АФОРИЗМИ 37 - ЗБУНЕТ

Go down

20110119

Пишување 

АФОРИЗМИ 37 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Кога мажот станува сомнителен? Кога ќе почне да го подига капакот од шољата за мала нужда и го чисти сапунот од влакна.

Само оној кој не пуши, не пие, не се коцка и не иде по жени или мажи ќе се реинкарнира...затоа што ништо нема видено од животот и мора повторно да се роди.

Енергетска хармонија помеѓу двајца се добива кога едниот е оптимист, а другиот песимист. Оптимистот ќе му пружи рака на песмистот кога ќе почне да тоне, а песимистот ќе го задржи оптимистот да не падне кога ќе почне да се занесува.

Најодговорните во здравствената политика се спремаат за прослава затоа што изнајдоа решение како да ги ампутираат болните и сиромашни делови од ова друштво.

Зависта потекнува од грдотијата, а физичката грдотија е створена од психичката. Човек кој се смее не може да биде грд.

Ти си тој кој мислиш дека си, и никој не може да те разубеди.

Каде завршуваат женските нозе таму продолжува нашиот ген.

Комбинација од животинска и женска кожа асоцира на повик кон алфа мажјак. Со платно се попропустливи. Може и бета.

Жена се заљубува во оној кој и’ попушта кога не е во право.

Жена сака да знаеш што мисли без да каже додека кажува нешто безвезе.

Целта е тоа што последно се случува, а не да ја легнеш.

И насмевката кон саканата личност може да се скисели со текот на времето.

Да ги критикуваш пирамидите значи да ги критикуваш фараоните како дебили, а да ги воздигнуваш робовите кои ги граделе.

Патот до целта е поплочен со мали или големи лаги, зависно од целта.

Малку ми е чуден овој законот за пушење. Па нека седат надвор тие на кои им смета. А што ако на пушачите им сметаат непушачите?

Мала лага во право време спречува голема катастрофа.

Да даде на оној кој ќе го цени тоа, а не на некој кој ќе ја смета за една од многуте.

Да плескаш со рацете пет минути и ќе ти помодрат, а тек со нешто друго?

Обично пролетта ја памтиме по една ластовичка и првото пупење.

Среќата секому се насмевнува. Некому од срце, некому цинички.

Кај нас пазарот на трудот исклучителните ги исклучува.

Предрасуда е да мислиш дека има и чесни политичари.

Платата е како кафе. Брзо ќе го испиеш и во талогот си ја бараш иднината.

Оној кој ги смислил луѓето сега не може да ги смисли.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот