АФОРИЗМИ 63 - ЗБУНЕТ

Go down

20111218

Пишување 

АФОРИЗМИ 63 - ЗБУНЕТ




„ Овој бил богат, оној бил богат,па ваков бизнис имале, па онаков, па они правеле вака или така,,, “ Пфф, абе ме удавија со тие богати.
Уште не сум станал богат, а веќе ми се смачи од богати.

Секој своето гајле си го бере, а на твоето му се сере.

Таа треба да направи гола женска од мраз, да му мери време за колку време ќе успее со гушкање да ја стопи, и ако покаже добри резултати тогаш тој е за неа.

Ако се срами значи ќе те гњави со драми, само ако е смела ќе ти се даде цела.

Многумина се гризнати од џукели заради организации кои ги подржуваат слободно да шетаат по улица и да гризат.

Оној кој често молчи нема потреба да учи.

Ако не сака да те бакне значи сака да те шлакне.

Во почеток те интересира што има од појас нагоре и ако навистина те заинтересира погледот ќе ти бега и од појас надоле.

Едно бомбонче да пружиш вреди повеќе од десет „ Среќа да те прати и бла,бла...“

Кога сум песимист пропуштам добри прилики, кога сум оптимист ме акнува некој малер.

Жените велат за мажите дека се деца, а не сакаат досадни стари прдала. Значи си го бараат.

Што е љубов? Дури и отров да и’/му дадеш би го испил/а за тебе.

Зошто машките им досаѓаат на женските? Затоа што се’ што прават или зборуваат потсетува на секс.

Топли зборови во кои се насетуваат ветувања за скокотливи моменти, но сепак се делата тие кои ќе исполнат.

Има луѓе кои се повеќе кучиња и кучиња кои се повеќе луѓе од некои луѓе.

Молчењето е злато...затоа што нашол и неќе да го дели.

Парите се отепувачка...ако те дознаат дека ги имаш.

Само една е златна рипка, а другите биле неонки.

Знаењето треба да го користиш за да предизвикаш блага насмевка, а памет секој знае да соли.

Маж се препознава каков е кога е поднапиен, жена кога има пмс.

Секогаш вреди правилото „ Мал напор во право време(т.е. личност) е подобар од голем напор во погрешно време (т.е. личност)“

Ако мислиш дека светот пропаднал, но сепак останале некои трошки убавина во кои можеш да уживаш, нели?

А како ќе станеш паметен ако се’ ти е погодено? Само од себе? Е си се заебал, без мака нема наука.

Да патиш значи да мислиш. Идиотите не патат.

Без мака нема наука. Затоа со текот на времето политичари, газди и директори, без исклучок, стануваат идиоти.

Не тагувај, надвор има доволно очајни кои дури и тебе ќе те сакаат.

Љубов е и кога ќе се погледнеш доле да помислиш на неа.

Најважно е секогаш да има нешто негово во нејзино.

Велат дека лавот, тигарот, мечката итн. се убави. Абе како може да биде убаво нешто што би ме изело ако ме начека?

Кога рекламите би биле вистинити би пишувало:
“ Најново! Плаќаш 10, земаш 1 производ! “

Урнекот за сегашната автоматика е земен од најстариот автоматски процес кај човекот и така е ставен мур на сегашното постоење.

Ако некогаш ти е многу со некого во друштво кој не ти е по ќеф, помисли дека постојат луѓе кои со денови не гледаат луѓе кои им се по ќеф и кога ќе ги видат обично тоа е малку.

Кој ја чува љубовта ќе ги загуби пријателите, кој ќе се труди истовремено да ги сочува и пријателите ќе остане без ништо.

Во почетокот е „ Не сакам да те загубам“, на крајот е „ А што ни’ беше муабетот?“

Која е филозофијата на животот? Добро е ако биде, но и ако не биде - Де, големо чудо!

Зад секој спремен маж стои добра пичина.

Првиот пат не е секогаш прав.

Најдобриот не мора да е прв.

Првиот не мора да е најдобар, може да е неморален или ненормален.

Не се наведнуј многу да не те дофати Крсто.

Интересен ми е муабетот со некого на кого не му гајле за мене. Кога и да се сретнеме секогаш истото ме прашува и секогаш истото му го кажувам.

Лекарот постои за да даде боледување, а ќе си се лечам сам, преку интернет на пример.

Не биди сигурен дека многу знае, можеби ти малку знаеш.

Како растеме нема толеранција за како што било, но и ќе се загуби нешто од тоа што било, а сеуште треба.

Сегашниве жени сметаат дека можат да бидат повеќе жени од било кога и повеќе мажи од самите мажи.

Ме боли петата, а не сум Бред Пит, а ни Ахил.

Кога е време одамна за нешто друго, но како е прекорачено времето, се плаќа данок на губиток.

Ако секој ден исто правиш, не ми продавај демагогии за слободата, ти си обичен роб.

Нејзе ако и’ се удвараат се’ и секакви, тоа било нормално, ама тебе не може оти си машко и немаш самоконтрола.

Каде има камче таму има и рипче.

И секој ден грав може да предизвика страв.

Каде си кога мислам дека си таму каде не си?

Парата може да даде слобода, но најчесто се користи за да се биде идиот.

Штедливи на зборови кога треба да те пофалат, се расфрлаат со нив кога те критикуваат.

Богатство и слава на секој не се дава.

Женската воздишка е показател каде ја допрел и колкаво или какво е тоа што и’ го покажал.

Говорот и однесувањето не е пресудно за да се стане родител...така е и најчесто.

Кои се задни образи кај жена? На секој чекор со нив џвака.

“Насмевни се“ - Додека банките ти раскажуваат приказни како имаат решение за тебе и потоа ќе ти се смеат кога ќе те исфрлат на улица.

Секој разговор помеѓу партнерите кој ќе заврши со кревет е добар и поучен разговор.

Кога ја сакаш тогаш и грбот на таа земја е за почит.

Посебната е ебна и единствена.

Како можеш да добиеш брза омраза? Благо да ја штипнеш за задните образи и да речеш „ Ууу, Буцко“

Ако сака да те повлече доле, дај се’ од себе и остани горе.

Принципот на благовременост е од голема важност. Во право време да навлеземе во дадена ситуација и во право време да се извлечеме.

Како културно да и’ кажеш на некоја дека не ти се допаѓа?
“Се восхитувам на твојот карактер и имам многу високо мислење за тебе, но сметам дека не сум ти достоен.“

Постојат такви кои имаат вредност само со себе, некои само во себе, а некои ни со себе, а ни во себе. Изборот е само твој.

Тие што јадат многу г . . на препорачливо е да заменуваат со овошје, поздраво е.

Камен за пета е добар за циркулација, но да не се употребува на друго место каде е важна циркулација оти може да го изгребе.

Ако таа ти рече дека многу те почитува, значи не те гледа како машко.

Интелигенција не подразбира богатство, но креативност најчесто подразбира сиромаштија.

Обичните гледаат да створат за нив и да уживаат додека постојат, а необичните се мачат додека постојат обидувајќи да остават нешто зад нив од како ќе престанат да постојат.

Често ни’ спомнуваат дека треба да се покажеме како мажи и кога тоа ќе го сториме, обично ни’ велат дека не требало така.

На некои паметот им е во главата, на некои во стомакот, а на некои под стомакот.

Повремено поразот ја слави својата победа над победата.

Нема лесно знаење и секое учење е тешко. Лесно е само да се лаже, краде, по тавани да се спие и вошки да се има.

Со оган, вода и тоа третото не се игра.

Обично со паметот сме на друго место и кога навистина ќе бидеме таму тогаш мислиме на првото.

Ако случајно се врати античката мода и машките шетаат со кратки сукњички, многу женски ќе се испоразболат од “ококоритис“.

Политиката го прави законот, а знаеме дека политиката е курва. Епа што е тогаш законот?

Постои душа - мед, но и душа - оцет.

Низок стандард не значи ништо друго сем низок менталитет.

Креветот е свето место и не го валкај со секакви идиоти затоа што ќе бидете само свињи кои се валкаат во кал.

Видела жабата дека на запад коњите се потковаат, па и таа кренала нога да биде поткована. Абре жаба си е жаба и не може да глуми коњ.

Пред одење на кафе со непознат препорачливо е да се носи метро со себе и тестови за интелигенција.

Твоето минато најчесто е шинато и треба да го исправиш.

Секое утро прво се фаќам за пеглата затоа што многу љубам да пеглам и не внимавам дали е ефтина струја.

На пазар во петок е поефтина урдата...онака, да си знаеш.

Прво почнуваме како пријатели, а потоа дознаваме дека пријателството не значи каско осигурување.

Кој сака да го научи животот колку е можно повеќе, тој не препишува.

Простувај и заборави на твојата мака за ним да им простиш и овозможиш уште да уживаат. Така некако би им била поентата.

Никому нема да му биде драго да бидеш поуспешен од него, туку да ти фрли некоја трошка и затоа да му се поклонуваш цел живот.

Непријателот скришно во себе те сака, пријателот скришно во себе те мрази.

Викендите не се тоа што беа, се’ помалку се викаат и се’ повеќе го губат смисолот.

Говориме како луѓе, а се однесуваме како овци или како волци.

Што ќе каже иднината за досегашната историја? Дека најголемите злотвори беа свештениците, политичарите и пасивниот дух на народите. Несвето тројство.

Некогаш беа поскромни, но за сите имаше, сем за тие што не знаеа дека се хомосексуалци затоа што тогаш не постоеше тој израз.

Додека се нервира ја и’ велам: „ Смешкај се, и размислувај позитивно “
А она мене: „ Ај, не јади г . . .а“

Според мене не постои среќа, само поголеми и помали порази.

Само риба неонка не разбира „ Не“, затоа свети и каде треба и каде не.

Љубов е кога некоја грда ти е убава затоа што ако е убава само сакаш да ја сексаш.

Ветување не е известување и затоа не го закачувај на огласна табла.

Љубовта е исполнета со воздишки и стенкања, а потоа со воздишки и сеќавања.

Добар муабет е само оној кој ќе успееш да го наплатиш одпосле.

Не оди на лекар кај кого има многу гужва затоа што тоа укажува дека само го бие глас, а всушност е само хаотичен.

Имам повеќе доверба во апотекар од колку во лекар.

Зошто државно здравство повеќе нема? Затоа што ѓаволот го зема.

Тркалото на судбината се врти. Еднаш ќе те награди, друг пат ќе те натрти.

Алхемичарите се мачеле од метал да направат злато, а можеле прво да почнат од мармалад да направат мед.

Вратата треба да ја подмачкам затоа што ми прави „ Цииц“ и така да во текот на денот има многу цициња.

Што е годишнина од бракот? Ден на гравот.

Некој само учи, некој само има.

Ако си полн со разбирање, нема да има место за недоразбирање.

Ако сте на време заедно, гледај ништо да не ти дојде порано или подоцна.

Изборот е твој, дали ќе прифатиш помуда за пријателство.

Кога е тажно и кога си сам, значи е тажно затоа што си сам.

Кога си во главна улога во вицот, само тебе не ти е смешен.

Кога си далеку од масите, се задоволуваш и со расклатена столица.

Верувај во себе затоа што секој си гледа само за себе.

Ако твој пријател подолго го нема и не те бара, значи најверојатно му е добро.

Велат животот е тркало кое се врти, мене ми личи на газ што меша и треба стално да му закачуваш по некоја пара.

Наместо „ Иди во п.м.“ сега се вика „ Иди во трета смена“ оти исто му доаѓа.

Дали утре ќе биде ден или ноќ, се наметнува прашање сега.

Паметиш кога те сакав? А сега... те обожавам.

Кој е симболот за шфалерајот? Истиот кој и за слободата, бел гулаб со гранче во клунот.

Кога ќе се откажам сигурен во својот неуспех, најчесто успевам. Хм...значи онаа демагогија со позитивни мисли и енергија смрди.

Ако толерираш лош човек е исто како да толерираш малигнен карцином кој е склон да метастазира.

Негувај го детето во себе и нека трчка само во твојот двор, затоа што надвор има волци. Ако оди надвор, нека го чува лошо куче.

На медиумите и интернет ова веќе не се реклами, ова е тероризам.

Нека лажат, но беден е оној кој не верува во своите лаги.

Спонзорушите им е цел да ги земе фин спонзор, а фин човек не зема таква гадинка.

Има бедни и богати и сиромаси, значи нема везе што има, туку колкав му е...да де, духот. А што друго?

Не треба други мисли да те гризат и желбата да ти паѓа затоа што тоа во срце ја гаѓа.

Ако се внесеш премногу може и изгребан да бидеш.

Кога ќе ти даде обично нешто велиш: „ Благодарам“. Кога ќе ти даде посебно нешто велиш: „ Те сакам.

Отвори очи на време за да не ти ги затвори после.

Невозвратена љубов е идолопоклонство кое е осудено и во заветот.

Ако си вљубен во кактус, не се жали после на боцките.

Зошто постојат пакет услуги од компаниите? Затоа што најчесто нема да ги разбереш добро и тоа добро ќе те чини.

Среќни затоа што ја преживеале годината и плашејќи се од следната принасуваат жртви на масите од храна која нема да се дојаде за да го смилостиват богот и поштеди од неговиот бес.

На плава продавачка и’ личи да продава злато, а на црна - нафта.

Мојата насмевка е само во една ситуација навистина искрена.

Снегот е како нешто кое можеме да го имаме, а го немаме.

Што е фрустрација до даска? Мисли дека ќе му се подаде, а таа сакала само кафе.

У наше време се делеа многу корпи...ја се изнасобрав тогаш и ми се наоѓаат кога чистам.

Помеѓу машко и женско постои само нагон и присила наречена пријателство.

Како се докажува вистинска љубов? Ако и’ ја ишмукаш бубулицата заради која е несреќна.

Кој нема тој сака, кој има сака уште.

Со јазикот можеш повеќе добра да направиш ако не зборуваш.

Жената е како мачка и може да има девет љубовни животи, а машкото само еден и никогаш повеќе.

Кога би знаеле колку ми е тежок животот без тебе, веднаш би дошла...и ако ништо друго бар би ме убила и за да ги скратиш моите маки.

Ти си снегулка бела, а јас Снешко со морковче кој те чека да му паднеш.

Ја сум само да ме грабнеш и да бегаш...нормално, ако и ’ веруваш на рекламата.

Таков како мене, другар со таква како тебе? Нема шанси.

Секој сака да биде главна ѕверка, но најчесто станува само ѕверка.

Ќе има конкурс за Дедо Мраз, но за мајките на децата затоа што и тие сакаат подароче и нешто слатко, а не како до сега само да им ги пцујат мајките на децата.

Лицемерието има искрено лице, но расипана душа.

Вистинската кралица на ноќта во ноќта додека сите спијат готви ручек за следниот ден затоа што преку ден е на работа.

Како што за секое шише има капаче, така и за секој грб има нож.

Кој го пропушта тоа што му се нуди, значи заспаното во него не се буди.

Душата на жената се наоѓа на 20 - тиот сантим во неа.

Вистинска жена е таа која нема да ја фатиш во лага.

Лежиш на грб, а таа одозгора те бакнува, те покрива со нејзината коса преку глава и се наоѓаш во друг свет. Телефонот упорно ѕвони и ти го треснуваш од ѕид. Ако е нов телефонот, во овој случај не му важи гаранцијата.

Повремено забележувам како во движење некои јадат бурек и истовремено си го секнат носот и се прашувам дали ќе го јаде ако случајно го погоди бурекот со содржината од носот.

Мажи смрзнати по улици си велат :„ Ех да ме викне некоја да се згреам“. Жени топли во нивните постели мрдаат немирно и си велат: „ Ех да ми дојде некој смрзнат да го стоплам“. И така секој ден незнаејќи се разминуваат на секое „Ех“ и „ Да ти иб.м животот ваков“

Што е тероризам? Бесплатна достава до вашиот дом.

Кој е симболот на бракот кој се однесува на другите? Ист е како сообраќајниот знак “ Забрането застанување и паркирање “

Ако бог е љубов, значи мојата сакана е божица.

Лошите ги сфаќам како личности кои се добри само за минско поле преку кое би трчале за натпревар.

Ако некое машко и’ вели на некое женско дека има убави црти некои покварени би рекле дека тој само сака да каже дека е добра да ја натрти.

Постои нереална романтика, фантазиски културна и реална која ја сметаат за вулгарна.

Кога никому не му е гајле за тебе, нема ништо поважно од тебе за тебе.

Дама никогаш не е сама, само мушкобањаста.

Без разлика на врдноста, ако е лесно добиено, драстично му паѓа цената.

Ако се чувствуваш како да не припаѓаш на околината и околностите во кои се ноѓаш, помисли на средниот мрачен век и сети се што им правеле на таквите како тебе и ќе ти стане јасно на кој вид припаѓаш.

Не и’ верувај на жена која бар малку не мириса на манџа и кромид.

Знам дека така треба, ама не знам како треба.

Не пропуштај шанса за гол за да се расправаш заради претходен фаул.

Кој го прифаќа само тоа кое го разбира, не е ништо подобар од обично животно.

Доброто расположение е градба, а пријателите се алатки и затоа треба да имаш добар и квалитетен алат кој одговара за намената.

Ако авторитетот е милостив прво го сакаат, а потоа го убиваат и го забораваат. Ако често казнува, го мразат, ако можат го убиваат, но секогаш го паметат.

Кога имаш добро расположение подели го со други, кога имаш јадови јади си ги сам.

Воздржана љубезност значи прикриен гнев кој вели: „ Уште ти ми фалеше“

Постојат познајници, пријатели и другари. Нема понавредливо од познајник кога си зема слобода како да ти е другар затоа што укажува дека не е ниедно од трите наведени, туку е само будала.

Самобендисаноста е коренот на секое недоразбирање.

Каде има двајца има и трет, за да ја искористи слабоста кога ќе се појави меѓу нив.

Влези и’ во ситуација ако сакаш да ја расположиш.

Мрзливиот не мрда многу затоа што му е страв да не се мрдне.

Често среќата ни’ е пред нос...или меѓу поблиските женски нозе.

Што е пострашно? Да те изневери со друг/а или да изврши атентат врз политичар?

Можеш високи ѕидини да подигнеш околу себе, капија тешка да поставиш и никому да не отвараш. Но, колку ќе вреди тоа кое го имаш?

Што поседуваш те обврзува да го сочуваш, значи да му бидеш роб.

Ако не ја пазиш ненамерно може да те изневери. Ако ја пазиш од инат може да те изневери.

Ако имаш црнка треба да ја истискаш.

Што ли заедничко имаат буквата “ V “ и жените?

Горниот дел треба да зрачи со топлина, долниот со жештина.

Ако се кикоти кога обично те критикува дека зборуваш глупости, значи не те слуша што зборуваш, туку нешто ја скокотка.

Дека не се познаваш себе се познава кога те критикуваат, а не ти е јасно што тоа имаш згрешено.

Ако си популарен меѓу жени, често ќе те посакуваат, но никогаш нема да ти веруваат.

Сексот не е цел, туку едно од средствата за да се допре до нејзиното срце.

Жената треба внимателно да ја одржува својата флора за во неа да заживее квалитетна фауна.

Мирис на свежа слива или смоква, мирис кој оплеменува.

Утринско внимавање да не нагазиш на некое вирче е исто како да гледаш авантуристичка филм.

Жена која знае како и кога да стега, маж не и’ бега.

Кога женско ти филозофира значи сеуште бира, а ти не си тој туку оној.

Кога страста се гаси, интересот се пали.

Се случува тоа кое е мое да си дојде, ама кога веќе не ми треба.

Што е љубов? Кога се сакате повеќе од колку што заслужувате.

Иако не си совршен, но сепак се надева дека ќе го отфрлиш вишакот т.е. мањакот во себе и ќе бидеш таман.

Добар партнер е лек, лош е порок.

Времето е кратко и треба да биде слатко.

Не се плескајте за лошо, туку на шега и за убаво.

Ако некој ти бара нешто што не сакаш да дадеш, побарај му нешто што не сака да даде.

Сексот и парите будат ист интензитет на интерес што значи дека женскиот полов орган во некои случаи може да се смета како валута.

Треба да уживаш во животот, но тој кој ќе ти го рече тоа во тебе гледа уживање, а не дека ќе уживаш со таков глупак.

Ако ти рече дека си добар љубовник, не го расипувај моментот со прашаување од каде знае.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот