МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АПОЛИТИЧКИ АФОРИЗМИ

Go down

20100108

Пишување 

АПОЛИТИЧКИ АФОРИЗМИ Empty АПОЛИТИЧКИ АФОРИЗМИ




(за повеќе кликни на насловот)


Биди чесен, упорен и вреден и сигурно ќе завршиш беден.

Ние сме убава нација, но физичкот изглед и нема некое влијание, психички сме грди како стаорци.

Водачот ни’ ветува подобар живот. Дали тоа ни‘ најавува негова оставка ?

Медиумите се слободни. Но колку може да им се верува на медиумите ?

Сум се наоружал до заби. Кај брат не се оди со празни раце.

Жртвите паднаа залудно, но беа жртвувани со цел.

Народ е оној дел од споменикот кој е вкопан под земја.

Нашата власт е ограничено способна. За себе може да направи се’, а за народот ништо.

Колку повеќе те тепаат, помалку те боли.

Политичката сцена потсетува на игри без граници. Разликата е во тоа што фер - плеј е исклучен.

За нашата цивилизација сведочат бројни руини.

Успехот на нашето прво востание лежи во петвековното планирање.

Новинарите на државната телевизија имаат пречки на врските со стварноста.

Геноцидот не може да се предвиди, тоа е работа на инспирација.

Би можеле и ние да се опаметиме, но со тоа би го изгубиле националиот идентитет.

Не седат залудно просјаците на улица, има народ пари.

Неопходно е вистината за нас да се пробие во светот, затоа и ставивме пробисвет за амбасадор.

Бројот на платеници и издајници достигнува до милион. ЦИА ќе мора да ги праќа на принуден одмор.

Не е точно дека треба само да бидеш во партија за да успееш. Треба да бидеш и гнида.

Нашата власт е за цивилно општество, кога ќе ја укинат војската ќе гинат исклучиво цивили.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот