АФОРИЗМИ 49 - ЗБУНЕТ

Go down

20110518

Пишување 

АФОРИЗМИ 49 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Зошто е добро никој да не знае кој си и каква позиција имаш? Затоа што според тие податоци ќе очекуваат така да се однесуваш и ти се ограничува слободата.

Сега и најглупавите пишуваме мудрости. Зошто ли сакаме да избегаме од глупавоста кога таа ќе ни’ остане?

Кој ѓонови лиже кога е во тесно, тој сака да си гази по широки маси кога има шанса.

Зошто во Англија има највеќе духови? Оти Енглезиве не изгледаат нишо поарно и духовиве си мислат дека се дома меѓу своите.

Во Америка има највеќе вонземци оти е собирен центар за секакви и од секаде.

Зошто Швајцарциве го измислиле часовникот? Затоа што биле неточни.

За избори се уверуваме дека иако мала земја имаме толку големи лажговци.

Лустриран ми асоцира на лустер шишан.

Обично викаме „ Ај не сме деца да се лажеме“. Па што имаме ние на власт? Деца?!

Граѓани кои земаат мала плата се малограѓани.

Лажниот брачен морал се сведува на морање во кој таа додека мора во себе си вели „ Ајде бе свињо гроктава, симни се од мене веќе“. А тој замислува друга под него колку да успее да го заврши тоа што мора.

Досадно е кога си таму каде мислиш дека не припаѓаш, а таму каде мислиш дека припаѓаш, тие не мислат дека таму припаѓаш.

Јас сум Феникс. Одам на работа и исто ко да сум умрен. Кога ќе се вратам, воскреснувам.

Кога е доцна размислуваш што требало да превземеш кога било сеуште рано затоа што би било избрзано.

За оној кој живее во отежнати услови предвиден е бенифициран животен стаж.

Некому главата служи само за шишање, некому ни за тоа.

Како се зезнав? Е па од кај да знам, прв пат ми е да живеам.

Не им е лесно ни на атрактивните жени, никој не им бара карактер.

Некој плеска, некој само ракоплеска.

Хотелски цени како каде има многу ѕвездички, услуга никаква. Тоа би бил најкраткиот опис на нашето секојдневие.

За овие пари кои најчесто се заработуваат кај нас не може да работи нормален, само обратен.

Животните убиваат за да се прехранат, мажите од забава, жените полека.

Кој срце има тој и го дарува, кој нема блефира и уценува.

Креацијата која е плод на фантазијата не ја признава тиранијата на времето и тако доаѓа до конфликт со реалноста

Спознавањето не носи радост, туку поголемо чувсто на беспомошност.Не знаев дека сум толку беден и мал.

Во разоткривањето на себе си не смееш да имаш милост и да не прифаќаш заробеници, во спротивно не дрндај наоколу дека ваква или онаква личност оти појма немаш каков си.

Што е уметност? Обично ја замислуваме како нешто снобовски и не е за широки маси. Значи колку има помалку што ја разбираат толку е поуметнички. Па, па, значи јас сум уметник.

Ждригам, прдам, крчам на спиење, пцујам - абе право мушко

За да процениш човек само слушај и гледај го и сети се кој употребувал слични зборови, реченици и гестикулации и ќе знаеш со каков си имаш работа.

Ако одиш кај женски советник, прашај црна како се заработуваат пари, а плава како се трошат.

Што прават ќосави мераклии за бркови? Пуштаат влакна од носот и ги чешлаат на страна.

Нема ништо поздрвено од возбуден маж или ладна жена.

Жените сега ги бричат пубичните влакна, но можеби подобар впечаток би створиле доколку остават еден дел, во облик на молња, на пример.

Кој е најсмешниот виц на светот? Секој кој го дознал не е е веќе меѓу нас затоа што одозгора не’ гледа и се смее.

Која е филозофијата на љубовта? Да не филозофираш многу, туку да љубиш.

Прави го тоа што го сакаш, но внимавај да не проодиш сакат од таа која те сака.

За да си овозможи добар живот, таа треба да има добри примања.

Тие кои се продлабочуваат нашироко, ја губат понентата и се вртат во круг.

Што е подобро, да плачат од тебе или за тебе? Кога плачат од тебе лошо е за другите, кога плачат за тебе лошо е за тебе.

Женските нозе се како двокрилна врата, се отвараат и двете кога треба да се внесе нешто поголемо од обично.

Како се станува успешен и убедлив говорник? Ќе земеш природно сомничава жена на која повремено ќе и’ даваш помали поводи и ќе имаш можност непрестано да се усовршуваш.

Љубовта е нежна како тоалетна хартија која може да се скине кога не треба.

Љубовта е избор, но на тој во тебе. Тебе никој не те прашува.

На таа која те сака, се’ кај тебе и’ се чини големо.

Никогаш не сум се разочарал во личност која ми значела, туку во себе, како сум можел да бидам толку глупав да дозволам да ми значи.

Има песни кои те потсетуваат на бившите...кога ништо не си разбирал од музика.

Страсна жена е слична на лута пиперка. Го зголемува апетитот, го подобрува вкусот, ама знаат и последиците да бидат полоши од обично.

И пчелата има пруги, но не е тигар. Но нема никаков доказ дека тигарот вреди повеќе од пчелата, естетиката е човечка исмислица. Тигарот има сила да убие, пчелата да створи. Јапонците се ниски по раст, но се елита на човештвото.

Трчаат по политичарите да ќарат нешто иако се нелуѓе. Но и многумина од таквите кои трчаат по нив не се ништо подобри, има да те продадат за ефтино и за најмал свој интерес.

Се чудиш или згрозуваш на постапките на некои. Значи сакаш да размислуваат како тебе. И што ќе биде од тебе кога би било така? Ќе бидеш еден од многуте.

Мажите сакаат да лежат на меко оти се тврди, а жените оти се меки можат и на под да спијат.

Јазикот е побрз од умот и затоа побрзо се снаоѓа со друг јазик од колку умот да најде сроден на него.

Колку и да се обидуваш да бидеш дискретен, ќе те извади од такт некој кретен.

“ Не се предавај, глава горе, бла, бла.“ За да не го знаеш тоа треба да си малоумен или себе си се проверува. Кога би сакал да те сослуша не би тропал глупости.

Животот е непредвидлив за лошите работи, затоа што добрите ги очекуваме дури и со години.

Ми беше речено од една личност дека имам карактерна сличност со друга личност. Обратив внимание кон таа друга личност и си реков: „ Лелее, ама е досадеен“. Ете пример како некој на дискретен начин може да ти каже дека си досаден.

Кога не сакаш да кажеш што те мачи затоа што знаеш што ќе ти биде “советувано“, се лутат затоа што сакаш да им го ускратиш задоволството да ти попуваат.

Да освојуваш женско срце е слично како да се обидуваш да демонтираш бомба за да не биде повеќе опасна за околината.

Како да добиеш "cool" фаца? Карај се и по цел ден ако треба додека не ја стекнеш потребната намрштеност.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот