НЕПРИСТОЈНИ АФОРИЗМИ

Go down

20100112

Пишување 

НЕПРИСТОЈНИ АФОРИЗМИ




(за повеќе кликни на насловот)


Таа не можеше да го заборави, беше длабоко во неа.

Некогаш и‘ беше трн во око, а сега и’ е меѓу нозе.

Таа беше зрела девојка, му падна сама.

Му ја прочита жената, сега му ја пролистува.

Ја прекина врската со неа - мажот и’ беше на телефон.

Кога осети дека е тврд како камен, прејдоа на толчење.

Не мислеа да се земаат, ама детето беше упорно.

Штом влезе, ја упрскува работата.

И тој беше за промени кога се жени во прашање.

Неговата среќа лежи во неа.

Не се забележуваше, а беше во неа.

Директорот има тешко бреме, секретарката треба да роди.

Тој обожува шумарство и водостопанство, посебно во нејзината област.

Ја нарече вештерка, а таа во неговите гаќи најде ѓавол.

Доаѓаше кришум, но бебето ги издаде.

Неговиот малечок добро напредуваше во нејзини раце.

Нејзините очи со јасен поглед му го откопчаа патентот.

Жена му свети од убавина и затоа често ја води во темнина.

Му ја подари сета својата љубов, а на другите само им ја продаваше.

Во машко друштво многу е мила, сите ја милуваат.

Таа никогаш не ценеше дофрлувања, само уфрлувања.

Од срце се бореше за неа и доби инфаркт.

Беше внимателна затоа што не знаеше дали е достојна за неговата величина.

Сите патишта од кафана водат кон лесни жени.

Долго се задржа на неговиот предмет, беше непобитен.

На жена секој и’ е единствен додека е во неа.

Таа му ги зема сите конци од рака, но тој со време ги замрси.

Не би се сетил Питагора на триаголникот да не беа жените.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот