АФОРИЗМИ 16 - ЗБУНЕТ

Go down

20100623

Пишување 

АФОРИЗМИ 16 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Времето наивно го поврзуваме со иднината, а иднината наивно ја поврзуваме со нашите желби.

Нема конролирано мазење и галење, тие лесно бегаат од контрола.

Да бидеш искрен значи убедливо да лажеш.

За да бидеш луд треба да имаш пари да лудуваш.

Сите сме исти само раликата е кој како ќе се постави на почетокот додека грабне тоа што му треба.

Не ми прави таква фаца како да имаш мајстори дома.

Ако ме сака и да се збунам делувам симпатично наместо смотано.

Нема поубава глетка од голо женско тело, уште ако само мене ме сака тоа е совршенство.

Правите луѓе се како бисери, празни школки само ќе ти го скинат џебот.

Такви како тебе жените ги оставаат заради такви како мене.

Кога не сум во право, некој друг е крив.

Знак на внимание најчесто е опоменувачки знак.

Сакам тоа што сакаш и ти, добро де, би требало да сакаш тоа што сакам јас.

Да имаш карактер значи дека не можеш да бидеш добар со сите.

Има премногу помагала на пазарот, може да дојде до тоа мажи да не бидат потребни повеќе.

Ако имаш цел, а немаш начин, тоа значи дека е туѓа.

Ако сакам да го задржам пријателството таа оди со лифт, а јас по скали.

Таков си какви те сакаат.

Сите ние имаме нешто што на друг му фали, но најчесто само тоа го сакаат кај нас.

Ме убедуваат дека сим виновен за тоа што ми се случува, а заслугите случајно ми се случуваат.

Имам страв дека ако станам искрен ќе станам досаден.

Мојата пазарна вредност може да се спореди со нешто што го има ефтино, а е неопходно. На пример, со ВЦ хартија.

Искреноста вреди колку прочитана книга.

Кога би станал моќен ќе станат моќни и сите оние работи во мене кои досега биле немоќни да се изразат и ќе станат ценети иако биле подценети без разлика дали се работи за мудрост или глупост.

Специјализирав култура - лицемерен смер.

Некој учи за повеќе да знае, друг за повеќе да заработува, трет за повеќе да забушава.

Ако доживееш посериозна физичка болка ќе те боли толку денови колку години имаш, ако доживееш посериозна психичка болка, ќе те боли уште толку години колку имаш.

Човек без нагони личи на човек кој секогаш си ја слуша мајка си, а кога ќе порасне и жена си.

Осамен е оној кој е скап кога има распродажба.

Проблемите на работа се решаваат на тој начин што ќе му ги префрлиш на оној кој не се буни и си работи.

Искрениот ја искривува вистината која ја кажува лажгото.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот