АФОРИЗМИ 27 - ЗБУНЕТ

Go down

20101031

Пишување 

АФОРИЗМИ 27 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Кој тешко се брани од напади на љубоморство? Оној кој нема што да крие и затоа не е убедлив.

Оној кој е на подобра позиција од тебе, често ти дава предлози на твоја штета.

Секогаш последователно е побурна реакцијата на оној кој ќе го одбиеш од оној кому ќе учиниш услуга.

Љубовта не е секогаш љубов, некогаш само така се нарекува.

Некои љубовници им треба да време да сфатат дека цело време се само другарчиња.

Се појавија на пазарот “ Мрзливи пици “ кои брзо се подготвуваат и кај кои главен акцент е ставен на изгледот и заради цената се наменети само за повисоките слоеви.

Љубовта и почитта одат заедно или раскинуваат.

Младите со дух се секогаш невини и насмеани и не ги засега што се зборува за нив.

Карактерните црти се обележуваат со црвени линии.

Мајката земја не’ трпи затоа што е мајка, да имаше и татко ќе имаше кој да поведе сметка за човештвото.

Кога ќе видиш убава жена и’ посакуваш да и’ се случи нешто убаво, ама со тебе.

Кога критикуваме некого гневни сме затоа што и ние би го сториле истото, ама не смееме или не можеме.

Дали и жените кога си опишуваат меѓу себе сексуални искуства, се служат со рацете?

Тие кои не умеат да се снајдат се божји чеда оти се препуштени на неговата воља.

Главен акцент ставаме на тоа како изгледаме и што имаме, на штета на интелигенцијата и потоа се лутиме ако не’ сметаат за глупи.

Со сила интелигентен не се станува, туку со учење.

Смисолот на животот е во тебе, на тебе е да го направиш бесмислен за да има рамнотежа.

Секој има дарба. Интелигенцијата настанува со негување на дарбата, а нејзиното потиснување доведува до глупавост како одмазда.

Само преку насмевката се станува убав и затоа треба највеќе да и‘ се обрне внимание и да се оддржува.

Да ги избегнуваш проблемите во животот е исто како да не сакаш да се испотиш за нешто што ти причинува задоволство.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот