АФОРИЗМИ 54 - ЗБУНЕТ

Go down

20110720

Пишување 

АФОРИЗМИ 54 - ЗБУНЕТ




Љубовта е претпоставка, а ти си шпекулант на берза.

Кој се извинува значи каде плукнал лиже.

Околку 100 мажи годишно пријавуваат дека се малтеретирани и тепани од своите жени. Сепак е сеуште недоволна бројка за да се потврди конечната рамноправност помеѓу половите.

Кога не си добродојден гледај бар со добро да си заминеш за побрзо да заборавиш.

Кога си подобар од најдобриот, тој ќе гледа да ги сврти другите против тебе.

Можеш да покажуваш сила на лешинари, но кога и да е, ако треба ќе те чекаат да остариш или разболиш и ќе те опколат. Ако си силен совладај го водачот и лешинарите ќе те следат.

Сите имаме моменти на злоба и расипаност во нас. Важно е да ги препознаеш да се дистанцираш од нив.

Ако имаш намера, а се колебаш, застани каде има јато чавки, почекај да ти го земат паметот и тргни кон својата цел.

Ако не можеш да летуваш на некое егзотично место, не се нервирај затоа што твојата земја те сака и затоа не те пушта. Тие кои одат на такви места не ги сака и затоа ги пушта.

АКо сакаш да си слободен ќе одиш бос па ќе видиме до каде ќе стигнеш. Ако не, тогаш ќе живееш меѓу обичните луѓе со кондори со меѓусебно врзани врвци за да правиш само ситни чекорчиња и тогаш ќе видиме до каде ќе стигнеш.

Ако на некого помислуваш и тоа облечен на ова жешко, значи не го сакаш ич.

Фетишистот е колекционер на неиспрани женски гаќи.

Кога те очекува поголем проблем, до тогаш занимавај се со помали проблеми за кога ќе дојде на ред поголемиот по инерција ќе го третираш како помал. Ако само со него се занимаваш ќе стане огромен.

Ветерот ти ја бушави косата, а чувствата срцето. Значи важно е да имаш коса и срце.

Женче е како брзо машинче и за да го сопреш треба да и’ предизвикаш краток спој.

Животот за некои е трпење и крпење, за некои црпење и дрпање.

Кога не можат да ти помогнат многу им е жал. Кога можат воопшто не им е жал.

Може да биде значаен колку и да е можно, но тоа нема да ја надополни празнината ако не е доволно маж или жена.

Не е важно зошто не те сакаат тие кои не те сакаат, туку зошто те сакаат тие кои те сакаат.

Ако многу зборуваш сигурно некаде ќе погрешиш, ако не зборуваш сигурно ќе станеш смотан.

Важен е квалитетен живот, а не колку долг му бил.

Во животот може да ти касни или да не добиеш, но мораш да се куражиш за да продолжиш понатака.

Човекот својата суштина ја украсува со префинетост и интелиганција или ја нагрдува со грубост и малоумност.

Кој би можел друг да ги разбере оние кои се опиени сами од себе сем пијаниците?

Ние сме како возила, а сообраќајните дозволи се на име на нашиот партнер.

Спортот е добар за спортистите, но не сум сигурен колку е добар за публиката кога врескаат до зарипнување.

Плачењето според една дефиницја е проверка на реалноста - ќе си поплачеш и кога ќе видиш дека нема, ќе си забришеш солзи, ќе си исекнеш носот и продолжуваш понатака.

Каде има солзи има и мрсули.

Јас сум како авион, пробивам звучен ѕид со хрчење додека спијам.

Утехата е како кога мамичка не’ тешеше кога ќе си го удревме колемцето и после ќе ни’ купеше сладолед. Ама сега ни полн фрижидер со сладолед не ни’ стасува.

Се’ што ни’ е кажано лага е: Ние не сме ние, ова не е тоа. Ние сме некои други и ова е нешто друго. Ние сме едно “ можеби “.

Голем дел од законите се непромислени и ја предизвикуваат човечката снаодливост.

Добрите луѓе се често оговарани затоа што нивното однесување е неприфатливо за лошите.

Добро е во осаменост да го надградуваш својот дух, но ако претераш ќе почнеш да личиш на дух.

Парите можат да бидат отепувачка ако паѓаат метални евра одозгора, а ти немаш шлем.

Жените потешко се разладуваат затоа што колку повеќе се разголуваат толку пожешки погледи ги пратат.

Оној кој менува жени е како понављач во школо.

Во средината е суштината на секоја врска.

На секое разминување по едно милување и така се исполнува дневна норма.

Во голата вистина е светлината и останува само едно место каде може да се оди.

Кога ќе тргне љубовта, како автоматизирана е, само што не е климатизирана.

Вистинска љубов е кога климата не може да постигне да олади.

Не можеш да облагородиш неписмен и злобен човек. Уште ако има некаква позиција не можеш да го сопреш сем да го заплашиш, но не со блефирање, за да почувствува дека си спремен да одиш до крај.

Тие кои се неодговорни и мрзеливи господ им помага со среќни случки за да преживеат. На тие кои се одговорни и вредни не им треба помош затоа што сами ќе се снајдат.

Смртта е демократска појава. Секој има право да умре.

Маркс велеше дека во капитализмот владеат ѕверови гладни за профит, а браковите се од интерес. Пфф, нели не е така?

Продукцијата на видео игри заработува повеќе од филмската и музичката затоа што важно е да се учествува, а не пасивно да се гледаат и слушаат само најуспешните.

Сега има наградна игра и во пиво. Кој ќе им верува ќе стане алкохоличар.

Сите имаме некоја филозофија за животот, разликата е само во практична изводливост или само колку да се најдеме во муабет.

Ѕвездите не постојат само да им се восхитуваме, таму е иднината на човечкиот род, ако остане тука само ќе се задуши затоа што премногу е смрдлив.

Љубовта значи и способност да го одбереш вистинскиот човек, во спротивно е само желба да малтретираш или да бидеш малтретиран.

Жената сака тој да ги прочита нејзините мисли без таа да ги изговори. Машките тоа го сфаќаат како телепатија и дека е невозможмо, а жените како внимание и дека е возможно.

Да бидеш самурај значи да имаш чест и образ и да не се служиш со ниски и подмолни удари. А ова е Нинџа свет каде сите средства се дозволени затоа што е важна само целта.

Не сакам почест затоа што не сакам да им го правам ќефот на гулабите да ми серат на споменикот.

Имаш избор да бидеш упорен и безобразен или културен и скромен.

За да знае да љуби треба прво да почне со себе за да си биде отскочна даска, во спротивно засекогаш ќе му фали даска.

Ако е крив, а не признава дека е крив, направи му да криви за да сфати дека е крив.

Зошто помеѓу неписмените и буквалистите нема разлика? Затоа што се исти.

Во секого од нас Господ ставил по нешто од себе. Е сега некои не забележале и тераат со основно.

Елегантно облечен излегува од возилото и продолжува пешки. Тоа значи дека одбива да го заведат.

Не значи дека твоето рамо служи само за плачење. Може само сака да си ги избрише мрсулите од тебе.

Ако си паничар научи се да прашуваш затоа што само знаењето е единствен лек против паника.

Ако си депресивец замисли дека има некое дете до тебе што плаче, вреска и досаѓа. Како ќе го утешиш? Епа исто така и себе ќе се развеселиш.

Ако е голема разликата во годините помеѓу партнерите, колку повеќе пари има постариот разликата во години се намалува.

Не е цвеќе се’ што расте во рака, а може да е оса.

Која сака туѓи мажи сака и стап.

Кој е духовно богат од духови и вампири не се плаши.

Ако не си доволно паметен за важна одлука учи се од политичарите и ќе видиш дека нема потреба да си паметен и нема важни одлуки.

Кој брза заслепен е, кој не брза заспан е.

На ист начин мораш да ги дочекуваш пофалбите и навредите затоа што често навредата е прикриена пофалба, а пофалбата прикриена навреда.

Мудар не значи славен, славен не значи мудар.

Важно е да одбереш професија, уште поважно која професија ќе те одбере тебе.

Жени галамат и не’ дочекуваат кога ќе се родиме на овој свет, жени не’ испраќаат и галамат кога ќе си заминеме од овој свет.

Најсилното оружје на жените се нивните слабости. Кога ќе те нападне со нив, а ти се браниш, нема поголем злосторник од тебе.

Кој за жените зборува тој ништо не знае, кој знае страв му е да отвори уста.

Ако и’ речеш на жена дека е стара значи и’ мислиш нешто лошо.

Ако жена ти смета додека работиш нешто важно, кажи и’ дека е убава и ќе си замине.

Ако и’ се допаднеш на жена очекува да и’ се удвараш иако појма немаш дали и’ се допаѓаш.

Шфалерка, колку тоа грубо звучи. Затоа што си се пофалил.

Патот до женското срце е лизгав и со многу кривини, а мораш да бидеш брз, а има и нелојална конуренција со хелихоптери.

Кој со жена пие долго нема да се отрезни затоа што се две пијанства во едно.

Што се силикони? Вештачки засладувачи.


avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот