МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 36 - ЗБУНЕТ

Go down

20110113

Пишување 

АФОРИЗМИ 36 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 36 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Ѓаволот никогаш не се врати да биде ангел, така да не чекај да се смилостиват. Можеш само да бегаш или да се бориш.

Многумина нивниот нос го сметаат за господ и не сакаат да гледаат подалеку од него.

Цело време го обвинуваме запад, а тие никогаш не ни рекоа да ограбуваме злоупотребувајќи функции и уште повеќе да ги осиромашуваме сиромашните.

Индивидуална еволуција која никој не може да ја побие е дека со текот на времето секој маж станува мајмун, а секоја жена вештерка.

Како ќе познаеш дека некој лаже? Ќе му кажеш поинакво мислење од неговото и тој многу бурно ќе реагира.

Што е астролог? Космонаут без диплома.

Што е видовит? Видел во себе нешто што никој не може да го види и другите ги убедил дека го има.

Што е биоенергетичар? Електричар.

Обично медицината го кажува крајниот збор кај секој човек.

Кога беше социјализам ни’ сметаше, па се вративме во капитализам и тој ни’ сметаше, сега сме во робовладетелско општество и никој не смее да се буни.

Предрасуда е дека ако некоја е љубезна со тебе постои шанса и да ти даде.

Кога таа сака, тогаш се твоите пет минути.

Осаменоста е избор кога имаш полош избор.

Кога ќе се појавуваат вредни нешта најчесто се безвредни поради старите навики.

Надежите се главна препрека за да се биде паметен.

За нервозен не требаат лекарства, доволно е да му се забрани забрзано дишење.

Ако имаш способност да даваш кураж, шири ја и се’ што ќе рашириш спасено ќе биде.

Кој бега од своето минато често погледнува наназад и се сопнува.

Среќата можеби скришно не’ посакува, ама се стега затоа што не сака да испадне лесна и оти е од женски род.

Да бидеш нежен со нежните, груб со грубите, културен со културните тоа значи да бидеш волк кој личи на јагне.

Сегашнава власт не ја заслужува сегашнава позиција, но и сегашната опозиција не заслужува да ја замени сегашнава позиција.

И луѓето пасат секојдневно. Пасат од медиумите.

Секоја функција мора прво да биде психијатриски одобрена, а не партиски. Сегашнава ситуација е создадена заради тој пропуст.

Кај нас треба армија од психијатри, а не од војници. Нормално дека ќе бидат платени со парите на народот, но за прв пат за нивно добро.

Смисолот на животот е составен од три димензии : Да спиеш, да јадеш и да се размножуваш. Бесмисленоста настанува кога споредните и помошни работи сакаш да ги направиш главни, а главните споредни.

Која троши на цигари нема да има фигура и фризура и нема да има шФалер.

Зошто на запад има повеќе хомосексуалци? Оти им било постудено и се гушкале за да се згреат.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот