МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 13 - ЗБУНЕТ

Go down

20100517

Пишување 

АФОРИЗМИ 13 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 13 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Провокација е кога си убав, уште ако имаш карактер никогаш нема да ти биде простено.

Трачот е едниствениот начин да дознаеш за некого нешто што не е вистина.

Кај нас покана за кафе најчесто значи покана за секс. Ако пиеш кафе сам ќе те гледаат како да мастурбираш.

Би сакал да ми се случи она што не смеам да го кажам, ама и никој да не дознае.

Цел ден трчаш да завршиш работа, некаде ќе зафркнеш и претходното џабе си го работел.

За се’ си треба мерка, па и за совест ако сакаш да опстанеш.

Совеста е високо сместена и не може секој да ја докачи.

Брзите избегаа од државава, останавме само спорите.

Вистинскиот воин се бори против себе заради себе, а не против друг и заради друг.

Индијана Џонс се авантурисал таму каде е скришно, опасно и комплицирано, исто какви се жените, што е знак дека таму има скриено богатство.

Мажот е створен заради опстанок, жената заради смисол. Нема потажно нешто од неспособен маж и бесмислена жена.

Постојат луѓе кои се доволно моќни и го манипулираат светот, но тоа што се случува во светот е доказ дека и покрај целата моќ и знаење човекот останува мајмун.

Разликата помеѓу првиот и последниот впечаток е во страстите кои те спречуваат да гледаш реално.

Нервозата е казна за нашата неодлучност.

Времето е релативно, зависно од која страна на вратата од ВЦ - то се наоѓаш.

Луѓето забораваат, ние не забораваме, мислиме дека цело време мислат на нас. Често се срамиме од некои работи кои сме ги направиле во минатото иако никој не се сеќава на тоа.

Кога би знаеле нашите непријатели колку мислиме на нив, би скокале од радост.

Најубавото нешто што може да ти се случи е кога некој е крај тебе, а не ти бара ништо.

Што е тоа женско што ќе облече, а не предизвикува ? Дури и калуѓерките ги направија предизвикувачки.

Пријателството воглавно е засновано на размена на доверливи податоци за нас кои истите и од истите воглавно ќе бидат употребено против нас.

Знаеме газот за што служи, но има многу такви кои би ручале на него.

Кога често се повикува на искреност значи сака да ја стекне од друг заради предимство криејќи ја својата.

Знам дека тоа е тоа, кога таа е таа.

Тешко можам да ја согледам мојата иднина затоа што е на атомско ниво.

Имам дарба да гледам... по жени ко манијак.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот