АФОРИЗМИ 19 - ЗБУНЕТ

Go down

20100811

Пишување 

АФОРИЗМИ 19 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Благодарејќи на новите спознанија и техники самите жени станаа фетиш.

Или те игнорираат или ти завидуваат посакувајќи да бидеш таков кого ќе игнорираат.

Секси е реклама за филм со секс содржина.

Во животот повеќе налетувам на вицови за љубовта отколку на добри љубони приказни.

Ако се направи споредба со музиката, сериозната потсетува на предигра, а сегашнава на тврдо порно.

“ Мемоарите на една гејша “ е најлошиот кунг фу филм кој го имам гледано.

Оние кои веднаш ќе си го покажат своето право лице ги отстрануваме од пријатели затоа што тоа укажува дека нешто не е во ред со тие личности.

Да имаш чувства значи можност да се изневериш себе во критичен момент.

Сексот е моден тренд како и облекувањето во кое се’ повеќе се обрнуваат внимание на детали.

За 5 минути можам да го наравам тоа што некој го прави за 50.

Да останеш млад и покрај се’ треба повеќе да се чудиш отколку да се правиш дека се’ знаеш.

Да си културен со простак е исто како да си простак со културен.

Кој се чеша зло не мисли. Уште ако почешаш некоја која навистина ја чеша тогаш си навистина добра душа.

Жената е врата кон рајот , но формалностите се толку обемни да многумина се откажуваат поради неуспех во стекнување на потребните дозволи и документи.

Завидни резултати предизвикуваат завидливост.

Повеќе сме склони да воздигаме безвредни политичари и show business ороспии затоа што повеќето од нас можат во нив да се пронајдат.

Цел може да ми биде само таа која е блиска на моите начини.

Лузерофобија значи да се плашиш од себе си.

Оној кој знае ги штеди тие околу него, оној кој не знае ги прокоцкува.

Првиот впечаток е како да е надвор облачно, но не земаш чадор надевајќи се дека нема да врне.

Нудам квалитетно легло со прочуено педигре.

Секоја будала смета дека моќ значи пари и контрола, а сакеј паметен се чувствува како будала затоа што на време не го сватил тоа.

Најсилни се оние чувства кои не смееш да ги кажеш.

За да имаш добар секс треба да си сакан, за да бидеш сакан треба да бидеш секси.

Интелектуална еволуција значи да избегаш од канџите на рекламната индустрија.

Не постои добар пристап кон лоши луѓе, секогаш ќе ти најдат мана.

Кога имаш проблем сподели го со други, кога немаш замини некаде за да не те гњават со нивни проблеми.

Да останеш млада со духот треба немирна и често со одрани колена да бидеш.

Предрасуда е да мислиш без да знаеш.

Кога си осамен се чувствуваш како марсовец и несватливо ти е човечкото однесување.

Кога сакам да испаднам духовит, ме гледаат како да сум видовит.

Културните манифестации повеќе наликуваат на бал под маски.

За една врска многу е важно да шетате почесто. На пример ак ве прашаат дали бевте таму и таму ? Вие спремно ќе одговорите „ Е бевме ! “
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот