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот