АФОРИЗМИ 60 - ЗБУНЕТ

Go down

20111003

Пишување 

АФОРИЗМИ 60 - ЗБУНЕТ




Кој е вистински човек? Оној кој ми угодува и ме смета за паметен, а тие кои ме критикуваат не чинат за ништо.

Секакви ги има и треба со нив да се однесуваш како што си го бараат.

Кога ќе ми падне камен од срцето обично ми паѓа на нога.

Секс со познат е за здравје, со непознат е за памет за друг пат.

Кој заспие чешкан ќе сонува скокотливи сонови во кој главна улога ќе има чешкачот, во спротивно ќе биде само статиста .

По селата немаат Sexy Shopovi и затоа меѓусебно се помагаат.

Го баталивме домашното производство за маде од Кина.

Велат дека најквалитетен е балсамиран оцет и многу кувари го препорачуваат. Ја од него кивам...а може и тие киваат во салатата и така и’ даваат посебен вкус.

Посакуваме нашите љубени да се гордеат со нас восхитувајќи ги со нешто големо, а не ни иде во глава дека би се гордееле и ако зачистиме по дома.

Само безвреден не препознава очигледна вредност.

Колку пари толку музика, а таков ќе биде и ритамот.

Зошто постојат шутраци? За да се шутнат.

Два пати меркај се, еднаш фати се. Два пати фати се, еднаш земи се.

Ако многу и’ касни можеби ќе мора да го откачи.

Не го фали многу оти после ќе ти фали.

Ако имаш сон кажи го гласно и страсно без да се плашиш дали некој ќе те заебава. Што би било ако Мартин Лутер Кинг кажеше “ Јас имам сон...ама ми е страв да не ме заебавате ако го кажам “

Пријателството е како бел чаршав и ако ја преминете границата ќе остане флека.

Сонував грозен сон: Сум наследил Харем...грозното настапи кога кажав дома.

Ако се’ е бел лесно ќе се забележи што правел.

Кога ќе ја прашаш кој и’ е овој, треба да се засрамиш затоа што се сомневаш. Кога таа ќе те праша која ти е оваа, треба да се засрамиш затоа што се сомнева.

Не паѓај лесно на слатки зборови затоа што ќе се улепиш.

Каде има луѓе има и пари. Каде има пари нема луѓе.

Не е добар лигав маж, ама па сиров ни за огрев не го бива.

Постојат три типа на жени: Тие кај кои немаш шанси, тие кои кај тебе немаат шанси и таа на која ќе и’ ја упропастиш шансата за подобар живот.

Велат дека Сократ е измислица на Аристотел. Значи треба да измислиме некого за да ги чујат нашите зборови.

Умот го прифаќа тоа кое го гледаат очите. Затоа заедно често застанувајте пред огледало без разлика што правите.

Не постои поголем машки страв од каков ќе се покаже од како таа ќе реши да му се подаде.

Високо на бината моето срце ја пее песната за тебе, а подолу е и придружниот вокал.

Ако ти каже дека не е слободна, значи е заробена и ако си јунак ќе ја ослободиш.

Сега сами бираме, а некогаш имаше стројници и немаше кондоми.

Ќе заминам засекогаш, ама тоа ќе биде некогаш, а некогаш може да биде секогаш.

Скриена љубов е како комитска или партизанска за слободата.

Кој себе се изневерува значи фатил женска.

Ниедно добро дело не останува неказнето.

Не се плаши не се бој, ќе те среди близок твој.

Која љубиш таа не може да остари. Ако не знаеш да љубиш и од млада, баба ќе направиш.

Најкомплицирано пишано писмо е кинеското. Значи колку повеќе знаеш ќе те разбираат колку кинез што можат да разберат.

Некогаш градевме за сите нас, а сега градиме за сите нив.

Не се срами да бидеш оној кој не си, кога си го бараат.

Љубовта е како да ја извадиш белката, а да не го скршиш јајцето.

Бетовен беше глув што значи не ти требаат пари за да ја фатиш таа која сакаш, само треба да си надарен.

Филмот “Последно танго во Париз“ наметнува дилема дали е поздрав маргаринот или путерот?

Педер и хомосексуалец не е исто. Педер е кога ќе и’ згреши на жена.

Силниот се повикува на сила и брзина, поразениот на морал и етика.

Магионичарот со едната рака покажува, а со другата го прави трикот. Затоа тие кои изневеруваат покажуваат кон некои други и тврдат дека изневеруваат.

Твоите усни некогаш имаат вкус на јагода, некогаш на мед. Но не знам зошто тогаш посакувам и смоква или слива.

Женско не би требало да ги прекрстува нозете. Замисли смоква или слива да ја ставиш во тесен џеб, ќе се згмечи.

Не ми е јасно како некои женски велат дека машките се вакви такви кога најчесто велат дека имале само двајца.

Страста служи за да те навлече на одговорност.

Прво треба да ја почувствуваш како личност за да уживаш во страста, во спротивно ќе почувствуваш само олеснување како по голема нужда.

Машкото ја прашува кој и’ е по ред за да си го дознае среќниот број.

Владата најавува слободен увоз на генетски модифицирани жени без главоболки, пмс и нема да гледаат штетни емисии и љубовни серии заради што ќе имаат поголем капацитет на разбраност.

Од виртуелен секс и телефонско лигавење во служба на неверството се изродиле многу виртуелни деца и замислени семејства.

- Абе овој е забеган филозоф !
- А не ти текна да речеш дека си глуп и неписмен?

Кој мед е посладок? Црниот или плавиот?

Женски полов орган се вика: Иааа! А машки: Машалаа!

Во непослушноста се наоѓа шармот и храброста, ќе се нервира, ама никогаш нема да престане да те сака.

Замислена цел во некое идно време може толку долго да трае што може да се усмрди и безвредна да биде кога ќе ја достигнеш. Целта мора да биде тазе и денешна ако сакаш да те освежи.

И непријателите се неопходни, треба да ги викнеш на свадба кои од како ќе ги нараниш и напоиш, за да има кој да те оговара.

Високите позиции на нашите видни личности се резултат на нивна среќа, а не на способности затоа што сами уживаат во среќата, а да имаа способности ќе уживавме и ние.

Животот е составен од вкусови. Затоа и кога се запознаваме добиваме желба со некои и да се пробаме.

Навечер извади ги ножевите кои ти се забиени во грб оти ќе ти сметаат да заспиеш.

Ако си последен на маса може да те касне каса.

Кога е на брзина се игра на мали голчиња. Кога е на посериозно се игра на скроз голови.

Колку и да знаат дека се тоа само филмови, со текот на времето ги сфаќаат сериозно и како модел на однесување.

Дали само лудаци доаѓаат на власт или власта ги полудува? Во секој случај изгледа само лудаци можат да се понесат со таква (не)одговорност.

Како женско само да живее во дивина каде ќе се бори со мечки кога тука не може да излезе на крај и со обично магаре.

Гравот помага да го слушнеш својот внатрешен глас.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот