МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 33 - ЗБУНЕТ

Go down

20101225

Пишување 

АФОРИЗМИ 33 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 33 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Кога ќе почнеш да се качуваш по скалилата на препознатливоста во било која сфера, најниска цена ќе гледаат да ти закачат тие кои те познаваат. „ Кој?! Овој? Па го знам, врска нема од живот!

За една врска солидно да функционира треба да има и солидни односи.

Стандард значи сметките кои ти доаѓаат месечно да бидат на годишно ниво, а платата на годишно ниво да ти биде месечно.

Ситните лажговци и џепароши се сиромашни и висат по затвори. Големите се политичари и бизнисмени и ни’ висат над глава.

“ Не употребувај го божјото име напразно“ Симболиката би била: “Не треси зелени насекаде“.

Малку е чудно да се обидува да ја прочита иднината гледајќи во шоља. Па секој знае дека мора да пушти вода за да ја употреби во иднина повторно.

Проблемите се решаваат сам, со стиснати заби и напнување, меѓу други можеш само да се обрукаш.

Некултура е ако направиш нешто некултурно и сите да те видат, во спротивно е култура.

Ако згрешиш, внимавај кому се извинуваш.

Оној кој многу шанси пропушта, на крајот со нерви ќе попушти.

Да имаш пари не значи дека ќе бидеш среќен, но ако немаш сигурно не значи.

Замисли погребна поворка заради некој од нашиве политичари или бизнисмени, а од другата страна на улицата некое уплакано дете носи во раката мртво маче или пиле. За кого ќе ти биде повеќе жал?

Што значи ран капитализам каков е кај нас? Тоа значи дека зелени раководат со капиталот.

Кога сакаш, а не можеш е исто како да можеш, а не сакаш.

Ако не се менува во килажа, значи не е за менување.

Не значи дека е мудар ако стои по страна, може да е посран.

Фобија значи самонаметната робија.

Завидлив значи опозиционер.

Зад секој упорен маж стои напорна жена.

Караницата има и добра страна заради тоа што последователно ќе не’ натера да бидеме повнимателни еден кон друг, заради опасноста од несакани последици. Но, ако почнат подсмевања во лице или зад грб, несреќата е неизбежна.

Човек треба да има свое “јас“, но не треба да им досаѓа на другите со него.

Секое дело има филозофска заднина и смисол, но секоја филозофија нема практична заднина и смисол.

Недовербата е посилна од секоја љубов.

Лесно е да си плиток, секогаш пливаш на површина. Тешко е да си длабок, може да се удавиш.

Ако немаш врска не тагувај, смеј се без врска.

Среќата најчесто ни‘ е пред носот и затоа користи марамче кога го дуваш.

Често се тераш да не ги отераш, каде се тераат таквите кои те тераат да ги отераш.

Порно ѕвездите немале среќа веднаш да се усреќат и затоа мораат да бидат упорни да си ја најдат својата вистинска љубов.

Оправдана лага е таа во која ако те фатат да можеш да се оправдаш.

Осамен значи завршил работа, го завртел грбот и заспал.

Оној кој заработува од твојот труд тој ти е макро.

Кога е некој слаб, најчесто му плукаат во пружената рака, кога е силен му ја бакнуваат.

Секси шоповите станаа како аптеки, секакви лекови продаваат. Најчесто против главоболка.

Ако на соговорникот му се прииде во ВЦ, значи си му асоцирал на нешто со муабетот.

Подобро е жените да играат на шипка од колку видео игри, бар ќе им се радува некој.

Повеќе би сакал хонорар од коментар.

Ако си за нешто способен не прашувај за мислење неспособен иако има титула за способен.

Џиповите сведочат колку џепови се испразнети.

Ако проба нешто туѓо и сепак си остане на своето значи е непоколеблив карактер.

Политичарите и олигарсите не му прават ништо на народот кој неоправдано се жали, само на себе си прават, душички напатени.

Мораме да почекаме слободен увоз на влада, за да имаме за кого да гласаме.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот