АФОРИЗМИ 62 - ЗБУНЕТ

Go down

20111118

Пишување 

АФОРИЗМИ 62 - ЗБУНЕТ




Кој до гробишта куќа има, тој гладен никогаш нема да биде.

И во најцрна темница макар дел од голо женско тело веднаш се забележува. Значи ако одиш во темно, а немаш лампа, дај и’ било што имаш да ти го затрла и полесно ќе се снајдеш.

Зошто нема толку полицајци како порано? Затоа што во секој дом подметнале по еден во облик на жена која редовно ќе го легитимира во колку часот си доаѓа, алко тест, го проверува дали е технички исправен итн.

Ако си успеал во животот значи претходно си имал голем зорт.

Како може да ти го украде срцето? Ако види отворено, а никој друг нема во моментот.

Во мултиконфузна земја каков можеш да бидеш?

Како ги рекламираат болнициве на ТВ да ти е мерак да се разболиш.

Плава, а се’ е бела - интересна комбинација.

Спомнуваат патриотизам, а појма немаат што е тоа хуманизам.

Се надеваме и си правиме филмови - кино маратон.

Како се држи диета? Треба да ти е досадно јадењето, а не да јадеш од досада.

На женско удварај се ноќе оти птичките ноќе не гледаат добро.

Мисли позитивно без разлика што ти се случува, финтата е помалку да те боли, а не дека ќе има некој ефект на материјален план.

Не се изразувај двосмислено каде има глуп народ кој сфаќа буквално.

За жена да биде не е доволно да ги има само таа доле и тие горе, туку и нешто најгоре.

Кој со лабав ластик ќе легне, може гол да се разбуди.

Рано и студено утро, кога минувачите често со раката си го бришат носот и кога ќе се сретнат со некој познат од срце се поздравуваат.

Ако си сам во пустелија, жал ќе и’ биде. Ако имаш друшто не смее женско да биде. Иди па разбери ја.

Постојат денови кога ти се чини дека сите те сакаат, а и денови кога ти се чини дека сите те мразат. И во двата случаја само се глупираш.

На тие кои ни’ се симпатични и ги сакаме често им простуваме иако се повеќе виновни од оние кои само еднаш ни’ згрешиле, а не ни’ се симпатични.

Некои велат дека треба да биде фраер, а некои лигуш. Мислам дека за да ја добиеш златната средина потребно е да се биде лигав фраер.

Човекот често е непланиран момент.

За успех во животот се потребни познанства и пари, но не погрешни познанства и малку пари.

Не се грижи, таа те сака, но повеќе ќе го почувствуваш тоа на Малдиви или Хаваи.

Помалку облечена потсетува на автопат, а повеќе на споредни патишта каде често има ограничување на брзината.

Кој чука ќе му отворат, уште ако се прочуе како добар чукач секоја врата ќе му биде отворена.

Оној кој бил повреден од жена и често нагласува како нема доверба во нив најверојатно само барал изговор за да не им верува затоа што му е попријатно меѓу мажи.

Ако некоја ти нагласува дека сте пријатели тоа би можело да значи дека не сака да испадне лесна, а не дека не сака да бидете повеќе од тоа.

Ти го сакам телото, можеби ѓаволски звучи, но ти ја сакам и душата.

Не сакам само секс затоа што можеш да го имаш со било кој, а јас не сум било кој.

Иако припаѓаш на понизок друштвен слој треба да се однесуваш племенито баш затоа што не е обичај и затоа што обичаите се глупи каде стануваш глупав ако им се препуштиш.

Често слушам како велат дека и тие би краделе да се на власт, се’ помалку се надевам од нас ќе биде нешто.

Нема пострасна љубов од безнадежната.

Макар и крв да бев, ама меѓу твои нозе да бев.

Секое вчера е подобро од неизвесно утре.

За среќа требаат љубов среќа и пари. За љубов, здравје и пари треба среќа да имаш.

Сакам да лежам на стомак, ама и на нејзиниот.

АКо чувствуваш празнина, можеби користиш погрешен полнач.

Ако те прими ладно, подобро излези си надвор, потопло е.

Животот си има свој почеток и крај...и во меѓувреме ако легнеш нешто.

Да си ја отвори душата пред тебе значи слободно да зборува валкано без да се плаши дека погрешно ќе ја разбереш.

До двајца секоја е невина, до две секој е педер.

Постои разлика помеѓу женственост и глумење заради придобивка и внимание. Често останува само глумењето мислејќи дека е тоа женственост.

Каде има интерес има и глума, каде има недоверба, таму има гума.

Да збориме реално, глумиците, материјалистките и садистите не се мотаат околу обичните. Значи за нас остануваат само фините и добрите.

Лесно им е на жените. Во продавница ќе се насмевне и наведне и веднаш попуст добива. Ако е продавачка чека и бакшиш.

Сум станал канибал, сега јадев и на секој залак помислував на тебе.

Велат дека смеењето е здравје, подарок, бла, бла итн. Но ова е намќорски свет и ако те гледаат често насмеан ќе коментираат : „ Види го будалиов, не е баш точен, само се кези“.

Пораката на нашето сегашно друштвено уредување е многу кратка и јасна: „Снајди се или обеси се“.

Кој е најдобар лек против несоница? Да легнеш со униформа од работа.

Кога раскинуваат значи срцата им се на распуст.

Како би можело женското најдобро да го разбере машкото? Да замисли како би и’ изгледал животот секој ден да има овулација.

Ќе ме чекаш во пет кај вртелешките? Па така вртиш со раката.

Животот е реденка од изненадувања, стисни заби, затвори очи и надевај се.

Смешкај со сила се додека не ти стане сеедно.

Што е женственост? Тоа што не го дава секому и кога ќе бидеш сигурен дека не си еден од многуте кои само ги шармира и со кои кокетира . Кога е спремна за тебе моментално да напушти багра малоумна која и’ ласка и сака да ја легне и да не те остава за после кога ќе им време.

Кога разговараш со непријатни луѓе се чувствуваш лепливо и смрдливо, а со пријатни како што туку да си се избањал.

Не се грижи мила, ќе заборавиш на проблемите додека си со мене затоа што од мене нема да имаш поголем проблем.

Ако немаш пари, бар имаш трема.

Не пропуштај шанса? Па се знае за нас машките што подразбираме под шанса.

Не им се радувај на странци со ранци затоа што ќе бидеш само дел од нивната приказна.

Хипотека е само хипотеза дека ќе го сочуваш тоа кое го имаш.

Еднаш мора да излезе резултат или резилтат.

Ти си створена само за милување и галење, според мене...но само од мене.

Гледај не крене раце од тебе, затоа што нема ни нозе.

Не треба да има дилеми околу љубовта, треба да биде свршен чин.

Ако ти седнала во скут исто како да седнала на троножец.

АКо некого идеализираш како тебе ти се допаѓа, значи бргу ќе го замразиш.

Среќа е само ако е повеќе од колку што заслужуваш.

Црна е ко ноќ каде и кога можеш да правиш што сакаш, плава е ко ден каде мораш да се покажеш оти ти се чини дека сите те гледаат.

За мир во куќа, добро полномошно.

Жена може и три работи истовремено да работи во кујна - Да пржи, да сецка салата и да и’ се трлаш одзади.

Наместо пророчки прашања каков ќе ни’ биде денот, би требало да прашаме колку смотани ќе бидеме денес.

Нема идеално, колку и да им е убаво бар ќе си ги чукнат главите среде страст.

Имаш долг кај мене кој треба да го средиш или намалиш.

Љубов е спаринг без заштитни средства и без да се повредат.

Што е догма? Непроверена вистина во која не треба да се сомневаш. На пример дека не ни’ мрда газот на страна.

Најверојатно утрешниот ден ќе ми биде како сон...оти ќе ми се спие и ќе дремам каде стигнам.

Најчесто од видни личности ни’ се стемнува.

Што е секс на пракинг? Уште не си ни почнал, а манијакот веќе завршил работа.

Животот е океан од продавници и по некој секс кога не работат.

Можеме да го почитуваме колку сакаме, но секогаш ќе се определиме за другиот ако може да ни’ ги задоволи потребите иако не заслужува толкава почит.

Шфалерајот е скап спорт затоа што е висок износот на членарината.

Не очекувај од безвреден да ти признае дека вредиш или од паразит да ти признае дека имаш заслуги.

АКо ја остави на постари години значи навистина ја сака затоа што не сака да се мачи со него на стари години.

Ако ти посака да имаш добра вечер не се залетувај затоа што не значи дека да спие со тебе. Може само те заебава.

Слаткото е кратко, но муабетите за слаткото се долги.

Додека е сама таа е нервозна, ако е нервозна кога не е сама значи се чувствува како да е сама или поарно да е сама.

Што е природен ескалатор? Прст у гз и има за секунда да се најде на последната скала.

Не ја расфаќај додека си го чеша окото, ако сакаш да те гледа со двете.

Некој се учи на туѓи за да не греши на својата.

Ќе живееме во сиромаштија, ќе се проституираме за ефтино и ќе умреме од туберкулоза.
Така си ги преведувам достигнувањата на владата со кои се фали.

Времето донесе нови нешта како на пример дека нема веќе лешинари туку кешинари.

Мудра е таа која знае како да се облече, но поинтересна е таа која сака да ти се соблече.

Еднаш ако ми се соблече веднаш добива автоматска забрана пред друг да се соблекува. До толку сум лош.

Нема врска без секс, ама затоа може секс без врска.

Кога ќе видат куче или маче, велат: „ Куц, куц“ или „ Мац, мац“ и „ Види што е слатко“. А мене никој ништо не ми вика.

Како завршува љубовта од меѓусебно посакување преоѓа во меѓусебно обвинување.

Било кој орган кој имаш намера да го употребуваш за било која работа, прво добро загреј го ако сакаш добро да функционира.

И така, со почетокот на ноќта, жената почнува да го очекува наградното прашање.

Сега има конкуренција на “ Реј Бан“ наочари, “ Е бан “ со “ Охо!“ заштита.

Не е страшно ако те лизне и кутне, внимавај да не те гризне.











avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот