МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 26 - ЗБУНЕТ

Go down

20101024

Пишување 

АФОРИЗМИ 26 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 26 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Кој на лесни жени се восхитува кои не знаат да исперат и да зготват, оџак негов нема да чади, ама бар ќе може да си одбере кондури од пред врата.

Животот е зависен од тоа колку ти е голем куражот.

Секоја идна свекрива треба да го гледа Хари Потер за да научи нешто и да сфати каде припаѓа.

Некои имаат чувства само за тоа кое го немаат...и за тоа кое ќе го загубат.

За секоја работа си треба подмачкување инаку може да боли.

Кога машко провоцира сакаш да го тепаш, а кога женско провоцира?

Решив да вложам во иднината. Си купив гробно место.

Да немаш предрасуди значи значи подеднакво да ги сакаш и мажите и жените.

Кога си сам ти се чини дека никоја не те сака. Кога си со некоја ти се чини дека е со тебе оти никој не ја сака.

Несреќа е да ти снема вода и струја пред да се спремиш за состанок, а си менувал ВЦ шоља претходно.

За да ја замислиш закани и’ се дека ќе и’ го направиш тоа што го прават на филмови ноќно време и баш на истиот начин.

Да бидеш културен и воздржан најчесто значи дека ти е сеедно.

Повеќето од нас имаат мајмунофобија т.е. се плашиме да не испаднеме мајмуни и да ја задржиме сликата дека сме колку -толку паметни и дека нема играчки со нас, иако повеќе сме уживале додека сме биле
играчка-мајмун.

Колку помалку време ни’ преостанува мислиме дека повеќе разбираме, а така мислевме и кога помалку разбиравме и кога имавме повеќе време, а за тие кои беа како нас сметавме дека појма немаат и само безврска дрдорат.

Моќта постои за да се покажува на послабиот, иначе не би имала никаков смисол.

Среќата е слобода. Желбата да ги контролираш другите е ропство.

Барањето духовен учител е како да се обидуваш сам себе да се пронајдеш на друго место.

Повеќето жени се по автоматизам неверни затоа што се вметнати во машки фантазии без да знаат.

За подолг однос препорачливо е да се остави на креветот сметка за струја.

Провокација е контрадикција. Кога ќе ти рече дека се’ ќе стори за тебе, а од друга страна ќе ти каже дека не можеш да го бараш тоа од неа.

Ако заминам од овој свет и некоја не му даде на мужот бар 40 дена, значи стварно ме поштувала.

Кога некој на некоја која не ја познава уште од прва и’ нуди кафе значи и‘ нуди брз секс во кола на некое забутано место.

Кога ќе спомне некоја дека била со некоја прекрасна личност значи била со лицемер. Кој е прекрасен цело време?
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот