МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ТОЧКАСТО ЕЗЕРО

Go down

20100204

Пишување 

ТОЧКАСТО ЕЗЕРО Empty ТОЧКАСТО ЕЗЕРО




(за повеќе кликни на насловот)


Дамкастото или точкастото езеро во близина на градот Осојос во Британска Колумбија е резултат на различните видови минерали кои предизвикуваат езерото често да ги менува боите. Својата вистинска убавина езерото ја открива во летниот период кога заради сушите се претвора во низа прекрасни, разнобојни барички кои изгледаат како да произлегле од имагинацијата на некој сликар.

Езерото е богато со калциум, содиум и магнезиум сулфат, дури и сребро и титаниум. Било нарекувано Kliluk од страна на Окинага индијанците на кои им биле познати терапевтските моќи на езерото генерации наназад. За нив тоа било свето место за лечење кожни болести, брадавици, болки во телото и раните добиени во битките.

На почетокот на 20 век езерото и околното земјиште стана сопственост на Ернест Смит и неговото семејство кои во 70-тите години имаа намера да го претворат во спа центар. Ова ќе значеше ископувања и силна комерцијализација на местото, факт што нема да ги усреќи тамошните индијанци. Повеќе од 20 години од 1979, тие се обидуваат да го купат езерoто и околното земјиште. Тие постигнаа копромис со семејството Смит дури во 2001, кога за
неколку стотина илјади долари, купиле 22 хектари.


Денес на оваа територија се наоѓа единствениот индијански резерват (со 370 жители) во Британска Колумбија. Дамкастото езеро сè уште е во приватна сопственост, па посетителите можат да му се восхитуваат одблиску само со специјална довола од племето Оканага.


ТОЧКАСТО ЕЗЕРО 20231910


ТОЧКАСТО ЕЗЕРО 20462010

ТОЧКАСТО ЕЗЕРО 20998310

ТОЧКАСТО ЕЗЕРО 23053610

ТОЧКАСТО ЕЗЕРО 28094010

ТОЧКАСТО ЕЗЕРО 29742510

ТОЧКАСТО ЕЗЕРО 29988110
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот