МЕКИЦИ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АФОРИЗМИ 55 - ЗБУНЕТ

Go down

20110730

Пишување 

АФОРИЗМИ 55 - ЗБУНЕТ Empty АФОРИЗМИ 55 - ЗБУНЕТ




Точно дека не сме совршени и си имаме мани, но па од нас поарни нема.

Ако додека мудрува пикнал прст во нос за да вади руда, злато од него не барај.

Ќе биде, не се секирај. И кога те немаше и пак си беше што значи не мора да бидеш за да биде.

Ако правиш добро, гледај да не те видат оти после навала ќе има и пак крив ќе испаднеш оти нема да можеш да постигнеш.

И вагата е живо битие. Многумина биле сведоци и жртви на нејзиниот гнев и тогаш покажува многу повеќе од колку што очекувал дека тежи.

Не ставај јајца под туѓа кокошка, од каде знаеш дека не е преправена лисица?

Ако ѕвонат ѕвона додека си заминуваш, не се врти назад, оти можеш да се поколебаш ако тажат, а може и да опцуеш ако се радуваат.

Ако е партнерот љубоморен побарај да ја каже азбуката. И кога ќе дојде до “С“ укажи дека таа не е првата буква во азбуката и дека не започнува со неа. И за крај буквата “Ш“ ( шфалер/ка) е последна, што значи дека тоа е последно на кое треба да помисли.

Само жена може да го смени мажот...за друг.

Дете на улица гласно плаче, некои мажи тивко мајка му ја пцујат.

Не би се вознемирувале да се работи за вистина, но тука некаде се крие и лагата која не’ прави параноични.

Ги преценуваме или потценуваме нашите способности и тогаш промашуваме. Значи да се биде арогантен или несигурен исто е.

Гребеме и мјаукаме како мачки на врата и се надеваме на среќата која е глува дека ќе ни’ отвори.

Ако те сака и рано наутро, значи си заспала со квалитетна шминка.

За добро и расположено утро не гледај вести навечер.

Парите се отепувачка, но сепак е подобро од колку сам да се утепуваш.

Освојување на женско срце е како натпревар и шанса за гол.

Кој љуби не е секогаш за верување затоа што можеби и нешто друго сака.

Умот го користи минатото за асоцијација заради ориентација.

Времето е најдолго и најдосадно додека чекаш да го правиш тоа што ти се прави, а во меѓувреме ништо друго не ти се прави.

Видов човек 15 години постар од мене како гушка и бакнува девојка 15 годни помлада од мене додека ја поминуваа границата. Значи навистина љубовта не знае за граници.

Би требало со годините да достигнуваат зрелост, но повеќето позеленуваат.

Смешно е кога се зборува или прави нешто обратно и затоа обратните се смешни.

Колку и да внимаваш задникот ти е од задната страна, а очи нема.

Што е оптимизам? Да не признаваш дека те лажат.

Бараат слепо да им веруваме. Нема логика. Треба глуво да им веруваме на нивните зборови.

Штом излезам низ врата почнуваат да ме лажат. И потоа тврдат дека тоа било реалност.

Реклама за филм : “Тој е осамен борец против криминалот“. Епа нормално, никој нема го сака таков.

Кога ги прашувам зошто не реагираат соодветно на неправда, обично ми одговараат дека сакаат прво заштита, па тогаш ќе покажат дека се мажи.

Предбрачна состојба е како нова кондура, а бракот ќе каже колку била квалитетна.

Имам папучи со “З“ и владеам со многу домашни вештини.

Не би имало посурова казна од гледање државна телевизија во временски периот кој ќе би го одредил судот во зависност од кривичното дело.

Не сади со жена моркови или краставици затоа што ќе те провоцира.

Кога еден прашав како може да чува далматинец во стан каде има и семејство тој ми одговори: „ Како да не го чувам кога само тој ми се радува кога ќе си дојдам дома!“

Во театар бараат да бидат исклучени мобилните телефони. Би требало да бидат исклучени и на погреб.

Каде има прав маж нема мигрена.

На губи време на секСакви, туку на вистински.

Кревет без жена не е кревет, затоа што само во сандук се легнува сам.

Пишував афоризам и таман да го пуштам, помина згодна жена и кликнав погрешно копче и тој се избриша. Значи згодните жени ги мразат тие кои пишуваат афоризми и намерно се појавуваат баш тогаш.

Сети се дека си смртен...и смотан и така нема да се занесеш премногу.

Дојдов, видов, ништо не направив затоа што само гледав како другите прават.

Скарај, па владеј, ама па кога ќе те разберат нема да има дупка каде да се сокриеш.

Нема ништо посмрдливо од расипан човек.

Кој законот не го познава и своите права, тој послушен на тиранинот ќе му биде.

Куче кое не лае е како жена која не стенка.

Да владееш со себе значи да го спитомиш животното во тебе.

Која мажот не си го сака, значи мајка и’ го одбрала.

Можеш да бидеш многу силен и богат за да ти се восхитуваат, но тоа нема да влијае за да те засакаат.

Кој на друг јама му копа скришно посакува во неа да го закопа.

Ако е гола како од мајка родена најверојатно мајка и’ не знае што таа всушност прави.

Кој често високо лета, стјуардеси налегнува.

Кој три пати мери не му се сече.

Лесни жени одат по ѓаволите.

Љубов или силикони? Прашање е сега.

Ако некоја го повика кај неа дома додека е сама за наводно нешто да и’ помогне, тој треба итно да се јави на својата сопруга и да чека понатамошни инструкции, наместо самостално да донесува одлуки.

Може и да си вампир, припадник на партија или било каков друг изрод, но не е важно што си, туку каков си.

Може, а не злоупотребува иако е изложен на искушенија - тоа го прави човек. Во спротивно е само човеколико животно.

Луѓето се често невнимателно гладни за внимание.

Во мала подрумска просторија полна со тегли, тој ја гушка и бакнува, а таа се кикоти. Најверојатно нешто ќе падне.

Откако ќе ти скројат капа, џабе ќе ти биде што и да направиш, само во капата ќе ти гледаат.

Спремај се како да утре ќе останеш без работа, а работи само колку што мора затоа што никој “Благодарам“ нема да ти каже.
mekici
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

https://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот