МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 40 - ЗБУНЕТ

Go down

20110213

Пишување 

АФОРИЗМИ 40 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 40 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Смеењето знае да биде заразно, ама и . . . њето.

Што е интелектуалец? Личност со повеќе образование од интелигенција.

Лав со истапени заби личи само на лав.

Не им е лесно ни на жените. Од секаде понуди, ама ретко вистинска, и кога ќе дојде не може да ја препознае.

Сега е време на богати и неписмени и неписмени и разголени.

Која е разлика помеѓу будала и будалче? Будалата не дава никаква надеж.

Восочна е маската на луѓето. Ако му се приближиш, ќе видиш како му се растопува.

Женското треба да му дава комплимент на партнерот нарекувајќи го “Дијамант“, оти не постои ништо потврдо.

Што е златна грутка? Оној со кого е таа само заради тоа што е богат.

Кога мажот е внимателен и фин? Кога ќе згреши нешто. Не може да и’ иде по газот цело време, тоа би значело дека цело време греши.

Ако некој гласно пушта не мора да значи дека е глув, туку сака да ги надгласа гласовите во главата.

Што е грешка? Кога ќе го направиш правилното во погрешни околности.

Мажите и жените го сакаат едни од други тоа што не го даваат на секого.

Ти си тоа што те плаши.

Жена може прво да ти покаже кон креветот, но потоа може и кон вратата.

Добриот го онадуваат, лошиот онади.

Не постојат пријатели или непријатели. Постојат само пријатни и непријатни односи.

Ја сакаш, а таа не знае. Е како да знае кога си се сокрил ко затрупан маргарин во темен ќош во фрижидер.

Зошто постојат погрешни љубови? За да биде спремен и обучен да ја љуби кога ќе се појави вистинската.

Читав дека породувањето болело повеќе од рана од куршум. Значи се работи за последици од поголем калибар.

Според најнови истражувања колку е поудобна фотељата ствара поголема наглувост и го боли гениталниот орган заради се’ околу.

Зошто белците ги сотреле индијанците во Америка? Оти не го запазиле рокот за откуп на земјиштето, немале имотен лист, пушеле тутун кај стигнеле и неќеле да плаќаат за Телевизија.

Се случува оној кој ти е близок, сем добрите работи си зема за право и да те омаловажува.

Колкава е разликата од теорија до пракса? Колку од љубовен до порно филм.

Едните имаат куќи, станови, коли и светот го прошетале. Од тоа ќе останат само слики каде се смешкале како имбецили. Немало ништо нивно.
На другите, сликите и книгите ќе им ги гледаат и читаат долго по нив и засекогаш ќе останат нивни со препознатлив потпис.

Доброто не се продава најдобро, затоа што повеќето не се добри.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот