АФОРИЗМИ 17 - ЗБУНЕТ

Go down

20100703

Пишување 

АФОРИЗМИ 17 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Колку ќе биде квалитетна врската зависно е од должината, дебелината и висината.

Недовербата е мајка на сите контрацепции.

За успешна врска најважно е често да и‘ влегуваш во ситуација и да разбереш како сака.

Магелан докажал дека од каде си тргнал таму ќе се вратиш. Значи џабе маката.

Колку повеќе сакаме да бидеме толку помалку време имаме за тоа што сме.

Имам страв дека нема да го добијам тоа што го посакувам иако нејчесто не го довибивам и никако да се навикнам.

Моќен ми асоцира на мочан ( на српски, нели ) И како видовме сите испаднаа обични мочковци.

Култура е да и’ побараш на жена онака како би ти побарала да е на твое место.

Ако те запознае добро значи ќе научи како да те испровоцира да го направиш тоа што сака да го направиш.

Не знам зошто владата се мачи да поставува потпароли кога си ги има на готово во синдикатот.

Треба да внимавеш што учиш да не ти биде џабе знаењето.

Заводлив никогаш не е завидлив.

Дека е завидлив никој не признава. Дека е заводлив често му признаваат.

Кога те боли нешто одиш на лекар каде ќе добиеш психичка болка кога ќе ја дознаеш цената на лечењето.

Ако ти е досадно нешто си заборавил и чекаш да се сетиш што беше тоа.

Ме трачаат, значи постојам.

Како политичарот се однесува со сопругата така се однесува и со народот затоа што симболиката е иста.

Со швалер се разбива малер.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот