МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 20 - ЗБУНЕТ

Go down

20100811

Пишување 

АФОРИЗМИ 20 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 20 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Ако си лош со другите лош си и за себе, ако си добар со другите добар си за нив, а лош за себе.

Автосугестија е молитва до себе.

Најголемите мудрости се кријат помеѓу најголемите глупости за да не бидат лесно препознаени и злоупотребени.

Оној кој ќе свати дека се’ е само сон, тогаш сонот ќе стане реалност, а јавето сон каде се’ е можно.

Животот е сапун, се троши, ама другите работи не се.

Штом си посебен ќе се чувствуваш осамен.

Во светот се цени тоа што не го ценам и затоа сум аутсајдер.

Знам дека е таа таа кога со мене се чувствува како во друга состојба со блажена насмевка како калуѓерка.

Нашата држава е коњ без јавач затоа што со него се гостат лешинарите.

Со ништо толку не можеш да испровоцираш некого колку со тоа ако имаш свое мислење.

Често немаме друг излез сем да веруваме во нашите лаги кои ги нарекуваме надежи.

Читав за некоја проститутка и сериски убиец. Ако ги убивала муштериите не е ништо страшно ионака проституцијата е кривично дело, таа само им пресудила. Ја осудиле затоа што немала положено правосуден испит. Ете еден пример зошто треба да имате диплома !
Знаењето е сила, знаењето е моќ !

Иронијата е еден од поочајните обиди да се сочува достоинството.

Да биде успешен подразбира да имаат кај кого да се гребат и да му го бацуваат газот

Често се преправаме дека веруваме, а во себе знаеме дека ризикуваме.

Кога некој високо те крева, тоа само ти прави реклама за да те продаде. Ќе се свестиш, не заради тоа што те продал, туку заради ефтината цена.

Болката е учител, само повеќе би сакал што е можно повеќе да кидам од нејзините часови.

Велат дека знамињата се симбол, но повеќе ми личат на фетиш

Тоа што било твое ќе биде нечие, тоа што ќе биде твое и тоа било нечие, тоа што е твое, можеби истовремено е и нечие.

Зошто-рече-така-глупчо-еден фобија е филмска фобија од стари филмови коа си ги враќаш

Најчесто секој ден е нов ден кој е ист како вчерашниот.

Вистинските цели кои навистина ни’ се потребни се секогаш над нашите можности.

Првиот впечаток знае да боли, а вториот да биде сладок иако најчесто е обратно.

Некои имаат само сетилни клетки и нервни завршетоци, ослободени од
товарот на емоциите. Тоа е накратко описот на нашите успешни бизнисмени и политичари.

Повеќето мислат дека знаат што е љубов, кој знае дали би биле така сигурни кога би имало задолжителна проверка на знаењето.

На плажа многу ретко некој да се скара, значи колку повеќе си соблечен помалку има шанси да се скараш.

Нема добра или лоша поза. Ако нема љубов тогаш во секоја се чувствуваш како идиот.

Позите повеќе личат на балет на голо затоа што имаат повеќе визуелна вредност за пред публика.

“ Те сакам“ е субјективен израз затоа што ги сакаме луѓето онолку колку знаеме, но често во реалноста испаѓа дека треба да се замени со друг.

Јас сум магепсник, мал проблем знам да го направам голем.

Доволно е само еден да е некултурен и сите околу него ќе бидат малцинство.

Жените бараат од нас да пораснеме, а мама тоа не го дозволува. Е ај сега кого да слушаш ?

Да направам лошо многу ми се и 5 минути, да направам добро малку ми се и 5 години.

Менталитет е блага масовна ретардација.

Колку повеќе имаш толку помалку те дружат заради тоа што си.

Многумина учат за да избегаат од бедата, меѓутоа од чувството дека се бедни многумина никогаш нема да избегаат.

Колку повеќе вредиш на пазарот толку помалку ќе вредиш дома.

Во времето на лажни идеали за соврешеност какви се сега, искреноста се третира како инвалидност.

Кога ќе ти нанесат болка, ги откачуваш и се дистанцираш од таквите, кога
ќе нанесеш болка, се откачуваш и се дистанцираш од себе.

Значи имаме две партии составени од неандерталци и роботи. Еволуција помеѓу две партии.Едните заглавени во детски развој, другите ни на живо се смеат ни на мртво плачат.

Ние сме само кучиња, а судбината е нашиот сопственик кој не’ држи на ланец.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот