АФОРИЗМИ 10 - ЗБУНЕТ

Go down

20100422

Пишување 

АФОРИЗМИ 10 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Биди оној кој сакаш, но не заборавај на оној кој те сака.

Постои секс од интерес и неинтересен секс.

Кога се наведнуваш, погледнувај и зад тебе ако сакаш да им го видиш вистиското лице на тие околу тебе.

Пријател може да ми биде само оној кој не ме познава доволно.

Добриот човек не се плаши да засака погрешни луѓе.

Во почетокот животот се живее на екс, на крајот се густира.

Не дека жените не знаат што сакаат од мажите, туку само брзо ги надополнуваат барањата

Додека има такви што ме трпат, значи дека сум нормален.

За да го задржи вниманието на луѓето, глупиот мора да се труди да им стане претпоставен.

За да стекне почит, за жена прво треба фризерски салон, педикир, маникир, тоа останува, а книги се пролазни.

Оној кој расте и живее во услови на љубов, никогаш не може да стане амбициозен кариериста.

Изгледа е нормално ненормални да ни’ се наметнуваат.

Никој не цени бесплатни совети. За да го цени треба прво да го плати.

Често луѓето сметаат дека советот може да биде магионичаски трик, тоа е трик, но со зборови. Да му го кажеш тоа што го знае на поинаков начин.

Не постои среќа, само квалитет.

Ние сме кај Трајче и Лиле. Не заборави да го нахраниш кучето за повторно да не купуваш патики.

Животот е рај за будалите, пекол за тие што не признаваат дека се такви.

Силна жена е таа која би печалела, а мене да ми биде работа само да ја сакам.

Па ако има долги нозе, јака предница и продорен поглед кој ме соблекува, нема да инсистирам на карактер.

Разликата помеѓу секс и секси ? Секси води кон секс, а сексот те прави секси.

Материјалниот интерес ни ја наметнува културата иначе ќе си останевме невоспитани.

Времето постои само за оние кои успеваат да се разбудат надвор од шемата.

Подобро е една во рака од виртуелно две.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот