МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 48 - ЗБУНЕТ

Go down

20110505

Пишување 

АФОРИЗМИ 48 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 48 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Парови се парат, непарови се непарат.

Жените баш и не го чувствуваат најчувствителниот момент кај мажите, кај жените бар може да се види според изразите на лицето.

Конформизам е прифаќање на друштвените норми и обичаи каде се наоѓаш иако те нервираат, но така почесто ќе те прифаќаат будалите.

Под пазарна вредност се подразбира цената на твојата слобода т.е. за колку си спремен да ја продадеш и данокот кој ќе го платиш во остатокот од слободното време.

Карактер е израз на мисли и чувства кои те прават да се чувствуваш осамен и во најголема гужва.

Нагонот е како змеј на кој ако му ја исечеш главата, ќе изникнат уште 100, па иди па победи го.

Љубовта е моќ и сила. Ако ја употребуваш удри со сета сила, не дели шамари оти бргу ќе се совземе.

Културата е врвен прозвод на умот кој имплицира технолошки напредок, висок стандард и организираност. Кој од овие три кај нас фали за да бидеме културни?

Ако била во право, а ти не си ја послушал искрено си за жалење...тешко тебе.

Кога жената би научила да заборава секогаш би била заљубена, наместо да тера “ Две очи за око, цела вилица за заб.

Што е плава крв? Производ на инцест.

Власта ги прави луѓето кретени, тоа е многу пати докажано.

Колку пати испаднало во ред, а си се нервирал дека нема да биде во ред, а цело време со тебе не било во ред.

Онадам јас,
онадиш ти,
и кога оно ние онадени.

Дали верувам во живот после смртта? Не знам дали да верувам и во животот пред смртта.

Ќе ми недостасуваш скоро колку би си недостасувал да ме немаше.

Еднаш ми дојде еден пијаница кој ми кажуваше дека е важна личност. Во продолжеток зборуваше толку глупости што ме натера да поверувам.

Како се теши жена кога и’ е тешко? „ Не плачи, биди машко“.

Се случи лоша работа, само добро е што им се случи ним, а не нам.

Кој бира помеѓу две зла мора да го разбира злото и да е самиот таков повеќе или помалку.

За да се биде писмен треба школување, ако нема интелигенција, тогаш е силување.

Проблем е кога живееш во просечни околности, а ти не си таков.

Кога си лош изнервирај го блискиот свој за да те изнатепа, поарно тој од колку некој јабанџија.

Земајте кредити, оинака 2012 нема да има кој да ги врати.

За да се задлабочува некој во твоите опширни описи и размислувања треба навистина да те сака, затоа треба да бидеш краток и јасен.

Главните состојки кои делуваат да бидеме среќни ги има највеќе во сливата и смоквата.

Љубовта е како коњ за трка но со времето, кој многу ветува и на кој често типуваме, но ретко победува.

Имам другар автомеханичар, во слободно време е гинеколог во истата гаража. Полагаше уште неколку испити така се специјализира. Но само има една мана затоа што дипломата му важи само за Јавни здравствени установи. Сеуште се преговара со приватните болници.

Новинар е дел од медиум кој морам да го частам за да не збори многу, нормално со ваши пари.

Постои некоја сила која некогаш ќе ти ги одврзе кондурите за да те застане и спаси од несреќата која те очекува. Но некогаш ќе ти ги одврзе за да не можеш да и побегнеш на несреќата.

Неработни денови се тешки за оние на позиција затоа што дома се опозиција.

Има доста такви кои штом зинат - лажат. Радувај се кога за тебе ќе речат дека си глуп.

Често кога нешто е “наше“, всушност е “ничие“.

Ако некој лошо ти прави, ти со добро совладај го ... и после утепај го.

Колку повеќе се сакате и милувате, толку повеќе сапун и топла вода ќе трошите.

Кога ти доаѓа, ти расте возбуда и многу и’ се радуваш.

Жените се разбираат од математика, но понекогаш прават грешки при множење со непознато и не им излегува правилно резултатот.

Првата импресија е пресуда или благослов или невино осуден или незаслужен благослов. Значи има многу илиња.

Во ноќите паралелни димензии се ствараат и временски дупки се отвараат.

Целта на жената е да те убеди дека ти си ловецот и после се чудиш што си уловил.

Се штрецнувам кога некоја ќе ми рече дека ме сака макар и онака кажано затоа што штом ме сака треба да се земеме.

Замисли двајца пријатели, машко и женско. Што ќе се случи?

Ако некој нежно те допира, а не го познаваш, провери си го новчаникот. Ако го познаваш, џабе ќе проверуваш.


mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот