АФОРИЗМИ 44 - ЗБУНЕТ

Go down

20110327

Пишување 

АФОРИЗМИ 44 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Кога гледаш порно нема ништо спорно.

Само мобилните телефонски компании вистински ја сфаќаат вредноста на пријателството и како е во интерес на нивниот профит ќе не’ натераат сите да се засакаме.

Постојат два типа на педери : Оние кои сакаат и други мажи и оние кои сакаат и други жени.

Таа која изневерува треба во УЈП да пријави дополнителни примања.

Женското “Не“ е често “ Да“, ама на почек со лизинг.

Во твојот круг сексот е бесплатен до 200 мин.

На жена не и’ се чита судбина од дланки туку од табани.

Секој човек сака да биде целосен. И затоа едната половина ја наоѓа во жената, а другата во шфалерката.

Креативноста е како дрога затоа што со секое ново дело повторно се заљубуваш во себе.

Како често нешто ме канат на некои журки, ме потсети што мислев како мал што е тоа журкање - Да седнеш со гол газ меѓу коприви.

Пази се од кучиња. Зошто после жена ти да плаче за една џукела?

Алчноста и наивноста се сестри стари моми немажени.

На што асоцира плава? На секс. А црна? Исто на секс, ама после плавата.

Машките меѓу себе се кошкаат, а женските се кокошкаат.

Не е важно што е дебил, важно чиј дебил е.

Алчност да земеш мито, вештина да не те фатат.

Обичниот човек може да направи криминал само кон својот родител. Да му го стави под хипотека тоа што го печалел цел живот.

Најсмешно во тие територијални претензии е што бедотии сакаат уште територии за да ги запустат и нив.

Некој може две работи истовремено, некој не може ни една работа истовремено.

Ти можеш се’ само ако сакаш! ...не бе ти, тој таму!

Кога е некој толку совршен, мора да е женет или криминалец.

Наместо престол подобро би било да има ВЦ шоља. Така најдобро би симболизирало се‘ што е направено и што се прави за човештвото.

Посветено љубете ги жените и градите заради понатамошна заедничка иднина.

Има клучеви, нема брава.
Има простор, нема место.
Можеш да влезеш, но никогаш нема да бидеш внатре.
Со љубов од ЕУ

Нашите желби ги слуша желбарот, но има има екстремен смисол за хумор и затоа од нашите желби прави пародија која нас ич не ни е смешна.

Верувај му на твојот партнер за неговиот префинет вкус...затоа и те одбрал тебе.

Недоразбирањата меѓу партнерите настануваат доколку не знаат како да се наместат.

Некого секаде викаат, а по некого само викаат.

Партнерите мора меѓусебно да се разликуваат за да може да се закачат меѓу себе инаку ќе лизгаат.


avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот