МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 58 - ЗБУНЕТ

Go down

20110901

Пишување 

АФОРИЗМИ 58 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 58 - ЗБУНЕТ




Оние кои често стегаат заби често одат после на забар оти кршат пломби. Ете зошто треба брзо да се реагира ако има запек.

Карактерот предизвикува уште една вреќа на грб да носиш.

Кога се бакнавме ѕвездички ни’ се појавија...до толку силно се удривме со главите.

Каде има сложни Стојна и Коле таму и штркот се врти.

Додека психологијата не изнајде друг начин, до тогаш ќе се лечиме со каење.

Само цицачите се способни за искажување на љубов. Затоа цицај колку можеш повеќе.

Што е удварање? Моќ на убедување.

Секој е посебен на свој начин додека е тазе.

Кога те лази Бубе, помисли дека секое Бубе не е бубе, може и Љупчо или Љупка да биде.

Побарај и’ сред центар кога е моментот и кога е расположена.

Искрено да кажам, никогаш не лажам. Би излажал само политичар, полицаец, претпоставен...значи само на “ П “ што почнува...

Мудар си додека го правиш тоа кое сакаш иако неуки ќе го третираат како будалаштина, будала стануваш кога ќе почнеш да внимаваш како се однесуваш заради неуките.

Жената е како птичка, за да ти слета на раме треба многу да ти верува.

Човекот станува ненормален кога почнува да паничи за ситници затоа што е општо познато дека се’ е ситница.

Кого сакаш тој ќе ти врати на истиот начин...или обратно.

Учи го животот оти на крајот ќе има испрашување и кој не знае пак ќе се роди - ќе понавља. П.С. Кој знае шо дибек си бил у прошлиот живот.

Ако не се чувствуваш како да си од тука тоа е затоа што си НЛО паднато меѓу мајмуни. И што очекуваш? Да те поправат или да те гризат и расфрлаат?

Кога јагнињата ќе стивнат, овенот започнува со својата работа за која е задолжен.

Што има разлика помеѓу слуга и жена? Слугата има работно време.

Зошто некои птици умираат пеејќи? Затоа што биле оптимисти.

Жените се дрогираат со љубов преку боцкање.

Ако нема да плати 20 евра казна - ден затвор. Ете колку им должи државата на незапослените за секој ден незапосленост.

Кога си обвинет за нешто што не си го сторил, понекогаш дури ти е криво затоа што не си го сторил.

Кога бевме деца сакавме топки, а девојчињата кукли. Сега сакаме кукли со топки.

Дека времето ги лечи раните, најголем доказ се чекалните во државните здравствени установи.

На почеток е насмеан снешко со морков, а потоа полека се растопува.

Што и да им дадеш на блиските, сметаат дека тоа им припаѓа уште пред да им го дадеш.

Кога немаш каде да одиш затоа што никому не требаш, значи си се разбудил и треба да се свртиш на другата страна и да продолжиш.

Кога ќе види дека имаш повеќе од него, баш му е гајле како си ги стекнал.

Не можеш жена да сочуваш ако не сака да ја дочуваш.

Жена можеш да ја разголиш од вратот надоле, но тешко дека ќе успееш од вратот нагоре.

АКо не си заљубен тогаш сам ќе се переш и готвиш. Па ти сега види што е подобро.

Кога е повредено чисто срце е како опашка од гуштер - бргу се регенерира.

Жена е како спална соба на чија врата многу чукаат, но само на еден ќе му отвори.

Судбината е последица од нашето раѓање, слободата е последица од нашето трагање.

Изборот во животот обично мрмори неразбирливо и поим немам што сака да каже. Ќе ми текне од како ќе замине возот.

За да ти признаат дека си добар, треба да си одличен.

Луѓето се како пуканки, мораш да им ставиш капак оти ќе почнат многу да скокаат.

Не е важно какви гаќи носиш, важно е да бидат здрави и чисти за пред човек.

Внимавај ако се движиш по скриени патеки, таму често вршат нужда.

Таа која го бакнува стапот пред да биде употребен на неа, таа навистина сака да се поправи и да биде подобар човек.

Љубовта не е теорија, таа само е во рецесија.

Доколку имате жалби, поплаки и критики до мене ливчето оставете го на масата пред вратата...тука веднаш до Пит Булот. Малку е нервозен, но верувам дека упорноста ќе ви се исплати. Срдечен поздрав.

Бракот можеби личи на самопослуга, но и тука те чека каса пред да излезеш.

Богатите се како децата. Имаат се’ што им е потребно, но имаат слабо разбирање за потребите на другите.

Среќата се наоѓа помеѓу ситните еработи, помеѓу крупните се наоѓа суштината на животот.

Попаметниот попушта и така се земаат.

Кога жена ќе почне да работи машки работи по дома значи целта и’ била да ги научи и затоа се мажела, а не заради љубов.

Не е лошо кога сфаќаш дека немаш многу одговори. Тогаш почнуваш да ги поставуваш вистинските прашања.

Секој оној кој сака го пронајде својот пат, мора да почне со признанието дека нема појма каде се наоѓа.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот