АФОРИЗМИ 30 - ЗБУНЕТ

Go down

20101130

Пишување 

АФОРИЗМИ 30 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Чувствата се вистинити затоа што не можеш себе си да се лажеш, а емоциите служат да ја прикријат вистината и да ја залажеш околината.

На жените цело време им се вклучени долгите светла за да ја заслепат околината со која се разминуваат.

Убавината или грдотијата кај човекот се гледа откако ќе отвори уста... не се мисли само на забите.

Проблемите секој пат не се решаваат со отворен разговор. Многу пати се решаваат со премолчување.

Ако некој ти дели комплименти, а важно ти е дали е искрен, побарај му пари за секој убав збор.

Идат во црква, ама дур чепкаат во ташна за ситни пари за свеќа им се мотаат кондомите и зврцка смс од швалерот.

Се бањаш, си певкаш, се мирисаш, се дотеруваш, си замислуваш како ќе биде и... “ Ало, не можам да дојдам “.

Кога со овој памет би се вратил во минатото ќе онадиш таму каде не си онадил, а нема да онадиш таму каде си онодел и резултататот пак ќе биде ист.

Модерната технологија ни’ овозможува сами си ги задоволиме своите потреби. Зли јазици би рекле дека не’ води кон глобална мастурбација.

Кај нас и болестите се луксуз, само тие кои имаат пари смеат да се разболат и потоа да преживеат.

Љубов е тоа кое го чувствуваш за некоја просечно симпатича личност X 10.

Оној кој те љубел, а потоа те напуштил е всушност несебична личност затоа што те препуштил и на други.

Жешка е таа која може тврдо да ти ги свари мислите.

Може ти се чини дека го имаш пристапот до вистинското знаење, но одбивањето да го прифатат укажува дека пристапот не ти чини.

Убави мисли одат со убави нозе, а колку се поразголени мислите одат се’ погоре.

Ни’ судат оние кои се веќе осудени.

Во политика ќе влезе и Ристо, и тој ке тера исто.

Кај нас нема избор, само нужност.

По заднината лесно ќе претпоставиш каква ќе и’ биде иднината.

Здружение за заштита на кучиња скитници е исто како логистичка подршка на тероризмот.

Несреќа е кога не умееш да го препознаеш моментот и да и’ пријдеш кога не е расположена и да ја одминеш кога е расположена.

На земјата постојат само два вида на живи суштества. Луѓе и нелуѓе.

Дали е е нормално да се плашиш од беззаконието кое го споведуваат носителите на функции од областа на споведување на законот?

Еволуцијата има за цел да ни докаже колку сме биле глупи.

Човек без свое “ Јас “ не треба ни име да има.

На пазарот вредиш колку ќе бидеш забележан, со скромност, вредност и квалитетност сеуште никој не успеал.

Само сеирџија може да ја сослуша туѓата несреќа. Другите само се преправаат дека слушаат.

Ако имаш некој на страна, тоа значи дека сте настрани.

Ако таа смета дека нема срце, направи напор и врати и‘ го. Не за друго, да помисли дека си добар и пак земи и’ го.

Патот до женското срце е поплочен со јајца. Затоа мораш да внимаваш како се движиш.

Мудар на зборови и мудар на дело разлика е како од демагог до педагог.

Не мора да измислиш топла вода, измислена е. Мора да измислиш начин како да ја натераш да се бања со тебе.

Многумина за љубовта знаат само од филмови. И затоа си прават секакви филмови.

И никој да не го сака, таа пак ќе си го сака. Ако неа никој не ја сака, ни тој нема да ја сака.

Колку видовме моќ значи да се зема од слабите и сиромашните. Никому не падна на ум да им даде и дека можеби тоа значи моќ.

Некој го има тоа кое ти треба. Ти го имаш тоа кое нему му треба. Значи имаме работи кои не ни требаат.

Мува го лази, а тој не реагира. Тоа значи дека разговараш со мртовец.

Во свое село никој не станал славен затоа што е продуховено т.е. сочинето од духови.

Современиот свет потсетува на аквариум, сите пливаат и серат каде стигнат.

Кога би би штелувале часовниците според начинот на кој функционираат законите и институциите кај нас, кој датум би бил сега?...или век?

Кога жената сака да се милува, не значи дека сака и секс, но ако сака секс, тоа значи дека сака и да се милува.

Жената е како часовник, секој час сака на друго место да ја фаќаш како се движат сказалките.

Љубоморат додека е жив, го фалат откако ќе умре.

Тенка е линијата помеѓу пријателството и жирантството, а уште потенка жирантот да си го плати кредитот.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот