АФОРИЗМИ 8 - ЗБУНЕТ

Go down

20100404

Пишување 

АФОРИЗМИ 8 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Кога посакуваш баш во моментов да ти се случи тоа што ти се мота во фантазија, тоа баш во моментов и се случува, не баш со тебе, но се случува.

Ако се сомневаш дека има друг, теши се дека си прв.

Амазонките си ги стегале цицките за да не им сметаат кога употребувале лак и стрела. Значи тие со мали цицки се потомци на амазонките.

Кога некој ќе се разочара во тебе или ти во него значи некој бил до толку глуп да не ја воочи разликата од себе до него која секогаш ја има.

Не го збунувај кога го бара твоето мислење, тој само бара да се согласиш со неговото.

Статистички гледано ако имаш 10 пријатели еден нема да те заборави. Равенката е едноставна : 1 - е пријателот, 0 - си ти.

Замислите во нашите глави често знаат да бидат пострашни од што навистина се во реалноста.

За мирен сон, пред спиење биди љубезен со себе.

Тоа што се случува е последица на тоа што го посакуваме изразено во трошки.

Решив да инвестирам во себе, почнав да стварам залихи од “ Вијагра “.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот