АФОРИЗМИ 29 - ЗБУНЕТ

Go down

20101118

Пишување 

АФОРИЗМИ 29 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Диетална препорака за доручек: Четврт пица со маслинка.

Предрасуда е да мислиш дека се’ што е убаво треба нешто да му се прави.

Се’ што прави жена е провокација и најстрого треба да се казнува со внимание, нежност и љубов.

Најпокварено што маж може да и’ стори на жена кога има пмс да има разбирање и на секое дерење да и’ купи нешто скапо.

Иднината постои за да станеме минато.

Навалите народе! Распродажба на ефтини карактери! Ако знаеш и јазик, прави се енглез и ќе го купиш и за едно сокче!

Не земај јаболко од жена оти ќе ја предизвика змијата.

Пред брак се среќни, во брак треба да се борат за да бидат среќни.

Што се прави овој паметен? Значи нечија паметност е загрозена.

Најчесто култура е тоа што ни’ одговара.

Во ова време, секој некому може да стане начин до некоја цел.

Кога си тажен ти се чини дека никогаш повеќе нема да се расположиш, кога си весел, очекуваш да ти преседне.

Сончевите системи се многу одалечени заради тоа што сигурно има луѓе како нас на други планети и вселената морала некако да се заштити.

Моите пет минути ги замислувам со личност која нема ориентација во време, а просторот ќе го обезбедам јас.

Секој маж има сон да си ја слуша жената и да биде задоволна од него, но кога ќе се разбуди не може да се сети што сонувал.

Пред да се исповедаш некому, помисли дека и дупнати вреќи ги подметнуваат како нови.

Сакаме да не’ ценат заради нашата стручност и знаење тие кои се нестручни и немаат познавање, а поседуваат статус заради кој ги ценат како стручни и со знаење.

Среќа е кога ќе ти се случи тоа што ти се допаѓа со тоа што ти се допаѓа.

Не веруваш во љубов, не веруваш ни во себе. Биди љубов, ќе поверуваш во себе.

Некои побрзо ќе поверуваат на гатач отколку на тој кој ги сака.

Жените наводно ги сакаат мажите, но само се завидливи затоа што го немаат и тоа малку мажите кое го имаат. И како не може да го имааат само тоа малкуто, мора да го земат цел.

Инсистира на искреност и вистина, ама гадно ќе се налути ако прислушкуваш.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот