АФОРИЗМИ 21 - ЗБУНЕТ

Go down

20100906

Пишување 

АФОРИЗМИ 21 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Потребата од сонување ја потикнува немањето самопотврда и достоинство.

Иднината е награда или казна за нашето минато.

Кон се’ што имаш чувства истовремено сакаш и мразиш. Разликата е само во процентуалната застапеност.

Додека се провоцирате меѓусебно вашата врска ќе трае.

Проблемите во животот се решаваат некогаш со кочење, успорување или претекнување ама сепак треба да имаш дозвола.

Љубов се оние кратки моменти додека сте сами и слабо се познавате.

Таа е таа додека мисли дека јас сум тој.

Ако ти се случи нешто убаво како гром од ведро небо, на крајот сигурно ќе загинеш од громот.

Немањето соодветни активни нагони за достоинствен опстанок доведува до неактивни полови органи т.е. кои го одредуваат полот.

Кога филозофираш значи навистина немаш друг избор да ги разбереш работите.

Постојат и самоумни карактери, само тие знаат и никој друг ништо не знае.

Вредноста на сите нас отприлика е иста, зависно е на која тезга те продаваат, дали е ударна или некоја на страна каде никој не поминува.

Колку поголеми очекувања, толку поголеми разочарувања. Колку поголема гордост, толку поголем срам.

Ако при првиот разголен однос имаат проблем, тој од срам ќе мора да остане со неа за да се докаже, а и таа ќе остане за да го стекне потребниот впечаток дека е привлечна. Значи остануваат заедно оние кои имаат проблем.

Со самоволие и ароганција се обидува да прикрие недостаток на интелигенција.

Млад дух, значи здраво тело.

Мојот прв впечаток го оформувам според тоа каде прво ме гледа.

Дури и зборовите имаат субјективно значење, секој си ги сваќа како му одговара. А требаше за сите исто да значат.

Кога би се сексале колку што се трудат да изгледаат секси, од кревет не би станале.

Ништо не вади толку од такт колку кога некој ти ги вади зборовите од контекст.

Срцето има такт, значи има и песна.

Кога пријателот ќе ти стане непријател, наизменично во себе пееш и плачеш. Не ти недостасува толку некогашниот пријател колку што ти недостасува храброст.

Осамените луѓе се лоши, болни или сиромашни или сите три во еден.

Во текот на животот многу работи треба да се омекнат или стврднат.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот