АФОРИЗМИ 51 - ЗБУНЕТ

Go down

20110610

Пишување 

АФОРИЗМИ 51 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Нашиот сончев систем е сместен во руралниот - периферен дел од галаксијата Млечен Пат. И затоа НЛО само прелетуваат и не не’ контактираат затоа што не’ сметаат за сељаци со кои нема што да се разговара.

Секс во бестежинска состојба е ист како и на заљубени само што не мораат да се сакаат и сепак ќе лебдат.

Просек на живот на тие кои ќе се населат на месечината ќе биде 120 год, но и се’ друго што ќе прават подолго ќе прават.

Постои сомнителна компанија која ефтино продава плацеви на Месечината и Марс. Плац кој нема да го видиш, ќе го оставиш на правнук кој исто така нема да го видиш, а кога ќе ја покажеш тапијата дома, нема да сакаат да те видат затоа што трошиш пари на глупости.

Што е телепортацијска технологија? За неколку секунди се појавуваш на работното место, а истовремено швалерот се појавува кај тебе дома.

Кога би се продавале клонови на познати личности не да мораат да им бидат само фанови, ќе си имаат и еден примерок дома.

Вибраторот е единствен намерно недовршен производ кој се продава како целосен.

Каков е ангелот на земјата? Не е ништо посебно, не се истакнува во ништо и неговиот глас најчесто никој не го слуша.

Зошто има жени кои им даваат исцепани гаќи на мужите? За ако мрдне на страна и се соблече пред некоја друга да се обрука.

Често наутро пак ми се прави тоа што сум го правел ноќта.

Нашите лекари се многу чувствителни посебно за сиромашни пациенти и ги боли ...

Сиромав кој не сака да краде е личност која нема самопочит и пота сака друг да го почитува.

Кај нас најдобро се продава политика затоа што ја продаваат продадени души, а ја купуваат оние кои лесно можат да се купат.

Најчест спорт помеѓу обичното население е клошарката.

Многумина се преставуваат како некој, а најчесто испаѓа дека се секој или никој.

Жена не е книга, прочитај ја, па ај на друга.

Жена е како цвеќе и затоа треба да ја одржуваш влажна.

Жените се дотеруваат за да бидат нагужвани, разбушавени и размачкани.

Не е се’ така црно кај мажите, има нешто и бело и жените знаат да го извадат.

Прав пријател го нема никаде кога си во невоља затоа што не сака да гледа како страдаш.

Лажен пријател е како прегорена сијалица додека се бањаш.

Државното здравство е пародија на приватното и човек од страна добро би се изнасмеал на тој црн хумор.

Не се плаши ако во темница има некој гол, најчесто е некој вол.

Благородно е да помилуваш жена, макар со поглед, макар и не ја познавал.

Ти си таков на какви нешта најчесто се сеќаваш.

Прво треба да и’ се пикнеш под кожа, па во срце, па потоа каде сакаш.

Кој како ќе те сфати така и ќе те прими.

Како му дадоа неограничени права на секој газда да прави што сака, би значело иако не мора, а ти дава плата, значи те сака.

Жена сака секојдневно да и’ се удвараш, а не да и’ се лигавиш затоа што си има другарки за таа работа.

Аматерско хоби е ако не заработуваш или малку заработуваш. Професија е ако заработуваш солидно и достојно за живот.

За да кажеш дека нечие нешто е добро, треба да го препознаваш, а за да го препознаваш треба да бидеш сличен на него.

Пишува дека наводно жените околу четри години побрзо созреваат од мажите. Значи ако си четри години постар од неа, всушност сте врсници.

Животот е како професор кој ќе ти прогледа низ прсти ако имаш богати родители.

Тој се мислеше како полесно да ја намами да му се подаде, а таа се мислеше како да му се подаде, а да не испадне лесна.

Жените често сакаат фраер кој го сакаат жените. И шо си мисли, дека ќе престанат откако ќе го фати?

Зошто не е паметно да се закачаш со егеец? Заради нивна клетва Грција никогаш нема да излезе од криза.

Жената инсистира на доверба за потоа да те наседне.

Во прво време неа ја чува змејот. Таа гледа како наидува принц на бел коњ и многу му се радува, а змејот и’ вели дека е наивна, дека гледа само коњ и не е воопшто бел и нема аир да види со него.

Често пати се случува горните заради нивни меѓусебни недоразбирања да ги спречуваат долните да се спојат и да бидат заедно.

Тоа што е убаво според наши мерила најчесто е скапо. Значи убавото најчесто не ни’ е достапно.

Светот е составен од лицемерие и перверзија. Има и добри работи, но со сомнителен мотив.

Жената на кралот Артур го изневерила со неговиот најфраерски витез. Затоа околу нашиве политичари има само смотаници.

Кога би им обрнувале внимание на жените колку и на автомобилите, досега ќе летаа.

Ако сакаш да ги скараш, пофали и’ се на жена му како редовно помагаш по дома, ја изведуваш на вечера и ја изненадуваш со нешто романтично.

Колку е возбудливо детството кога возиш точак со километри за да им кажеш на другарите како си видел жаба.

Повеќе сакам да разговарам со приземјен губитник од колку со самобендисано и навидум успешно говедо со глава во облаци кое замислува дека е безгрешно.

Во пакувањата од кафе во кои има наградни игри не би требало да ставаат кафе туку шипки варени.

Што значи невозвратена љубов? Производ даден на вересија, но сепак никогаш не е платен.

Некогаш “невина“ имаше и друго значење, но сега е само израз во кривичниот законик.

Зошто ли убавиците се често друштво на ѕверови? Изгледа веруваат во бајки.

Жена е појава и најава за твоја одјава.

Постојат два типа на луѓе. Едните симболизираат вентилација на човештвото, а другите канализација.

Љубов е кога сакаш некој кој ти возвраќа, во спротивно е како да обожаваш камен. Значи стануваш идолопоклоник.

Ако ти се допадне некоја, грабни ја и бегај. За кратко време извини и’ се дека било грешка и врати ја. Таа сигурно нема да ти ја прости таа грешка: Или ќе те пријави или ќе се омажи за тебе.

Во животот постои избор, но ако можеш да го измениш карактерот.

Ако сакам да ги избркам од мене, ја кажувам вистината за себе.

Не жали за тоа што поминало, да не било само илузија, сеуште ќе постоеше.

Од сите повици, најгласен е повикот на природата...за во ВЦ на пример.

За да се заштитат од Eserihija Koli треба да постапуваат како и со се’ друго што имаат намера да примат во телото - Да биде чисто и стерилно.

Светот сака да те насмее, затоа има глупости на секој чекор.

Како ќе знаеш дека таа навистина те сака и не сака друг по тебе? Ако ја изневериш и потоа таа те ликвидира.

Ако си сакан, значи си отракан.

По дожд доаѓаат комарци.

Кучињава се пирсаат со крлежи по муцките и ушите. Ете од каде идејата за пирсање.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот