АФОРИЗМИ 50 - ЗБУНЕТ

Go down

20110528

Пишување 

АФОРИЗМИ 50 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Рано рани народ кон своите работни места. По изразот на нивните лица личат на самоубијци.

За повеќето се мислеше дека симулираат. Половина од нив не се веќе меѓу живите. Никому не падна на ум да се извини бар со една свеќа за нивната упокоена душа.
Со помен за жртвите од транзицијата.

Од татковината која станала како неразумен алкохоличар децата бегаат. Ќе останат само празни флаши за проучување на идните генерации арехеолози од разумни татковци.

Има другарки кои се’ делат и не се делат.

Што е постхумно признание? Дека нечовечки се однесувале со него додека бил жив и дека можеби сеуште би бил жив да не биле нелуѓе.

Што е предбрачен договор? Осигурување на имот од клошар со кој стапува во брак.

Секс во тројка е кога го имаш со една, а сакаш и замислуваш истовремено и друга.

Нема подобра утеха и поддршка сем да ти го притисне твоето уплакано лице на нејзините гради.

Не знам зошто делот од креветот на кој спие жената побрзо пропаѓа.

Според некоја шпекулација душата дежи 21 грам. Да беа сантиметри ќе беше поразбирливо.

Велат во духот на сегашното време. Па сем духови кои безживотно лебдат и талкаат и вампири кои цицаат, друго и не можеш да сретнеш.

Љубовта не се купува, само телото.

Како жената престанува да го сака мажот? Во почетокот тој бил убав и улав и тоа ја привлекло, но со текот на времето тој веќе не е убав, а ни улав.

Луѓето се како балони. Лесно се дуваат, а кога издишуваат испуштаат смешни звуци.

Ќе ти се подсмеваат ако сакаш филозофија и поезија. Алкохолот, трачарење и политички муабети се општопризнати средства за занесување.

Гледај ги комшиите и ќе ти стане јасно каква е состојбата во државата и нема потреба да бараш други одговори.

Колку поголеми гради толку повеќе предизвикуваат очен притисок кај соговорникот.

Разбрана жена или маж се како редовна плата со која можеш спокојно да планираш.

Ако имаш добра жена која си ја сакаш, сигурно нема да си ја сакаш работата и ќе забушаваш колку да ти помине време оти паметот се’ во неа ќе ти биде и едвај ќе чекаш да се вратиш дома.

Треба да насмееш жена ако сакаш да ја намамиш. Ако сакаш да ја освоиш треба да ја измамиш.

Како ќе знаеш дека си забавен и неодоливо интересен? Кога жени се кикотат, а машки велат дека си глуп и неинтересен.

Познавам многу лоши и расипани луѓе, а и многу добри кои тргнале по нивни памет. Се запрашав: „ Зар добар значи да нема карактер?“

Упатство за диета : Доручекот изеди го сам, ручајте заедно и не вечерајте туку заедно да си легнете.

“ Господин“ колку тоа гордо звучи, но колку ме личи?

Лесно им е на тие кои имаат лоши жени, без грижа на совест ги изневаруваат.

Швалерот се гордее затоа што спиел со туѓа жена. Да не е толку глуп би помислил дека да била арна мажот ќе си спиел со неа.

Посакуваш некоја згодна жена и пред да тргнеш да ја освоиш, замисли како сте се земале и по некое време те малтретира и стално ти наоѓа мани дека си ваков или онаков...како таа дома што ја имаш, која некогаш си ја посакал и си тргнал да ја освоиш.

Изборните реклами наместо да ми предизвикаат желба да гласам, ми предизвикуваат нагон за пцуење.

Се најавува нов пропаст на светот! Створен е вештачки вирус кој избегал од контрола и заболениот не е веќе способен да лаже. Научниците забрзано бараат лек, а светот е во паника!

Ненашминкана жена е како маж со откопчан дуќан.

Од историјата знаеме дека духовниците и хуманистите пателе, биле неразбрани, затварани и мачени. Значи духовно издигање не значи смешкање и релаксираност и без мака нема наука.

Во една песна Бора Чорба споменува дека " Za ideale ginu budale". Јас би рекол дека некогаш имаше идеали, а сега има само будали.

Малку е детски и наивен филмот кога доброто победува. Обично морничави филмови добиваат престижни награди.

Самохрана мајка е таа која не се храни по ресторани туку купува од пазари и самопослуги.

Ако сакаат да кажат дека кола е сачувана, демек жена ја возела. Додека жена открие дека нешто не е во ред со колата, таа бидна за ремонт.

Како идат годините сум поголема опасност. Можам да ограбам банка и никој нема да ме забележи, ниту ќе може да ме опише.

Олигарсите не се ништо друго од мајмуни затоа што не обрнуваат разумно внимание на ништо човечко.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот