МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 28 - ЗБУНЕТ

Go down

20101107

Пишување 

АФОРИЗМИ 28 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 28 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Ништо не боли така како кога тој кого си сметал за паметен станува арогантен и почнува да те прави будала.

Да бидеш среќен ти требаат луѓе, а гарант некој од нив ќе се обиде да те направи несреќен.

Парите и моќта се најлошиот начин да си ги поправиш комплексите, затоа што тие можат да те одведат само во лудило.

Меѓу најголемите лаги е и приказната за Тарзан, затоа што меѓу животни можеш да бидеш само уште едно животно.

Треба да настојуваш ја завршиш работата надвор затоа што внатре можеш да извалкаш и ќе треба чистење.

Првиот пат кога ќе ви се спојат погледите гледате во душевната дневна соба и ако е уредна, ќе се покаже и спалната.

Кои парови водат љубов почесто? Тие кои се сиромашни и немаат друга забава.

Подобро е сликата од партнерот наместо во џеп до срцето, да се носи во гаќите оти така ќе те боцка и потсетува.

Милосрдна жена е таа која се разголува затоа што пружа утеха за тажни очи.

Процентуално се намалени срцевите заболувања затоа што на многумина им се претворени во камења или парчиња мраз.

Како се нарекува човек кој живе сам? Саможивеник. Да не бил себичен не би живеел сам.

По караница во знак на примирје партнерите наместо бело знаме треба да ги истакнат гаќите. Оти само без гаќи може да го увери во неговите мирољубиви намери.

Турска серија, списание Свет, Фарма, ФБ. Тоа се четрите страни на светот.

За да штедиш треба прво да имаш, за да знаеш треба прво да платиш и откако ќе дознаеш нема да имаш со што да почнеш.

Жената е каубојка, а мажот коњ што значи треба да го врзе пред да влезе во продавница.

Некогаш потстоела магија, исчезнала затоа што луѓето престанале да веруваат во неа. Исто така ќе престане да се верува во “Американскиот сон“ затоа што тоа е само сон.

Женските нозе се како птички кои слетуваат на машки рамена кои се како гранки од дрво.

Тој и’ е маж, но кога ќе се избања, избричи и намириса и’ станува шфалер.

За да ти тргне денот, наутро наполни рака за да наполниш срце.

Жената е навика која лесно можеш да ја навлечеш.

Не се гледај со многу жени оти може да те урочат.

Секогаш постојат будали кои не го разбрале вицот, а се смеат заради другите кои го разбрале.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот