МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 3

Go down

20100205

Пишување 

АФОРИЗМИ 3 Empty АФОРИЗМИ 3




(за повеќе кликни на насловот)


Воља е да се натераш себе си да правиш нешто што не ти се прави.

Испаднав глуп. Сега сум и јас некој и нешто.

Многу кои ги водеше срцето, ја изгубија главата.
Многу кои ги водеше главата, го изгубија срцето.
А можеби требаше да пробаат со душата ?

Некогаш птиците умираа пеејќи, а сега умираат кашлајќи.

Ни сам себе не се разбирам. Ете така станав поет.

Не ги сакаат сите џепните книги. Џепарошите на пример.

Првото еротско искуство го имав со професорката по биологија. Ми ја зема “ Еротиката “ и ме прати кај директорот.

Од сите детски болести најдолго се боледува од онанија.

Онанијата е работа извадена од контекст.

Девиците се недопрена природа.

Маж со мозок може многу да направи, ама жена со мозок може сешто да направи.

Жената е единственото суштество кое ги бричи нозете.

Шизофренијата е кул. Не мора да дава пари за дрога.

Чекорот од лудак до манијак е многу мал. Доволно е лудакот во раце да земе некое оружје.

Со годините човекот станува подобар. Му снемува сила за пороци.

Ако од нешто бегаш цел живот, на крајот ќе сватиш дека си предодреден за тоа.

Во добро огранизирано друштво, човекот е осамена појава.

Постигнати се незапамтени успеси. Никој не се сеќава на нив.

Кога сатирата е на пола копје тоа значи дека слободата е мртва.

Се‘ што му ветија на народот, народот им овозможи да имаат.

Неспособните имаат способност да ги онеспособат способните.

Секое школо се плаќа. Затоа ја купуваат дипломата.

Од плата не се живее. Од неа се изумира.

Кој пее зло не мисли. Кој мисли не му е до песна.

Шега на страна. За црни денови.

На лагата и’ се кратки нозете. Затоа не се гледаат зад говорница.

Демократија е право да бираш меѓу две зла.

Непријателот е разбиен. Секаде е околу нас.

Не го оставија народот на цедило. Сеуште го цедат.

Во темелите на државата се нејзините најодбри синови. Затоа ѓубрето е секогаш на површина.

Се изјасни дека сака достоен живот каков доликува на човек. Го нарекоа комунист и го протераа.

Прво седнувам јас, па таа. Не е каваљерски, ама е возбудливо.

Комшијата се ожени за да имам жена.

Го сретнав професорот по 30 години. Го препознав по капутот.

Љубовта е како морска болест. Додека ти се чини дека умираш сите околу тебе си се смеат.

Животот е трагедија за оние кои чувствуваат, а комедија за тие што мислат.

Свекрвата е како вегета, во се’ се меша.

Со будали не вреди да се расправаш. Прво ќе те доведат на нивно ниво, а потоа ќе те поразат со искуство.

Подобро е да се смееш во колиба од колку да плачеш во палата.

Им ги покажавме трите прста со акцент на средниот прст.

Постојат неподмитливи луѓе. Оние од кои не зависиш.

Децата често бегаат од часови, а родителите од работа. Штета што бар тоа време не се заедно.

Ако не можете колку што можат другите, обвините ги нив, а не себе. Тие би можеле помалку, а вие не можете повеќе.

Основното образование е обавезно и бесплатно. За учениците е скоро обавезно, а за наставниците скоро бесплатно.

Секогаше подобро таму од тука. Секогаш е поубаво тоа од ова. Немаме среќа со
тоа што имаме и што сме. Нашата среќа ја уживаат други, а за тоа може
не ни знаат.

Највеќе ве мразат оние кои највеќе ви должат.

Непријателите не ни можат ништо. Се’ што би сакале тие, можеме и сами.

Жената постојано треба да биде жена, затоа што никогаш не се знае кога мажот би можеле да стане маж.

Јас ја толерирам затоа што знам какви жени има, а таа не ме толерира затоа што не знае какви мажи има.

Можеби
мажите се поинтелигентни од жените, но сеуште не сум видел жена да
потрча по глуп маж за да се восхитува на неговите нозе.

Читањето го расипува видот. Добро гледаат само неписмените.

Кога филозоф ќе ви одговори на поставено прашање, повеќе и не разбирате што сте го прашале.

Сите ние сме мртовци на отсуство.

Тој е многу побожен. Секој ден се моли да му умре козата на комшијата.

Љубовта е хемија, сексот е физика.

Секс е збор од четри букви на кој му потребен збор од пет букви за да го добие своето целосно значење.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот